Прикажани 3 производи

BLACK UP Крем за сончање SPF 30...

269 ден

Содржи комбинација на УВА- и УВБ-филтри, масла, витамин Е, Д-пантенол и ши-путер. Овозможува долготрајна заштита на вашата кожа за време на сончањето и воедно ја штити кожата од иритации, изгореници и од исушување, притоа правејќи ја мека и еластична.

Вградените филтри овозможуваат висока заштита (СПФ 30) од штетното дејство на УВА- и на УВБ-зраците во текот на сончањето.

Присуството на витаминот Е ја подобрува хидратацијата на кожата, која е од исклучителна важност во летниот период. Исто така, со своето антиоксидативно дејство учествува во неутрализацијата на штетните слободни радикали, со што ја заштитува кожата од предвремено стареење.

Содржи комбинација на масла кои дејствуваат емолиентно (омекнувачки) и ја подoбруваат еластичноста на кожата.

Д-пантенолот дејствува хумектантно (навлажнувачки) и го спречува прекумерното губење влага од кожата за време на сончањето.

Ши-путерот е познат и уште како карите-путер. Тоа е екстракт кој содржи комбинација на сложени масти и масни киселини (арахидонска киселина, олеинска, линолна, линоленска, стераинска и цинаминска киселина). Самиот екстракт е богат и со витамините Ц, Д, А, Е и Ф. Присуството на овие витамини во производот е многу значајно за одржување здрава кожа особено кога е прекумерно изложена на сонце. Екстрактот дополнително придонесува за регенерирање на кожата, за смирување на иритациите и за подобрена хидратација на кожата, што е особено значајно за време на сончањето.

Дерматолошки тестиран.

Наменет е за сите типови кожа.

Начин на употреба: Се нанесува рамномерно на кожата половина час пред изложување на сонце и по секое капење.

BLACK UP Крем за сончање за лице...

193 ден

Содржи комбинација на УВА- и УВБ-филтри, витамин Е, Д-пантенол и екстракт од алое вера. Вградените состојки овозможуваат висока заштита на лицето од УВА- и од УВБ-зраците во текот на сончањето, а истовремено ја заштитуваат кожата од изгореници и од црвенило.

УВА- и УВБ-филтрите се висококвалитетни хемиски филтри кои имаат способност да ги апсорбираат УВ-зраците и на тој начин ја заштитуваат кожата од штетните УВ-зраци. Нивното дејство е појачано со механички филтер УВА/Б со широк спектар на дејствo и е особено препорачлив за осетлива кожа.

Кремот е збогатен со екстракт од алое вера, кој ѝ дава дополнителна влажност на кожата.

Содржи Д-пантенол, којшто е моќен навлажнувач и продира сѐ до долните слоеви на кожата, и витамин Е, којшто има големо антиоксидативно дејство.

Дерматолошки тестиран.

Наменет е за сите типови кожа.

Начин на употреба: Се нанесува на сува кожа, 15 минути пред изложување на сонце и по секое капење. Може да се користи повеќе пати во текот на денот

Lea SUN крем за сончање SPF30

195 ден

Состав:
Содржи природен She Butter, бадемово масло, D-panthenol, витамин Е.
Хипоалергичен
Водоотпорен
Со 100% минерални фотостабилни филтри за заштита од штетното влијание на сончевите зраци и појава на алергиски реакции.

Употреба:
За нормална и осетлива кожа
За лице и тело

Пакување: 100 ml