Прикажани 3 производи

Aqua Maris Strong Nasal Spray, 30 ml

220 ден

Aqua Maris Strong назален спреј е хипертонична морска вода која има благотворно дејство на слузницата на горниот респираторен тракт. Поради содржината на сол, прочистената морска вода Aqua Maris® Strong го отстранува вишокот течност од мукозните мембрани на носот, а со тоа го намалува нејзиниот оток и го олеснува дишењето. Бидејќи Aqua Maris® Strong ја поддржува физиолошката состојба на мукозната мембрана и нема никакви системски ефекти, може безбедно да се користи и од деца, како и од бремени жени и доилки и постари лица.

  • Погоден за возрасни и деца над 3 години
  • 100% природен спреј за нос
  • Содржи силна прочистена морска вода
  • Обезбедува долготрајна нега

Aqua Maris Classic Спреј за нос, 30ml

210 ден

Прочистена, изотонична морска вода од Јадранско море со природни минерали наменета за секојдневна хигиена на носот кај деца, возрасни, бремени жени и доилки.

  • Ја чисти и навлажнува слузницата на носот

BOSNA Lynase nasal spray 30 ML.

334 ден
  • LYNASE® хипертоничен спреј за нос збогатен со лизозим, се препорачува кај затнат нос кај секоја особа која е на возраст над 1 година.
  • LYNASE® хипертоничен спреј во контакт со слузницата во носот делува така што активно го извлекува вишокот на вода од мукозните мембрани, со што се намалува отокот во носната слузница. Освен тоа, LYNASE® хипертоничниот спреј го разредува густиот, леплив секрет во носот, ја чисти носната шуплина од прашина, загадување, алергени, микроорганизми.

LYNASE® хипертоничниот спреј е единствен спреј за нос кој е збогатен со лизозим – состојка од природно потекло, која се создава по природен пат во носниот секрет и претставува најважен фактор во природниот имунитет во носот.

  • Лизозимот во носната шуплина функционира така што ги забрзува движењата и ја стимулира активноста на епителните ресички (цилии), кои помагаат во чистењето на носната шуплина од насобраниот секрет со што се олеснува дишењето
  • Лизозимот во носот делува антибактериски, антивирусно, антиалергиски, имуномодулаторно, противвоспалително, делува прорегенеративно, на начин што ја забрзува регенерацијата на оштетената носна слузница.

LYNASE® хипертоничниот спреј за нос се препорачува:

  • Кај затнат нос, каде постои отежнато дишење за време на настинка (вирусен ринитис), алергиски ринитис, синуситис или грип
  • Во случај кога класичните деконгестиви* се контраиндицирани (на пр. болести на штитната жлезда, висок крвен притисок, болести на срцето, шеќерна болест)
  • За подобрување на ефикасноста на класичните деконгестиви и намалување на времетраењето на нивното користење

LYNASE® спрејот нема ограничување во должината на употреба, бидејќи, благодарение на составот од природно потекло, не создава зависност ниту предизвикува несакани дејства.

*Деконгестиви се лекови кои го намалуваат отокот на слузницата на носот, непроодноста на носот, како и нелагодното и обилно воденесто истекување на секрет.
Пакување: 30 мл