Прикажани 3 производи

SFD Nutrition Omega3 капсули

570 ден

Омега 3 од рибино масло

РУСКИ БАЛЗАМ 200ML

312 ден

Ruski балзам е производ формулиран врз база на капсаицин, изолиран од плодот на лута пиперка, која покажува локално антиинфламаторно дејство. На местото на нанесување, ја подобрува циркулацијата што доведува до зголемување на локалниот проток на крвта предизвикувајќи пријатно чувство на загревање.

Ruski балзам масажер се користат за ублажување на мускулно-скелетните болки, напнатоста и вкочанетоста на зглобовите, проследени со отоци. Помага кај остеоартрозата, спортските повреди, грчеви на мускулите, вкочанет врат и болки во грбот (лумбален синдром). Поради долготрајниот топлотен ефект, помага кај сите ревматични заболувања кои се посебно изразени во поладниот дел од годината.

Масажата дополнително ја подобрува стимулацијата на рецепторите, а со самото тоа ја подобрува и прокрвавеноста на ткивото и ја забрзува елиминацијата на токсичните производи од мускулите и околното ткиво. Затоа посебно се препорачува примената на Ruski балзам со масажер, бидејќи со загревање на болното место во комбинација со локална масажа, се постигнува потенцијација на дејствата на капсаицинот, но и позитивно влијае на мускулниот тонус на воспалената регија и ја стимулира миорелаксацијата.

Cali Vita Super Soya Lecithin, 100 капсули

1,526 ден

Лецитинот од сојата помага во одржувањето на нормалното ниво на масти во крвта и адекватната циркулација, го штити црниот дроб и ја помага неговата функција. Лецитинот има извонредна важност во одржувањето на менталната свежина, концентрацијата и учењето, како и борбата против мозочната старост. Лецитинот е позната липотропна материја – ги намалува мастите во крвта.

За кого се препорачува?
– за намалување на нивото на мастите во крвта,

– за лица со ревматски проблеми,

– за зачувување на менталната свежина кај повозрасни лица,

– кај спортисти и лица кои извршуваат тешка физичка работа, за подобра циркулација и заштита на зглобовите.