Прикажани 30 производи

Sattwa влажни марамчиња за отстранување на шминка

39 ден

За кожата да остане свежа и нежна во текот на целиот ден, треба да се грижиме за нејзината природна влажност уште при чистењето и при отстранувањето на шминката. Влажните марамчиња за отстранување шминка Sattwa лесно ги отстрануваат шминката од кожата и онечистувањата од надворешната средина, грижејки се за природната влажност на кожата.

Влажните марамчиња Sattwa во својот состав не содржат алкохол и се збогатени со Д-пантенол и со витамин Е.

Комбинацијата на вградените активни состојки во лосионот, Д-пантенол и витамин Е, обезбедува идеална нега и хидратација на кожата. Д-пантенолот ја регулира влажноста на површината на кожата и не дозволува нејзино сушење истовремено помагајки ја нејзината регенерација. Како антиоксиданс, витаминот Е ја штити кожата од надворешни влијанија и го забрзува обновувањето на оштетените делови на кожата предизвикани од дејството на слободните радикали.

Со марамчињата Sattwa, кожата е темелно исчистена од нечистотиите и од шминката.

Влажните марамчиња Sattwa се дерматолошки тестиран производ од соодветна институција во ЕУ.

Производот е дерматолошки тестиран

Becutan детски сапун со лаванда 90g

34 ден

Детски тоалетен сапун со екстракт од лаванда со смирувачко дејство

BLACK UP Крем за сончање SPF 30 100 ml

269 ден

Содржи комбинација на УВА- и УВБ-филтри, масла, витамин Е, Д-пантенол и ши-путер. Овозможува долготрајна заштита на вашата кожа за време на сончањето и воедно ја штити кожата од иритации, изгореници и од исушување, притоа правејќи ја мека и еластична.

Вградените филтри овозможуваат висока заштита (СПФ 30) од штетното дејство на УВА- и на УВБ-зраците во текот на сончањето.

Присуството на витаминот Е ја подобрува хидратацијата на кожата, која е од исклучителна важност во летниот период. Исто така, со своето антиоксидативно дејство учествува во неутрализацијата на штетните слободни радикали, со што ја заштитува кожата од предвремено стареење.

Содржи комбинација на масла кои дејствуваат емолиентно (омекнувачки) и ја подoбруваат еластичноста на кожата.

Д-пантенолот дејствува хумектантно (навлажнувачки) и го спречува прекумерното губење влага од кожата за време на сончањето.

Ши-путерот е познат и уште како карите-путер. Тоа е екстракт кој содржи комбинација на сложени масти и масни киселини (арахидонска киселина, олеинска, линолна, линоленска, стераинска и цинаминска киселина). Самиот екстракт е богат и со витамините Ц, Д, А, Е и Ф. Присуството на овие витамини во производот е многу значајно за одржување здрава кожа особено кога е прекумерно изложена на сонце. Екстрактот дополнително придонесува за регенерирање на кожата, за смирување на иритациите и за подобрена хидратација на кожата, што е особено значајно за време на сончањето.

Дерматолошки тестиран.

Наменет е за сите типови кожа.

Начин на употреба: Се нанесува рамномерно на кожата половина час пред изложување на сонце и по секое капење.

Sattwa regenerative night cream -10%

Sattwa регенративен крем за ноќ 55ml

447 ден

Богат хранлив крем кој и помага на кожата да ја задржи потребната влага додека организмот се одмора и да ја подобри интеграцијата на колагенот во структурата на кожата. Содржи колаген, еластин, витамин Е, Д-пантенол и масло од авокадо кои ги регенерираат клетките и на кожата и го враќаат тоа што го изгубила во текот на денот.

Производот е дерматолошки тестиран.

-15%

Becutan детски крем

98 ден180 ден

крем за интензивна нега на детската кожа по целото тело

BLACK UP Крем за сончање за лице SPF 30 50 ml

193 ден

Содржи комбинација на УВА- и УВБ-филтри, витамин Е, Д-пантенол и екстракт од алое вера. Вградените состојки овозможуваат висока заштита на лицето од УВА- и од УВБ-зраците во текот на сончањето, а истовремено ја заштитуваат кожата од изгореници и од црвенило.

УВА- и УВБ-филтрите се висококвалитетни хемиски филтри кои имаат способност да ги апсорбираат УВ-зраците и на тој начин ја заштитуваат кожата од штетните УВ-зраци. Нивното дејство е појачано со механички филтер УВА/Б со широк спектар на дејствo и е особено препорачлив за осетлива кожа.

Кремот е збогатен со екстракт од алое вера, кој ѝ дава дополнителна влажност на кожата.

Содржи Д-пантенол, којшто е моќен навлажнувач и продира сѐ до долните слоеви на кожата, и витамин Е, којшто има големо антиоксидативно дејство.

