Прикажани 5 производи

Sixth sense AHA_BHA cream -40%

Sixth Sense АХА/БХА крема 50 ml

402 ден

SIXTH SENSE АХА/БХА кремата претставува уникатна моќна формула која ги отстранува мртвите клетки на кожата, го чисти себумот внатре во порите, овозможува хидратација и помага во ревитализација на кожата без сјај. АХА/БХA кремата содржи алфа хидрокси киселини (АХА) активни состојки како што се екстракт од јаболко, екстракт од лимон, црна боровница, шеќерна трска, екстракт од листови од грозје кои го ексфолираат кератинизираниот слој на епидермисот. АХA киселините се ефикасен ексфолијант кој забрзано ќе ги обнови епидермалните клетки. Има способност нежно да ги отстрани мртвите клетки и останатите нечистотии во кожата, но во исто време се зголемува производството на колаген и глукозаминогликани, молекули кои формираат компоненти на сврзното ткиво. 2% BХA салицилната киселина ги
отстранува нечистотиите и себумот насобран во порите на кожата. Има спoсособност да навлезе во најпроблематичните пори на кожата за длабоко чистење, ги намалува порите, го отстранува вишокот на себум и ја намалува појавата на акни и митесери. Оваа моќна формула содржи активни состојки како што се aзиска центела, алое вера екстракт, зелен чај, камилица, пантенол, витамин Е и алантоин кои овозможуваат хидратација, ја смируваат и омекнуваат кожата.

Sixth sense dry and normal skin cream -40%

Sixth Sense Крема за сува и нормална...

402 ден

Дневената крема за нормална и сува кожа е збогатена со природни состојки кои се од витално значење за здравата кожа, како што се бадемово масло, маслиново масло, невеново масло, сончогледово масло, алантоин, витамини и 5% уреа за измазнување на сувите делови. Оваа уникатна комбинација од природни состојки брзо ги враќа природните нивоа на влажност на кожата и дава помазна и посјајна кожа. Дневната крема за нормална и сува кожа ја храни кожата и дава свилена мекост, совршена влажност и го намалува ризикот од алергиски реакции.

Sixth sense antirid cream -40%

Sixth Sense Крема против стареење и брчки...

402 ден

Кремата против стареење и брчки содржи Ретинол кој може да помогне во зголемување на влажноста на кожата, а во исто време го ревитализира надворешниот слој на кожата, за да изгледа и се чувствува помека и помазна. Природната и хранлива формула е подготвена да и помогне и да ја заштити кожата, како и да ги намали брчките. Оваа крема помага во борбата против знаците на стареење на кожата со видливо намалување на појавата на брчките и помага да се зголеми цврстината на кожата. Природниот ,, еликсир на младоста”е создаден од комбинација на внимателно одбрани активни компоненти кои овозможуваат хидратација, регенерација и спречување на појавување на брчки:
ретинол, сончогледово масло, јојоба, маслиново масло, соја масло, витамин Ц, витамин Е и Д- пантенол.

Sixth sense combined skin cream -40%

Sixth Sense Крема за комбинирана кожа 40...

402 ден

Дневата крема за комбинирана кожа е специјално направена со природни состојки кои се од витално значење за здравата кожа, како што се сончогледово масло, масло од невен, јојоба, масло од семки од грозје, витамин Е, quillaja saponaria extract и aлое вера.Оваа уникатна комбинација на природни состојки брзо делува на неколку начини да се спротивстави на формирањето на акни, таа може да ги разгради наслагите на себум и да помогне да се отстрани блокадата во порите. Кремата дејствува анти-воспалително и ја смирува воспалената кожа. Дневната крема за комбинирана кожа ја зголемува влажноста и мазноста на кожата, значително го намалува себумот на кожата и е направена да го минимизира ризикот од алергиска реакција.

Sixth sense oily skin cream -40%

Sixth Sense Крема за масна кожа 40...

402 ден

Дневата крема за мaсна кожа е специјално направена со природни состојки кои се од витално значење за здравата кожа, како што се рицинусово масло, сончогледово масло, масло од семки од грозје, јојоба, витамин Е, Алое вера. Оваа уникатна комбинација на природни состојки брзо делува на неколку начини да се спротивстави на формирањето на акни, таа може да ги разгради наслагите на себум и да помогне да се отстрани блокадата во порите. Кремата дејствува анти-воспалително и ја смирува воспалената кожа. Дневната крема за масна кожа ја зголемува влажноста и мазноста на кожата, значително го намалува себумот на кожата и во целост интензитетот на акните. Кремата е направена да го минимизира ризикот од алергиска реакција и има антибактериско дејство.