Коските и зглобовите се делови од нашето тело кои овозможуваат да се движиме. Овде имате избор на препарати на природна база кои ја намалуваат болката, ги дополнуваат хранливите материи кои се потребни за одржување на здрава структура на коските и зглобовите или делуваат превентивно да не би се појавило нарушување на системот за движење со што би се здржал квалитетот секојдневното функционирање.

Прикажани 20 производи

Alpi Fresh Крем-гел со екстракт од ѓаволски...

237 ден

Екстрактот од јужноафриканскиот ѓаволски нокт има докажано антиинфламаторно, антиревматско, аналгетско и седативно дејство. Ја нормализира циркулацијата на крвта. Се користи за ревматизам, гихт, мијалгија, лумбаго а особено за артритис. Докажано е дека дејството на ноктот на ѓаволот го намалува отокот и болката во воспалените зглобови и ја зголемува нивната подвижност. Нежното триење го подобрува ефектот на производот – мускулите се релаксираат, чувството на напнатост исчезнува. Се чувствувате освежено и опуштено. Содржи пантенол и глицерин кои ја хранат и навлажнуваат кожата.

KHAN YAKI Ревматски фластер

28 ден

Хан Јаки е перфориран фластер којшто содржи капсаицин (супстанца изолирана од топли пиперки) која покажува долгорочна термална активност. На местото на примена, ја зголемува температурата на кожата и предизвикува зголемен проток на крв со зголемено црвенило кое доведува до пријатно чувство на топлина. Се користи како локален агенс за олеснување на болката, напнатоста и вкочанетоста во мускулите, зглобовите и коските. Најчесто се користи за олеснување на болката во долниот дел на грбот (лумбален синдром) и за помош при вкочанетост на зглобовите на колената, рацете, рамената (остеоартроза). За поинтензивно чувство на топлина, местото третирано со фластер треба дополнително да се загрее.

 

Dr. Nature Супер витамин K2+D3 – 60...

970 ден

Додаток во исхраната со природен витамин К2 од натто и природен витамин D3 од планински лишаи

Состав: природен витамин К2 (менахинон) од ферменирана соја (натто), природен витамин D3 извлечен од планински диви лишаи (холекалциферол), филери – малтодекстрин и микрокристелна целулоза, агенс против слепување – магнезиум стеарат.

Препорачана дневна доза: 1 таблета со 200 ml вода.

Kiberg Curarti Attack за Вашите Зглобови и...

299 ден

Curarti Attack (8.400 mg конвенционален куркумин):

Блистер со 7 таблети | Содржина за 7 дена – 1 таблета на ден

Најмоќниот природен антиинфламатор, аналгетик, заштитник на желудникот и антиоксиданс на пазарот. Иновативната формулација на Curarti® Complexed Curcumin овозможува да се постигне концентрација на куркумин која е 45 пати поголема од сличните производи на пазарот

ЕРБАГИЛ TENDIVAL Емулгел

937 ден

Иновативен производ за трауматска, артритична, ревматска болка
Делува на флогоза, ехимоза, едем, мускулни и тетивни лезии

Maxi Vita Здрави зглобови – 30 капсули

665 ден

Додаток во исхраната

Состав: глукозамин сулфат 2KCL, хондроитин сулфат, магнезиум стеарат, L-аскорбинска киселина, колаген, холекалциферол, желатин, титаниум диоксид.

Начин на употреба и дневна препорачана доза: возрасни по 1 капсула, по јадење со доволно количество течност.

Stolz Крем балсам со глукозамин – 250...

1,325 ден

Иновативна формула! Специјална грижа за здрави и подвижни зглобови!