Дерматолошки тестиран.

Наменет е за сите типови кожа.

Начин на употреба: Се нанесува на сува кожа, 15 минути пред изложување на сонце и по секое капење. Може да се користи повеќе пати во текот на денот

Becutan шампон за деца

127 ден205 ден

Becutan шампон за деца во пакување од 200ml и 400ml

Becutan Крем за сончање SPF 50 75ml

348 ден
  • содржат УВА- и УВБ–филтри, кои обезбедуваат сигурна заштита за бебешката и детска кожа од ултравиолетовите зраци.

Покрај заштитата од штетното влијание на сончевите зраци, овие производи имаат својство и да ја негуваат кожата.

Becutan Млеко за после сончање 175ml

360 ден

Млекото Becutan за по сончање (Becutan After Sun Milk) е идеално за враќање на влажноста на кожата по нејзиното изложување на сонце. Брзо се впива, а големиот процент вода што го содржи интензивно ја навлажнува кожата.

BLACK UP Масло за сончање SPF 6 150 ml

360 ден

Вградените филтри овозможуваат ниска заштита (СПФ 6) од штетното дејство на УВА- и на УВБ-зраците, а неговите дополнителни состојки, како каротенското масло, ја овозможуваат потребната нега на кожата во текот на сончањето.

Содржи масло од морков кое е богато со β-каротен, витамини А и Е и провитамин А.

Витаминот А овозможува подобрена регенерација на кожата и подобрена хидратација, што е особено важно при сончањето.

Бета-каротенот како пигмент го олеснува добивањето на бронзениот тен.

Дерматолошки тестиран.

Наменет е за сите типови кожа, но се препорачува за лица со потемен тен чијашто кожа не е лесно подложна на изгореници.

Водоотпорен.

Начин на употреба: Маслото се нанесува повеќе пати во текот на сончањето.

 

Becutan масло со лаванда – 200ml

150 ден

Збогатено со природно масло од лаванда по потекло од хрватскиот остров Хвар – традиционално познат како извор на едно од најквалитетните масла од лаванда – новото масло Becutan не содржи парфеми, а неговиот благопријатен смирувачки мирис е резултат единствено на внимателно одбраната комбинација од ароматични компоненти.

Употребата на маслото Becutan со лаванда при блага масажа по вечерното капење ќе придонесе за уште помирен сон на најмалите, чија кожа ќе ги задржи мекоста и нежниот мирис со смирувачко дејство и во текот на спиењето.

Новото масло Becutan е одличен избор и при масажи за опуштање кај возрасните, како еден од сè попопуларните начини за ослободување од секојдневниот замор и стрес.

Becutan детска витаминска маст

95 ден230 ден

Маст за секојдневна нега на бебешката кожа, особено во пределот што е покриен со пелена и во пределот каде што се формираат превои.

Becutan SUN Cream Биби SPF 50, 100ml

440 ден

Becutan SUN Cream SPF 50 Bibi – Крем за сончање за деца 100мл.

Биби СПФ 50 . Се нанесува на сува кожа. Аплицирајте и после капење и потење или бришење со крпа.

BLACK UP Крем за сончање со антицелулитен ефект 2 во 1 SPF 15 150 ml

405 ден

Кремот за сончање BLACK UP со антицелулитен ефект е идеална комбинација на активни компоненти, кои овозможуваат заштита од штетните сончеви зраци и паралелен антицелулитен ефект.

Вградените филтри овозможуваат средна заштита (СПФ 15) од штетното дејство на УВА- и на УВБ-зраците во текот на сончањето.

Присуството на витаминот Е ја подобрува хидратацијата на кожата, која е од исклучителна важност во летниот период. Исто така, со своето антиоксидативно дејство учествува во неутрализацијата на штетните слободни радикали, со што ја заштитува кожата од предвремено стареење.

Содржи комбинација на емолиенти (омекнувачи), кои ја подoбруваат еластичноста на кожата.

Присуството на хумектанси (навлажнувачи) го спречува прекумерното губење влага од кожата за време на сончањето.

Антицелулитниот комплекс има активно дејство врз целулитот и ја намалува акумулацијата на масти во поткожното ткиво.

Кремот за сончање BLACK UP со антицелулитен ефект е составен од: Природен изофлавон, добиен од зрната на соја. Тој има моќно антицелулитно дејство и го инхибира формирањето нови адипоцити (клетки специјализирани за складирање на маснотиите), па на тој начин ги намалува масните наслаги. Воедно, го забрзува создавањето на колагенот и го подобрува ефектот на затегнатост, јачина и на мазност на кожата.

Кофеин – придонесува за намалување на масните наслаги преку стимулирање на клеточниот метаболизам.

