Коските и зглобовите се делови од нашето тело кои овозможуваат да се движиме. Овде имате избор на препарати на природна база кои ја намалуваат болката, ги дополнуваат хранливите материи кои се потребни за одржување на здрава структура на коските и зглобовите или делуваат превентивно да не би се појавило нарушување на системот за движење со што би се здржал квалитетот секојдневното функционирање.

Прикажани 4 производи

Vitar Collagen forte plus -20%

Maxi Vita Колаген форте плус – 60...

872 ден

Добро познатата револуционерна формула со 3 вида колаген – ја спречува болката и трошењето на зглобовите!

Постојат различни видови на колаген, кој се наоѓа не само во кожата, туку и во нашите коски, ‘рскавица, заби и сврзно ткиво. Го стимулира растот на косата и ноктите и влијае на работата на цревата. Помага во елиминирање на токсините и отпадните производи. Затоа, колагенот е важен за целото тело. Овој протеин игра клучна улога во речиси сите структури на зглобовите и ткивата. Обезбедува зглобовите да останат флексибилни и помалку да се „трошат“ со текот на времето.

Со текот на годините, производството на колаген во нашето тело се намалува, па косата и ноктите стануваат потенки и кршливи, сврзното ткиво слабее, кожата се опушта и брчка, а зглобовите стануваат понеподвижни. Како што старееме, општата функција на нашето тело станува сè поограничена. Па, како можеме да го внесеме овој клучен колаген во телото? Дали треба да пиеме колаген по одредена возраст? И ако е така, во каква форма и како точно делува колагенот одвнатре?

Колагенот ни е потребен за:
✅ здравјето на кожата и нејзината еластичност;
✅ за ноктите, косата и забите;
✅ за зглобовите и коските;
✅ за црниот дроб;
✅ за кардиоваскуларниот систем;
✅ за подобар метаболизам;
✅ за јакост на мускулатурата и нејзина виталност;

Додаток во исхрана

Состав: 1 капсула содржи колаген тип 2, колаген тип 1, колаген пептиди, екстракт од босвелија, витамин С (L-аскорбинска киселина), сорбитол, магнезиум стеарат, желатин, титаниум диоксид.

Начин на употреба: се препорачува по 1 капсула на ден по јадење со доволно течност.

Maxi Vita Калциум, магнезиум, цинк, витамини D3...

340 ден

За блескава насмевка, здрави коски и активни мускули!
Одлична комбинација од минерали и витамини, кои што помагаат за одржување на здравјето на коските и забите.
VITAR ги препорачува за: проблеми со коските и забите, остеопороза, остеопенија, скршеници, трауми, тенко влакно, кршливи нокти.

Maxi Vita Активни зглобови – 30 капсули

665 ден

Го враќа здравјето и еластичноста на зглобовите, го подобрува движењето!
Глукозаминот и хондроитинот се составен дел на зглобовите, од кои што зависи нивното нормално
функционирање. Нивното намалување доведува до дисбаланс на метаболичките процеси и нарушување на количеството на синовијалната течност – природен подмачкувач на зглобовите. Колагенот го подржува остео-мускуларниот систем, го снабдува со материи кои ја подобруваат функцијата на зглобовите, коските, тетивите, мускулите, кожата.
VITAR ги препорачува за: болки и проблеми во зглобовите, коските, тетивите, рскавицата, мускулите. Вкочанетост и абење на зглобовите, дегенеративни и воспалителни заболувања на остео-мускуларниот
систем.

Maxi Vita Здрави зглобови – 30 капсули

665 ден

Додаток во исхраната

Состав: глукозамин сулфат 2KCL, хондроитин сулфат, магнезиум стеарат, L-аскорбинска киселина, колаген, холекалциферол, желатин, титаниум диоксид.

Начин на употреба и дневна препорачана доза: возрасни по 1 капсула, по јадење со доволно количество течност.