Прикажани 2 производи

KHAN YAKI Ревматски фластер

28 ден

Хан Јаки е перфориран фластер којшто содржи капсаицин (супстанца изолирана од топли пиперки) која покажува долгорочна термална активност. На местото на примена, ја зголемува температурата на кожата и предизвикува зголемен проток на крв со зголемено црвенило кое доведува до пријатно чувство на топлина. Се користи како локален агенс за олеснување на болката, напнатоста и вкочанетоста во мускулите, зглобовите и коските. Најчесто се користи за олеснување на болката во долниот дел на грбот (лумбален синдром) и за помош при вкочанетост на зглобовите на колената, рацете, рамената (остеоартроза). За поинтензивно чувство на топлина, местото третирано со фластер треба дополнително да се загрее.

 

РУСКИ БАЛЗАМ 200ML

312 ден

Ruski балзам е производ формулиран врз база на капсаицин, изолиран од плодот на лута пиперка, која покажува локално антиинфламаторно дејство. На местото на нанесување, ја подобрува циркулацијата што доведува до зголемување на локалниот проток на крвта предизвикувајќи пријатно чувство на загревање.

Ruski балзам масажер се користат за ублажување на мускулно-скелетните болки, напнатоста и вкочанетоста на зглобовите, проследени со отоци. Помага кај остеоартрозата, спортските повреди, грчеви на мускулите, вкочанет врат и болки во грбот (лумбален синдром). Поради долготрајниот топлотен ефект, помага кај сите ревматични заболувања кои се посебно изразени во поладниот дел од годината.

Масажата дополнително ја подобрува стимулацијата на рецепторите, а со самото тоа ја подобрува и прокрвавеноста на ткивото и ја забрзува елиминацијата на токсичните производи од мускулите и околното ткиво. Затоа посебно се препорачува примената на Ruski балзам со масажер, бидејќи со загревање на болното место во комбинација со локална масажа, се постигнува потенцијација на дејствата на капсаицинот, но и позитивно влијае на мускулниот тонус на воспалената регија и ја стимулира миорелаксацијата.