Карнитин – ги намалува масните наслаги на тој начин што го помага нивното метаболизирање и претворање до незаситени масни киселини, коишто организмот може да ги искористи. Така се блокира процесот на таложење на заситените масни киселини во клетките и формирањето масни наслаги.

Екстракт од спирулина (Spirulina platensis) – богат е со протеини, минерали и со витамини. Ја подобрува исхраната на клетките во кожата поради што таа добива ефект на затегната и цврста кожа (firming effect).

Кремот е збогатен и со состојки кои го дополнуваат ефектот на антицелулитниот комплекс и синергично дејствуваат на намалување на целулитот и на масните наслаги:

Екстракт од див костен (Aesculus hippocastanum) – ја подобрува циркулацијата на местото на апликација, што е многу битно за да се постигне добар антицелулитен ефект.

Екстракт од шимширика (Ruscus aculeatus) – се одликува со вазоконстрикторен ефект и со диуретски својства, па помага во затегнувањето на кожата и во исфрлањето на вишокот течности.

Дерматолошки тестиран.

Наменет е за сите типови кожа, но не се препорачува за лица со светол тен чијашто кожа е лесно подложна на изгореници.

Начин на употреба: Кремот се нанесува на критичните делови на кожата 30 минути пред изложување на сонце и по секое капење.

 

 

BLACK UP Млеко за сончање SPF 20 200 ml

387 ден

 

Содржи комбинација на УВА- и УВБ-филтри, масла, витамин Е и Д-пантенол. Овозможува долготрајна заштита на вашата кожа за време на сончањето и воедно ја штити кожата од иритации, изгореници и од исушување, притоа правејќи ја мека и еластична.

Вградените филтри овозможуваат средна заштита (СПФ 20) од штетното дејство на УВА- и на УВБ-зраците во текот на сончањето.

Присуството на витаминот Е ја подобрува хидратацијата на кожата, која е од исклучителна важност во летниот период. Исто така, со своето антиоксидативно дејство учествува во неутрализацијата на штетните слободни радикали, со што ја заштитува кожата од предвремено стареење.

Содржи комбинација на масла кои дејствуваат емолиентно (омекнувачки) и ја подoбруваат еластичноста на кожата.

Ши-путерот е познат и уште како карите-путер. Тоа е екстракт кој содржи комбинација на сложени масти и масни киселини (арахидонска киселина, олеинска, линолна, линоленска, стераинска и цинаминска киселина). Самиот екстрак е богат и со витамините Ц, Д, А, Е и Ф. Присуството на овие витамини во производот е многу значајно за одржување здрава кожа особено кога е прекумерно изложена на сонце. Екстрактот дополнително придонесува за регенерирање на кожата, за смирување на иритациите и за подобрена хидратација на кожата, што е особено значајно за време на сончањето.

Д-пантенолот дејствува хумектантно (навлажнувачки) и го спречува прекумерното губење влага од кожата за време на сончањето.

Дерматолошки тестиран.

Наменет е за сите типови кожа.

Водоотпорен.

Начин на употреба: Се нанесува рамномерно на кожата 20 минути пред изложување на сонце и повеќе пати во текот на сончањето.

 

BLACK UP Млеко за сончање SPF 15 150 ml

348 ден

Содржи комбинација на УВА- и УВБ-филтри, масла, витамин Е и Д-пантенол. Овозможува долготрајна заштита на вашата кожа за време на сончањето и воедно ја штити кожата од иритации, изгореници и од исушување, притоа правејќи ја мека и еластична.
Оваа комбинација на компоненти овозможува создавање лесна хидрирачка емулзија, која може лесно да се аплицира со помош на пумпичка.

Вградените филтри овозможуваат средна заштита (СПФ 15) од штетното дејство на УВА- и на УВБ-зраците во текот на сончањето.

Присуството на витаминот Е ја подобрува хидратацијата на кожата, која е од исклучителна важност во летниот период. Исто така, со своето антиоксидативно дејство учествува во неутрализацијата на штетните слободни радикали, со што ја заштитува кожата од предвремено стареење.

Содржи комбинација на масла кои дејствуваат емолиентно (омекнувачки) и ја подoбруваат еластичноста на кожата.

Д-пантенолот дејствува хумектантно (навлажнувачки) и го спречува прекумерното губење влага од кожата за време на сончањето.

Дерматолошки тестиран.

Наменет е за сите типови кожа, но не се препорачува за лица со светол тен чијашто кожа е лесно подложна на изгореници.

Водоотпорен.

Начин на употреба: Се нанесува рамномерно на кожата повеќе пати во текот на сончањето и по секое капење.

