Прикажување еден резултат

Anima Strath

1,128 ден2,623 ден

АНИМА СТРАТ
Додаток во исхраната за сите видови животни.
Без вештачки произведени адитиви, 100% природно.

Состав:
Плазмолизиран растителен квасец, екстракт од слад, сок од портокал, природен мед.

Во изминатите години, научните истражувања доведоа до заклучок дека клетката на квасците содржи значајна количина и неверојатна комбинација на битни состојки: Протеини, масти, јаглехидрати, витамини, минерали, елементи во трагови, аминокиселини и ензими. Со специјален производствен процес, клетките на квасците ( Saccharomyces cerevisiae) се комбинираат со билки и се доведуваат во течна состојба преку ферментација (плазмолиза). На овој начин, сите состојки од клетката на квасецот се ослободуваат на природен начин, па сите витални состојки можат целосно да бидат апсорбирани од организмот.

Анима Страт е направен ексклузивно од природни сирови материјали, произведени во уникатен биолошки процес. Внимателно е избегнато загревањето за да се зачуваат вредните и деликатни био-хемиски состојки како што се витамините , ензимите итн.

Позитивниот ефект на Анима Страт е докажан и потврден преку опсежно научно истражување спроведено во Швајцарскиот универзитетски истражувачки институт, како и во странство.