Прикажување еден резултат

BOSNA Lynase nasal spray 30 ML.

334 ден
  • LYNASE® хипертоничен спреј за нос збогатен со лизозим, се препорачува кај затнат нос кај секоја особа која е на возраст над 1 година.
  • LYNASE® хипертоничен спреј во контакт со слузницата во носот делува така што активно го извлекува вишокот на вода од мукозните мембрани, со што се намалува отокот во носната слузница. Освен тоа, LYNASE® хипертоничниот спреј го разредува густиот, леплив секрет во носот, ја чисти носната шуплина од прашина, загадување, алергени, микроорганизми.

LYNASE® хипертоничниот спреј е единствен спреј за нос кој е збогатен со лизозим – состојка од природно потекло, која се создава по природен пат во носниот секрет и претставува најважен фактор во природниот имунитет во носот.

  • Лизозимот во носната шуплина функционира така што ги забрзува движењата и ја стимулира активноста на епителните ресички (цилии), кои помагаат во чистењето на носната шуплина од насобраниот секрет со што се олеснува дишењето
  • Лизозимот во носот делува антибактериски, антивирусно, антиалергиски, имуномодулаторно, противвоспалително, делува прорегенеративно, на начин што ја забрзува регенерацијата на оштетената носна слузница.

LYNASE® хипертоничниот спреј за нос се препорачува:

  • Кај затнат нос, каде постои отежнато дишење за време на настинка (вирусен ринитис), алергиски ринитис, синуситис или грип
  • Во случај кога класичните деконгестиви* се контраиндицирани (на пр. болести на штитната жлезда, висок крвен притисок, болести на срцето, шеќерна болест)
  • За подобрување на ефикасноста на класичните деконгестиви и намалување на времетраењето на нивното користење

LYNASE® спрејот нема ограничување во должината на употреба, бидејќи, благодарение на составот од природно потекло, не создава зависност ниту предизвикува несакани дејства.

*Деконгестиви се лекови кои го намалуваат отокот на слузницата на носот, непроодноста на носот, како и нелагодното и обилно воденесто истекување на секрет.
Пакување: 30 мл