Коските и зглобовите се делови од нашето тело кои овозможуваат да се движиме. Овде имате избор на препарати на природна база кои ја намалуваат болката, ги дополнуваат хранливите материи кои се потребни за одржување на здрава структура на коските и зглобовите или делуваат превентивно да не би се појавило нарушување на системот за движење со што би се здржал квалитетот секојдневното функционирање.

Прикажани 11 производи

Health Aid MagCitra 1900mg таблети

1,162 ден

MagCitra e високо апсорбирачки Магнезиум цитрат од 1900 mg. Производот овозможува оптимална поддршка за нормално функционирање на мускулите и нервниот систем, а придонесува и за цврстината на коските и забите.

Health Aid Uriprinol, 60 таблети

1,480 ден

Uriprinol таблетите претставуваат уникатна комбинација на есенцијални витамини и внимателно одбрани билни екстракти, со докажан ефект во намалувањето на штетните концентрации на урична киселина и можат да бидат од голема помош кај пациентите кои боледуваат од ГИХТ. Може да помогне во одржување на нормално ниво на урична киселина, може да ја намали болката во зглобовите, посебно во стапалата кое е и предоминантно место за ГИХТ и делува инхибиторно на инфламаторниот процес.

Health Aid Calmagzinc со изофлавони и бор...

1,120 ден

Calmagzinc обезбедува три важни минерали кои се специјално формулирани да делуваат синергетски за подобро да се апсорбираат и да бидат ефикасни. Калциумот и магнезиумот, играат важна улога во развојот и одржувањето на нормални коски. Цинкот е неопходен елемент кој е потребен за широк спектар на функции во организмот и помага да се поддржи здрав имунолошки систем. Формулацијата е збогатена со соја изофлавони и бор кои придонесуваат за правилно ресорбирање и искористување на калциумот како и нормален развој на коските и мускулите.

Health Aid Vitamin D3 2000IU 120 таблети

1,278 ден

Витаминот Д се смета за исклучително важен фактор за одржување на здравјето. Витаминот Д, делува како регулатор на имунолошкиот систем, стимулира различни видови на бели крвни клетки да се борат со бактерии, вируси или клетки на рак, но истовремено може да спречи прекумерно создавање на воспалителни цитокини. Витаминот Д може да биде многу корисен во справување со алергии и автоимуни болести. Исто така, спречува продолжени или прекумерни воспалителни реакции поврзани со многу здравствени состојби, вклучително и автоимуни болести. Витаминот Д може да биде многу ефикасен во борбата против грип или настинка. Ја зголемува нашата способност да се бориме против хронично воспаление и инфекции. Може да има неверојатни здравствени придобивки во врска со метаболизмот на мастите, имунитетот, вирусни инфекции, здравјето на дишните патишта, здравјето на коските, кардио-васкуларното здравје, нивото на гликоза во крвта и двата типа на дијабетес, хормонална рамнотежа, атлетски перформанси, здравје на кожата, расположение, здравје на зглобовите, стареење, мигрена, сон и многу други аспекти на здравјето и разни состојби.

Health Aid Atrotone таблети за зглобови

1,399 ден

Atrotone таблетите се формулација која обезбедува уникатна комбинација на висококвалитетен глукозамин, хондроитин сулфат, зеленоусна школка во прав колаген тип II, екстракт од куркума, манган, МСМ кои овозможуваат продолжено дејство. Формулацијата е дополнета со манган кој овозможува нормално функционирање на коските. Погоден е за мажи и жени од сите возрасти.

 

Health Aid Celadrin 550mg 60 капсули

1,435 ден

Celadrin капсулите се направени од специјална масна киселина која се вика целадрин, естерифицирана (хемиски сменета во состојка наречена естер), која може да биде побиорасположлива, целосно искористлива.

Health Aid Serrapeptase 60 000IU капсули

1,115 ден

Serrapeptidase претставува протеолитички ензим кој се добива од свилената буба. За да излезе свилената буба од својот кожурец, го користи сопствениот протеолитички ензим serrapeptidase. Протеолитичкиот ензим има значајна улога во разградбата на некротичните ткива без да предизвика оштетување на здравото, неоштетено ткиво. Ги разложува интермедијерните воспалителни содржини и дејствува на нив.

Health Aid Hyalurovit 30 таблети

1,433 ден

Health Aid Hyalurovit таблетите содржат Хиалуронска киселина, состојка која природно се содржи во ткивата на телото, каде со текот на стареењето таа се разложува. Витаминот Ц придонесува за нормално формирање на колаген, за нормално функционирање на кожата, непцата, коските и зглобовите.

Состав: Hyaluronic Acid, Bulking Agent (dibasic calcium phosphate, micro crystalline cellulose), Vitamin C (ascorbic acid), Anti-caking Agent (stearic acid, magnesium stearate).

Health Aid Vitamin D3 5000IU 30 капсули

1,070 ден

Витаминот Д3 е витамин растворлив во масти кој придонесува за нормална функција на имуниот систем, апсорпција / искористување на калциум и фосфор, одржување на нормални коски, нормална функција на мускулите, одржување на нормални заби и исто така придонесува за нормално ниво на калциум во крвта. Заедно со калциумот, витаминот Д исто така помага при намалување на загубата на минералите во коските кај жени во пост-менопауза.

Vitamin D3 5000 iu капсулите во 1 капсула содржи:

Активна супстанција: Витамин Д3 5000 iu (125µг) (холекалциферол)

Помошни супстанции: Агенс за зголемување на волумен (мелтодекстрин), обвивка на капсулата (целулоза од зеленчук).

Health Aid Osteovit 60 таблети

1,026 ден

Osteovit таблетите се специјално формулирани со помош на специјална мешавина од калциум, балансирана со витамини и минерални за да се обезбеди производ кој ќе овозможи синергистички максимална апсорпција и користење од страна на организмот. Калциумот е од суштинско значење за коскените структури, а витаминско-минералниот комплекс дава нутритивна поддршка.

Health Aid Osteoflex Plus таблети

1,380 ден

Osteoflex® Plus таблети се уникатна комбинација на висококвалитетен глукозамин, хондроитин сулфат и хијалуронска киселина, кој овозможува продолжено дејство. Формулацијата е дополнета со витамин Ц кој поддржува нормално формирање на колаген, а и манган кој овозможува нормално функционирање на сврзното ткиво. Погоден е за мажи и жени од сите возрасти.