Глукозаминот игра клучна улога во формирањето и оддржувањето на телесните сврзни ткива како што се рскавиците, коските, зглобовите, лигаментите и сл.. Со годините се намалува производството на глукозамин во организмот, што доведува до појава на болки, отоци и вкочанување на зглобовите. За тоа е потребно глукозаминот дополнително да се внесува во телото, а еден од начините е преку најголемиот човечки орган- кожата во форма на крем-балсам. Глукозаминот многу брзо се апсорбира преку кожата и претставува идеална активна компонента за возобновување на составните ткива на зглобовите. Тој го стимулира производството на синовијална течност во зглобовите,
обезбедува нивно лесно движење, а истовремено служи и како градивна единица на рскавиците. Благодарение на скапоцените етерични масла како маслата од еукалиптус, камфор и сибирска ела, крем-балсамот има смирувачки ефект и длабински продира во кожата. Наменет е за секојдневна грижа при болки во различни делови на телото: половината, грбот, вратот, екстремитетите, рамењата итн. Крем-балсамот има антивоспалителен и антисептичен ефект.

Kiberg Curarti Colagtium За Здрави Зглобови и...

664 ден

Куркума за вашите зглобови

Колаген во 1 капсула

морски колаген

Овомет ®

Curarti ® комплексен куркумин

Хијалуронска киселина

Витамин Ц

Презентација

30 капсули од зеленчук

Здравствени тврдења

Содржи витамин Ц, кој придонесува за нормално формирање на колаген за нормално функционирање на ‘рскавицата, коските и кожата.

Содржи куркума, која помага во одржување на здравјето на зглобовите и коските.

Dr. Nature Глукозамин 1100 – 90 таблети

1,460 ден

Додаток во исхраната со Глукозамин!

Состав:  глукозамин сулфат (глукозамин), полнители микрокристална целулоза, хидроксипропил метилцелулоза, поливинилпиролидон, поливиниполипиролидон агенси против слепување силициум диоксид, магнезиум стеарат, агенс за глазура хидроксипропил метилцелулоза, талк во прав, полиетиленгликол, магнезиум стеарат.

Начин на употреба: по 1 таблета дневно со 200 ml вода.

Stolz Крем со лековита кал, чили и...

680 ден

Природна комбинација со благо загревачко дејство наменета за смирување на болките во мускулите и коските по тешка физичка активност или хронични болки. Лековитата кал на природен начин ја потхранува и регенерира кожата. Екстрактот од еукалиптус има освежувачко, смирувачко, противвоспалително дејство и ја ублажува болката во мускулите, а екстрактот од чили загрева и ги блокира рецепторите за болка.

Stolz Мечкин гел балсам со алпски билки...

905 ден

Моќен загревачки гел-балсам кој обезбедува пријатна и смирувачка топлина при болки!

Моќен загревачки гел-балсам кој обезбедува пријатна и смирувачка топлина при болки во грбот, мускулите, половината и уморните екстремитети. Погоден е за масажи. Ја смирува болката и напнатоста, ја подобрува подвижноста на зглобовите и ја стимулира периферната циркулација. Исто така погоден е за смирување на артритични и реуматични болки. Мечкиниот гел балсам делува брзо и ефикасно!Важно! Да се нанесе тенок слој врз здрава кожа. да не се нанесува врз иритирана и оштетена кожа, заради неговиот моќен загревачки ефект!

Stolz Коњски гел балсам

640 ден1,020 ден

Уникатен традиционален германски рецепт со билки кој ја смирува болката и напнатоста!

Дејство: Се препорачува за проширени вени, испукани капилари, уморени и отечени нозе, артритис, ревматизам и сл. Ја смирува болката и напнатоста, ја стимулира циркулацијата на крвта, има разладувачки ефект, ги хидратира ткивата и остава чувство на олеснување.

 

Health Aid Serrapeptase 60 000IU капсули

1,115 ден

Serrapeptidase претставува протеолитички ензим кој се добива од свилената буба. За да излезе свилената буба од својот кожурец, го користи сопствениот протеолитички ензим serrapeptidase. Протеолитичкиот ензим има значајна улога во разградбата на некротичните ткива без да предизвика оштетување на здравото, неоштетено ткиво. Ги разложува интермедијерните воспалителни содржини и дејствува на нив.

