Прикажани 6 производи

Kiberg Vitamix Multivitamins A-Z 30 tablets

290 ден

Витамикс Мултивитамин А – З е додаток во исхраната со 25 активни состојки во една капсула за одржување на оптимален нутритивен баланс. Тој е дополнителен извор на есенцијални витамини, минерали, како и антиоксиданси (лутеин, ликопен) важни за одржување на виталноста и доброто здравје. За ваша благосостојба – VITAMIX MULTIVITAMIN A – Z.

Galenika Vitamin C 500mg за Недостаток на...

95 ден

Витаминот Ц е најважниот антиоксиданс растворлив во вода. Учествува во спречување на оксидација на штетниот или LDL-холестеролот. Ги штити пушачите од штетните ефекти на оксидативниот стрес. Витаминот Ц придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем. Неопходен е за создавање на колаген и други делови од сврзното ткиво, како и за калцификација на коските и забите. Ја подобрува апсорпцијата на железо.

Betavitevit B таблети пивски квасец со додаток...

170 ден

Бетавитевит Б таблетите се формулирани врз основа на пивски квасец збогатен со витамини од Б комплексот (Б1, Б2, Б6) и витамин Ц.

Пивскиот квасец е извор на природни витамини од Б-комплексот, есенцијални амино киселини, протеини, минерали, олигоелементи, глутатион и нуклеински киселини. Поволно делува на нервниот систем, на здравјето на црниот дроб, очите и срцето. Благодарение на присуството на фолна киселина, придонесува за подобра апсорпција на железото, со што се спречува анемија. Ја помага работата на органите за варење, го регулира балансот на цревната флора, го елиминира запекот и го зголемува апетитот. Го помага метаболизмот на шеќерот преку подобрување на дејството на инсулинот и чувствителноста на клеточните рецептори на инсулин, што доведува до стабилизирање на нивото на шеќер во крвта и негово подобро искористување како извор на енергија. Поволно делува на физичкиот и психичкиот развој, па затоа се препорачува за деца.

Витамините од Б комплексот се неопходни за правилно функционирање на нервниот систем, снабдување на телото со енергија, одржување на здравјето на кожата, косата и ноктите. Тие имаат значајна улога во метаболизмот на мастите, јаглехидратите и протеините.

Витаминот Ц игра важна улога во создавањето на колаген и регенерацијата на клетките на кожата, во процесите на оксидација-намалување (елиминација на слободните радикали) и придонесува за зајакнување на имунитетот.

Galenika Oligogal Цинк + Витамин Ц, 30...

313 ден

Цинкот и витаминот Ц се моќни антиоксиданси кои можат да ги заштитат клетките и ткивата од оштетување предизвикано од нападите на слободните радикали. Антиоксидантните својства на цинк и витамин Ц можат да придонесат за зајакнување на имунитетот, отпорност и подобра општа состојба на телото.

Galenika Pantenol + Vitamin C 20 пастили

141 ден

Пантенол со витамин Ц пастилите се употребуваат за ублажување на потешкотиите настанати после помали повреди или изгореници како и за стимулирање на регенерацијата на слузницата на усната шуплина, грлото, јазикот и непцата при надразнување од различно потекло (тутунски дим, смог).

Galenika Oligovit 30 Таблети Додаток за Исхрана

329 ден

Олиговит филм обложените таблети се комбинација на 10 витамини и 10 најпотребни минерали. Oлиговит филм обложените таблети можат да ги задоволат зголемените потреби на организмот за витамини и минерали како и да се надокнади нивниот недостаток во исхраната (еднолична исхрана, диета, алкохолизам). Витамините и минералите кои влегуваат во состава на Олиговит филм обложените таблети можат да допринесат за зголемување на отпорноста на организмот кон болестите, за растење, развој и нормално функционирање, на организмот, бидејќи непосредно учествуваат во биохемиските процеси.