Прикажани 6 производи

BIODERMA Photoderm MAX Crème SPF 50+ 40ml

1,085 ден

Многу висока заштита од сонце со кремаста текстура.

-Овозможува многу висока УВА/УВБ заштита
-Ја активира природната одбрана на кожата и штити од ризик од оштетување на клетките
-Се бори против предвремено стареење на кожата
-Идеален за чувствителна сува кожа, многу светла кожа со пеги, кожа изложена на максимална сончева светлина
-Кремаста текстура, не мрсна, без бели траги
Одлична подносливост – Некомедогено- Без парфем- Отпорно на вода

BLACK UP Крем за сончање SPF 30...

269 ден

Содржи комбинација на УВА- и УВБ-филтри, масла, витамин Е, Д-пантенол и ши-путер. Овозможува долготрајна заштита на вашата кожа за време на сончањето и воедно ја штити кожата од иритации, изгореници и од исушување, притоа правејќи ја мека и еластична.

Вградените филтри овозможуваат висока заштита (СПФ 30) од штетното дејство на УВА- и на УВБ-зраците во текот на сончањето.

Присуството на витаминот Е ја подобрува хидратацијата на кожата, која е од исклучителна важност во летниот период. Исто така, со своето антиоксидативно дејство учествува во неутрализацијата на штетните слободни радикали, со што ја заштитува кожата од предвремено стареење.

Содржи комбинација на масла кои дејствуваат емолиентно (омекнувачки) и ја подoбруваат еластичноста на кожата.

Д-пантенолот дејствува хумектантно (навлажнувачки) и го спречува прекумерното губење влага од кожата за време на сончањето.

Ши-путерот е познат и уште како карите-путер. Тоа е екстракт кој содржи комбинација на сложени масти и масни киселини (арахидонска киселина, олеинска, линолна, линоленска, стераинска и цинаминска киселина). Самиот екстракт е богат и со витамините Ц, Д, А, Е и Ф. Присуството на овие витамини во производот е многу значајно за одржување здрава кожа особено кога е прекумерно изложена на сонце. Екстрактот дополнително придонесува за регенерирање на кожата, за смирување на иритациите и за подобрена хидратација на кожата, што е особено значајно за време на сончањето.

Дерматолошки тестиран.

Наменет е за сите типови кожа.

Начин на употреба: Се нанесува рамномерно на кожата половина час пред изложување на сонце и по секое капење.

BLACK UP Крем за сончање за лице...

193 ден

Содржи комбинација на УВА- и УВБ-филтри, витамин Е, Д-пантенол и екстракт од алое вера. Вградените состојки овозможуваат висока заштита на лицето од УВА- и од УВБ-зраците во текот на сончањето, а истовремено ја заштитуваат кожата од изгореници и од црвенило.

УВА- и УВБ-филтрите се висококвалитетни хемиски филтри кои имаат способност да ги апсорбираат УВ-зраците и на тој начин ја заштитуваат кожата од штетните УВ-зраци. Нивното дејство е појачано со механички филтер УВА/Б со широк спектар на дејствo и е особено препорачлив за осетлива кожа.

Кремот е збогатен со екстракт од алое вера, кој ѝ дава дополнителна влажност на кожата.

Содржи Д-пантенол, којшто е моќен навлажнувач и продира сѐ до долните слоеви на кожата, и витамин Е, којшто има големо антиоксидативно дејство.

Дерматолошки тестиран.

Наменет е за сите типови кожа.

Начин на употреба: Се нанесува на сува кожа, 15 минути пред изложување на сонце и по секое капење. Може да се користи повеќе пати во текот на денот

Lea SUN крем за сончање SPF30

195 ден

Состав:
Содржи природен She Butter, бадемово масло, D-panthenol, витамин Е.
Хипоалергичен
Водоотпорен
Со 100% минерални фотостабилни филтри за заштита од штетното влијание на сончевите зраци и појава на алергиски реакции.

Употреба:
За нормална и осетлива кожа
За лице и тело

Пакување: 100 ml

BLACK UP Крем за сончање со антицелулитен...

405 ден

Кремот за сончање BLACK UP со антицелулитен ефект е идеална комбинација на активни компоненти, кои овозможуваат заштита од штетните сончеви зраци и паралелен антицелулитен ефект.

Вградените филтри овозможуваат средна заштита (СПФ 15) од штетното дејство на УВА- и на УВБ-зраците во текот на сончањето.

Присуството на витаминот Е ја подобрува хидратацијата на кожата, која е од исклучителна важност во летниот период. Исто така, со своето антиоксидативно дејство учествува во неутрализацијата на штетните слободни радикали, со што ја заштитува кожата од предвремено стареење.

Содржи комбинација на емолиенти (омекнувачи), кои ја подoбруваат еластичноста на кожата.

Присуството на хумектанси (навлажнувачи) го спречува прекумерното губење влага од кожата за време на сончањето.

Антицелулитниот комплекс има активно дејство врз целулитот и ја намалува акумулацијата на масти во поткожното ткиво.

Кремот за сончање BLACK UP со антицелулитен ефект е составен од: Природен изофлавон, добиен од зрната на соја. Тој има моќно антицелулитно дејство и го инхибира формирањето нови адипоцити (клетки специјализирани за складирање на маснотиите), па на тој начин ги намалува масните наслаги. Воедно, го забрзува создавањето на колагенот и го подобрува ефектот на затегнатост, јачина и на мазност на кожата.

Кофеин – придонесува за намалување на масните наслаги преку стимулирање на клеточниот метаболизам.

Карнитин – ги намалува масните наслаги на тој начин што го помага нивното метаболизирање и претворање до незаситени масни киселини, коишто организмот може да ги искористи. Така се блокира процесот на таложење на заситените масни киселини во клетките и формирањето масни наслаги.

Екстракт од спирулина (Spirulina platensis) – богат е со протеини, минерали и со витамини. Ја подобрува исхраната на клетките во кожата поради што таа добива ефект на затегната и цврста кожа (firming effect).

Кремот е збогатен и со состојки кои го дополнуваат ефектот на антицелулитниот комплекс и синергично дејствуваат на намалување на целулитот и на масните наслаги:

Екстракт од див костен (Aesculus hippocastanum) – ја подобрува циркулацијата на местото на апликација, што е многу битно за да се постигне добар антицелулитен ефект.

Екстракт од шимширика (Ruscus aculeatus) – се одликува со вазоконстрикторен ефект и со диуретски својства, па помага во затегнувањето на кожата и во исфрлањето на вишокот течности.

Дерматолошки тестиран.

Наменет е за сите типови кожа, но не се препорачува за лица со светол тен чијашто кожа е лесно подложна на изгореници.

Начин на употреба: Кремот се нанесува на критичните делови на кожата 30 минути пред изложување на сонце и по секое капење.

 

 

Heliocare fluid cream SPF 50 за нормална...

979 ден

Единствена формулација, наменета за фото-имуно-заштита од штетното дејство на UVA и UVB зраците на сонцето, наменета за нормална кон масна, акноична кожа. Благодарение на FERNBLOK антиоксидансите и активаторите, гелот ја обновува, храни и заштитува кожата. Едновремено се спречува стареењето на кожата. Не ја суши кожата. Хипоалерген, некомедоген. Без парфеми. Состав: Обележан на амбалажата