Прикажани 4 производи

MARISOL FRESH 50ML

283 ден

Marisol fresh sprej раствор за нос е раствор од морска сол, збогатен со етерско масло од еукалиптус. Наменет е за оние лица кај кои е отежната правилната физиолошка функција на носната слузокожа, како и за секојдневно одржување на хигиената на носната шуплина. Marisol fresh растворот ја враќа природната влажност на носната слузокожа, способноста за самопрочистување и нормална продукција на слуз која ја штити од сушење и механички надразнувања (чад, прав итн.). Ја подобрува проодноста и го олеснува циркулирањето на воздухот низ горните дишни патишта, а тоа е особено корисно при настинка, грип, како и кај проблемите со синуси. Растворот е збогатен со етерично масло од еукалиптус кое дејствува антисептично, го ублажува отокот на носната слузокожа и помага при инфекции на горните дишни патишта.

MARISOL JET СПРЕЈ ЗА НОС 120 ml

382 ден

Marisol Jet е хипертоничен спреј за нос со морска вода која доаѓа од заливот Канкал во Франција и се одликува со исклучително висока чистота и квалитет (Класа А). Marisol Jet претставува целосно природен деконгестив кој овозможува механичко чистење и ослободување на горните дишни патишта, како и намалување на отокот на мукозните мембрани.

Процент на натриум-хлорид во Marisol Jet спрејот е 2,2%.

Marisol jet е 100% природен, на база на морска вода богата со минерали, без конзерванси. Има силен деконгестивен ефект, благодарение на хипертоничните својства. Ја навлажнува и регенерира назалната слузница и со испирање ги отстранува алергените и честичките од надворешната средина кои доведуваат до иритација.  Marisol jet има ергономски апликатор кој овозможува едноставно и комфорно користење.

Marisol Jet со деликатно распрскување може да се користи секојдневно и погоден е за примена кај бебиња веќе од 3 месеци и за деца.

MARISOL STRONG JET СПРЕЈ ЗА НОС, 120...

366 ден

Marisol Strong Jet е хипертоничен спреј за нос на база на морска вода , природно богата со минерали,  со потекло од заливот Канкал во Франција, прочуена по својот висок квалитет и исклучителната чистота ( Класа А ). Marisol Strong Jet претставува целосно природен назален деконгестив кој овозможува механичко чистење и ослободување на горните дишни патишта, како и намалување на отокот на мукозните мембрани.

Marisol Strong Jet е 100% природен, и без конзерванси, додека со посебни технолошки постапки е овозможено да најважните благотворни својства на природната морска вода бидат целосно зачувани. Има силен деконгестивен ефект, благодарение на хипертоничните својства. Ја навлажнува и регенерира назалната слузокожа, и со испирање ги отстранува алергените и честичките од надворешната средина, кои доведуваат до иритација. Marisol Strong Jet има ергономски апликатор кој овозможува едноставно и комфорно користење.

Marisol Strong Jet со распрснувањето со  оптимална јачина и млаз во вид на глејзер може да се користи секојдневно и е погоден за примена кај деца од 3 години и возрасни.  Процентуално натриум-хлорид во Marisol Strong Jet-от е 2,2%.

MARISOL HYPERTONICA 50ml

283 ден

Marisol hypertonica спреј раствор за нос е хипертоничен раствор кој се одликува со единствена содржина на морска сол. Концентрацијата на сол во овој раствор соодветствува со салинитетот на морската вода. Бидејќи растворот е од хипертоничен тип, содржи повеќе сол во споредба со човековите физиолошки течности. Овој тип на раствор по примената врз отечена носна слузокожа брзо и ефикасно ја “извлекува”, т.е. дренира водената содржина, при што отокот на слузокожата брзо се намалува и дишењето се олеснува. Дренирањето настанува како резултат на осмотскиот ефект на хипертоничниот раствор. Наменет е за лица кај кои е отежната нормалната физиолошка функција на носната слузокожа. Marisol hypertonica растворот брзо ги олеснува тегобите кај затнатиот нос, а притоа не постојат ограничувања во однос на долготрајноста на неговата примена, бидејќи не ја оштетува слузокожата на носната шуплина и не доведува до појава на толеранција.