Alkaloid Бил-ол капки
165 ден
Капките Бил-ол претставуваат течен раствор наменет за инхалација, , којшто како активна компонента содржи мешавина од ментол и испарливи етерични масла. Топлата пареа од Бил-ол ја влажни надразнетата слузница на дишните патишта и помага за смирување на кашлицата предизвикана од дразнење на грлото, душникот и на бронхиите.
Етеричните масла и ментолот во капките Бил-ол имаат противбактериско, противвоспалително, спазмолитично (против грчеви), аналгетично (против болка) и експекторантно (за искашлување/ исплукување) дејство.
Капките Бил-ол се препорачуваат:
- за олеснување на симптомите на настинка;
- при воспаление на слузницата на носот и на синусите;
- при затнатост на горните дишни патишта;
- за олеснување на искашлувањето на густиот секрет;
- за олеснување на симптомите на главоболка.