Kiberg Artron Active за Здрави Коски и...

759 ден

ЗГЛОБОВИ, ТКИВА И ‘РСКАВИЦИ

Jа поддржува структурата на зглобовите, обвивките на зглобовите и тетивите
поволно влијае на активноста на мускулно -скелетниот систем
помага да се зајакне и изгради ткивото на ‘рскавицата
придонесува за природна регенерација на ткивата
придонесува за развој на коскеното ткиво и за одржување на нормална течност во зглобовите

Прочитајте го внимателно целото упатство, бидејки содржи важна информација за Вас. Зачувајте го упатството. Може ке има потреба да го прочитате повторно.

Ако имате потреба од дополнителна информација или совет, прашајте го Вашиот фармацевт.

Kiberg Curati Forte Здрави Коски и ‘Рскавици

1,008 ден

Куркума за вашите зглобови

При хронични состојби

Curarti® Forte, дозата на Curarti® Complexed Curcumin што

ги одржува зглобовите во добра состојба.

30 филм-обложени таблети

Здравствени тврдења:

Содржи витамин Ц, кој придонесува за нормално формирање на колаген за нормална функција на ‘рскавицата и коските, а исто така придонесува за намалување на замор и слабост.

Kiberg Curarti Complex за Здрави Зглобови и...

1,502 ден

Прашок, 280 g со вкус на лимон

Додаток во исхрана

Куркумин за вашите зглобови.

Еквивалент на 60.000 mg од Curcuma longa

Ензиматичен хидролизиран колаген

 

Здрави зглобови и убава кожа

Содржи куркумин кој помага во одржување на зглобовите и коските.

Содржи Витамин Ц, кој помага во нормалното формирање на колаген, за нормална функција на рскавицата, коските и кожата.

Kiberg Topartroz кесички за здрави зглобови и...

578 ден

Благодарение на оптимална содржина на глукозамин (Топартроз) производот Топартроз:

• придонесуваат за ублажување на болката и намалување на воспалението во зглобовите;
• ја подобруваат функцијата на скелетот и отпорноста на ‘рскавичното ткиво;
• го потпомагаат обновувањето и изградбата на зглобната ‘рскавица;
• ја забавуваат дегенерацијата на ‘рскавичното ткиво;
• имаат одлична подносливост и недостаток на несакани секундарни ефекти;

Производот Топартроз се апсорбира многу брзо во гастроинтестиналниот тракт поради начинот на прием ( растворлив пијалок) и навлегуваат лесно во зглобната ‘рскавица .

Stolz Загревачки крем балсам – 250 ml

490 ден

Ублажете ги болките во половината и зглобовите!

Крем-балсамот обезбедува пријатна и смирувачка топлина при болки во грбот, мускулите, половината и при уморни нозе. По нанесување продира длабински во кожата и умерено ги загрева мускулите и зглобовите. Ги смирува болката и напнатоста, ја подобрува подвижноста на зглобовите и ја стимулира периферната циркулација. По нанесување на гел балсамот рацете треба да се измијат.

Stolz Маст со арника – 250 ml

588 ден

Традиционален рецепт со масло од арника при мускулни и ревматски болки!

Маста се употребува при мускулни и ревматски болки, артритис, вкочанетост на зглобови, шилци и грчеви. Ја намалува болката при спортски повреди- исчашување, модринки, истегнување на лигаменти или мускули и сл.

Stolz Крем со црн гавез – 250...

755 ден

Уникатна старинска рецепта со силно смирувачко дејство!

Екстрактот од корен од гавез има силно дејство при болки во зглобови од различно потекло: хронични и дегенеративни заболувања, трауми, артритис, ревматизам, гихт и сл. Содржи алантоин кој ги забрзува регенеративните процеси и помага за побрзо зарастување на раните.