Воспаление е локален заштитен одговор на организмот настанат од повреда или оштетување на ткивата кој има за цел да го уништи, разреди или отстрани причинителот и оштетеното ткиво.

Прикажување еден резултат

KONJSKI BALSAM 200ml

245 ден

Quick Konjski balsam е производ формулиран на база на природни состојки. Во себе содржи етерични масла од нане и еукалиптус, кои на местото на примената доведуваат до подобрување на циркулацијата, опуштање на мускулите и ублажување на воспаленијата. Високиот процент на ментолот придонесува за засилено пријатно чувство на ладење на местото на примена и за олеснување на ревматските тегоби. Формулацијата е потполнета со додаток на пантенол, кој ја негува, хидрира и епителизира кожата.
Благодарение на синергетскиот ефект на активните состојки, Quick Konjski balsam помага при болки во мускулите, слаба подвижност на зглобовите, шинување, истегнување и при сите спортски повреди. Поради своето стимулативно дејствување на локалната циркулација, Quick Konjski balsam ги олеснува тегобите од проширени вени, го отстранува чувството на уморни и тешки нозе и ја смалува можноста за појава на грчеви. Се препорачува негова примена за масажи во текот или по спортските активности.
Quick Konjski balsam по нанесувањето на кожата, дава долготрајно и пријатно чувство на ладење. Не ја масти кожата и не остава леплива трага на местото на примена.