Прикажани 8 производи

Sattwa влажни марамчиња за отстранување на шминка

39 ден

За кожата да остане свежа и нежна во текот на целиот ден, треба да се грижиме за нејзината природна влажност уште при чистењето и при отстранувањето на шминката. Влажните марамчиња за отстранување шминка Sattwa лесно ги отстрануваат шминката од кожата и онечистувањата од надворешната средина, грижејки се за природната влажност на кожата.

Влажните марамчиња Sattwa во својот состав не содржат алкохол и се збогатени со Д-пантенол и со витамин Е.

Комбинацијата на вградените активни состојки во лосионот, Д-пантенол и витамин Е, обезбедува идеална нега и хидратација на кожата. Д-пантенолот ја регулира влажноста на површината на кожата и не дозволува нејзино сушење истовремено помагајки ја нејзината регенерација. Како антиоксиданс, витаминот Е ја штити кожата од надворешни влијанија и го забрзува обновувањето на оштетените делови на кожата предизвикани од дејството на слободните радикали.

Со марамчињата Sattwa, кожата е темелно исчистена од нечистотиите и од шминката.

Влажните марамчиња Sattwa се дерматолошки тестиран производ од соодветна институција во ЕУ.

Производот е дерматолошки тестиран

Sattwa regenerative night cream -10%

Sattwa регенративен крем за ноќ 55ml

447 ден

Богат хранлив крем кој и помага на кожата да ја задржи потребната влага додека организмот се одмора и да ја подобри интеграцијата на колагенот во структурата на кожата. Содржи колаген, еластин, витамин Е, Д-пантенол и масло од авокадо кои ги регенерираат клетките и на кожата и го враќаат тоа што го изгубила во текот на денот.

Производот е дерматолошки тестиран.

-15%

Becutan детски крем

98 ден180 ден

крем за интензивна нега на детската кожа по целото тело

BLACK UP Крем за сончање за лице SPF 30 50 ml

193 ден

Содржи комбинација на УВА- и УВБ-филтри, витамин Е, Д-пантенол и екстракт од алое вера. Вградените состојки овозможуваат висока заштита на лицето од УВА- и од УВБ-зраците во текот на сончањето, а истовремено ја заштитуваат кожата од изгореници и од црвенило.

УВА- и УВБ-филтрите се висококвалитетни хемиски филтри кои имаат способност да ги апсорбираат УВ-зраците и на тој начин ја заштитуваат кожата од штетните УВ-зраци. Нивното дејство е појачано со механички филтер УВА/Б со широк спектар на дејствo и е особено препорачлив за осетлива кожа.

Кремот е збогатен со екстракт од алое вера, кој ѝ дава дополнителна влажност на кожата.

Содржи Д-пантенол, којшто е моќен навлажнувач и продира сѐ до долните слоеви на кожата, и витамин Е, којшто има големо антиоксидативно дејство.

Дерматолошки тестиран.

Наменет е за сите типови кожа.

Начин на употреба: Се нанесува на сува кожа, 15 минути пред изложување на сонце и по секое капење. Може да се користи повеќе пати во текот на денот

Becutan детски крем со бадем

320 ден

Becutan детскиот крем со бадем е крем наменет за секојдневна нега на бебешката и детска кожа, чиj состав, во својата содржина, се базира на масло од бадем. 50ml,100ml,200ml

Becutan хидратантна крема -15%

Becutan хидратантна крема

115 ден149 ден

Хидратантна крема за нега на кожа 100ml и 200ml

Becutan SUN Cream Биби SPF 30, 100ml

410 ден

Becutan SUN Cream SPF 30 Bibi – Крем за сончање за деца 100мл.

Биби СПФ 30 . Се нанесува на сува кожа. Аплицирајте и после капење и потење или бришење со крпа.

 

Black Up Антипигментен крем SPF 50

799 ден

Кремот Black up со заштитен фактор 50 и со антипигментен ефект, кој е наменет за дневна нега, овозможува висока заштита на кожата од штетното УВ-зрачење при секојдневното изложување на сонце, особено во летниот период. Комплексната формулација на кремот се заснова на употреба на висококвалитетни фотостабилни хемиски УВ-филтри со широк спектар на дејство, кои ги апсорбираат сончевите УВА- и УВБ-зраци. Моќниот комплекс од активни состојки, меѓу кои нијацинамидот и екстрактот од алое вера, помага во намалувањето на големината на пигментните дамки и во спречувањето појава на нови.