Прикажани 2 производи

MARISOL IMUNO 50ML

283 ден

Marisol imuno спреј раствор за нос е изотоничен раствор од морска сол, збогатен со цинк. Наменет е лица кај кои е отежната правилната физиолошка функција на носната слузокожа, како и за секојдневно одржување на хигиената на носната шуплина. Marisol imuno растворот ја враќа природната влажност на носната слузокожа, способноста за самопрочистување и нормална продукција на слуз која ја штити од сушење и механички надразнувања (чад, прав итн.). Цинкот содржан во растворот е олигоелемент кој ги смирува воспалителните просцеси на ниво на слузокожата на носот и дејствува антиоксидативно. Цинкот е важен фактор за одржување на сетилата за вкус и мирис. Со редовно испирање на носната шуплина, неколку пати дневно, се намалува можноста за инфекција на горните дишни патишта.

MARISOL ECTOIN 50ML

439 ден

Marisol Ectoin спреј раствор за нос е изотоничен раствор на морска сол со ектоин. Наменет е за лица кај кои е отежната физиолошката функција на носната слузокожа, како и за одржување на секојдневна хигиена на носната шуплина, особено во сезона на алергии. Благодарение на ектоинот на сигурен и ефикасен начин ги ублажува симптомите на алергиски ринитис и ја штити носната слузокожа од алергени од надворешната средина. Ектоин е природна супстанца која се добива од микроорганизми (екстремофили) кои живеат во многу неповолни услови (висока температура, УВ зрачење, притисок, салинитет). На така неповолни услови од средината, екстремофилите реагираат со лачење на ектоин, кој ги стабилизира клетките, го штити имуниот систем на кожата и остварува долготраен ефект на хидратација. Ја штити слузокожата на носот од иританси, алергени, делува цитопротективно, ги намалува воспаленијата и ја штити слузокожата од сушење.