 

Becutan пудра за деца 100g

120 ден

Бекутан пудра за деца против воспаленија на бебешката кожа

Becutan масло за деца

150 ден

За нега на бебешката кожа и кожата на идните мајки

 

Becutan хидратантно млеко за деца

135 ден209 ден

Млеко за тело Becutan збогатено со состојки што брзо ја рехидратираат детската кожа по капењето и ја урамнотежуваат нејзината влажност.

Becutan детски крем со бадем

320 ден

Becutan детскиот крем со бадем е крем наменет за секојдневна нега на бебешката и детска кожа, чиj состав, во својата содржина, се базира на масло од бадем. 50ml,100ml,200ml

Becutan хидратантна крема -15%

Becutan хидратантна крема

115 ден149 ден

Хидратантна крема за нега на кожа 100ml и 200ml

Becutan SUN Cream Биби SPF 30, 100ml

410 ден

Becutan SUN Cream SPF 30 Bibi – Крем за сончање за деца 100мл.

Биби СПФ 30 . Се нанесува на сува кожа. Аплицирајте и после капење и потење или бришење со крпа.

 

Black Up Антипигментен крем SPF 50

799 ден

Кремот Black up со заштитен фактор 50 и со антипигментен ефект, кој е наменет за дневна нега, овозможува висока заштита на кожата од штетното УВ-зрачење при секојдневното изложување на сонце, особено во летниот период. Комплексната формулација на кремот се заснова на употреба на висококвалитетни фотостабилни хемиски УВ-филтри со широк спектар на дејство, кои ги апсорбираат сончевите УВА- и УВБ-зраци. Моќниот комплекс од активни состојки, меѓу кои нијацинамидот и екстрактот од алое вера, помага во намалувањето на големината на пигментните дамки и во спречувањето појава на нови.

Becutan Млекото за сончање SPF 30 175ml

476 ден
  • содржи УВА- и УВБ–филтри, кои обезбедуваат сигурна заштита за бебешката и детска кожа од ултравиолетовите зраци.

Покрај заштитата од штетното влијание на сончевите зраци овие производи имаат својство и да ја негуваат кожата.

Becutan Масло за заштита од сонце SPF 30 150ml

476 ден

Маслото Becutan SPF 30 ѝ овозможува сигурна заштита на нежната детска кожа од штетното УВ зрачење при секојдневното изложување на сонце, особено во летниот период. Комплексната формулација на маслото се заснова врз употребата на висококвалитетни УВ–филтри, кои ги апсорбираат сончевите УВА- и УВБ-зраци. Иновативната водоотпорна формула со внимателно одбрани состојки овозможува брза и лесна апсорпција на маслото, давајќи ѝ на кожата пријатно кадифено чувство при допир, без појава на мрсен сјај на нејзината површина. Заедно со витаминот Е ова масло ќе ѝ овозможи сигурна заштита на детската кожа.

BLACK UP Млеко по сончање 200 ml

309 ден

Содржи комбинација на висококавалитетни суровини: витамин Е, бисаболол и алантоин, кои интензивно ја негуваат кожата по сончањето, ја обновуваат и ја враќаат нејзината еластичност.

Присуството на витаминот Е ја подобрува хидратацијата на кожата, која е од исклучителна важност во летниот период. Исто така, со своето антиоксидативно дејство учествува во неутрализацијата на штетните слободни радикали, со што ја заштитува кожата од предвремено стареење.

Бисабололот (изолирана активна компонента од камилицата) има противвоспалителни својства, со што дополнително ја заштитува кожата од појава на иритации и на црвенила.

Д-пантенолот ја регулира влажноста на кожата и не дозволува нејзино сушење.

За мека и еластична кожа.

Дерматолошки тестиран.

За сите типови кожа, а прикладен е и за секојдневна нега на сува и чувствителна кожа.

Начин на употреба: Поголема количина од млекото се нанесува рамномерно на сува и чиста кожа по сончањето. Доколку е потребно постапката може да се повтори.

 

Becutan gift сетови со витез/принцеза

485 ден

Becutan светот на принцези и витези од неодамна е збогатен со нови гифт-сетови, кои го содржат сè она што е неопходно за секојдневна нега и заштита на детската кожа.

Во еден гифт-сет се содржани четири производи кои се наменети за:

Капење:

Шампон Becutan 200 мл.

Пенливо средство за капење Becutan 200 мл.

Хигиена и нега на кожата:

Детски крем Becutan 100 мл.

Влажни марамчиња со камилица 20/1.

Подарок детско брендирано пешкирче со ликот на витез или со ликот на принцеза.

Becutan пенливо средство за капење

127 ден210 ден

Пенливото средство за капење Becutan е благо средство наменето за нега на нежната детска кожа. Поради своите хипоалергенски својства, се препорачува за употреба уште од раѓање.