Анемија е состојба на организмот кога има намалена дистрибуција на кислород до ткивата. Оваа состојба може да биде предизвикана од разни фактори како на пр. слаба исхрана (нутритивна анемија), нагло губење на големо количество на крв (хеморагична анемија), изложување на индустриски токсини, болести на коските (апластична и хипопластична анемија) и тн. Затоа, пред третманот е важно да се дијагностицира од што е предизвикана состојбата како би се одредил соодветен третман и би се направил избор на соодветен препарат.

Прикажување еден резултат

Now P-5-P 50 mg / 90 капсули

1,570 ден

P-5-P  (пиридоксал-5-фосфат) претставува супериорна активна форма на витамин Б6 (пиридоксин), чија конверзија настанува во црниот дроб. Лесно се апсорбира од телото и почнува да делува речиси веднаш штом ќе се внесе. Постојат неколку форми на витамин Б6 кои се сметаат за пиридоксин-витамери, но само P-5-P има активна коензимска улога. Го контролира метаболизмот на амино киселините, помага во производството на невротрансмитери и е кофактор за повеќе од 150 ензими во нашето тело.

Кога се зема како дневен додаток, P-5-P  го подобрува глукокортикоидното дејство, кое има природен антиинфламаторен потенцијал, со што го зајакнува имунолошкиот систем. Помага во варење на храната со разградување на мастите, протеините и јаглехидратите и го поттикнува создавањето на црвени крвни зрнца. Овие важни процеси се од суштинско значење и помагаат да се одржи целокупното здравје на поединецот.