Лепенките Urimil Forte Neuro се најновиот член на семејството Уримил – кое претставува цел спектар на научно формулирани производи препорачани од специјалисти за невропатска болка.
Тие се производ за локална примена и можат да се употребуваат и во акутни и во хронични состојби кои ги опфатаат нервите, мускулите, зглобовите и тетивите.
Лепенките Urimil Forte Neuro се изработени од неткаен материјал со биокомпатибилна, удобна и неиритирачка површина, натопена со синергистичка комбинација од 5 активни состојки:
- Уридин монофосфат
- Екстракт од арника (Arnica Montana)
- Екстракт од ѓаволски нокт (Harpagophytum Procumbens)
- Метилсулфонилметан (dimethyl sulfone)
- Магнезиум (магнезиум хлорид)
Производот е создаден по технологија која обезбедува постепено ослободување на активните состојки во текот на 24 часа, насочени кон:
- намалување на воспалението
- стимулација на циркулацијата на крвта и процесите на опоравување
- обезбедување ефект на затоплување и подобрување на удобноста во погодената регија
лепенките Urimil Forte Neuro можат да се употребуваат сами и/или во комбинација со Urimil Gel, во тој случај двата производи взаемно го надополнуваат и го подобруваат нивниот ефект и добивате синергија од непосредното дејство на гелот и долготрајниот ефект на лепенките.
Нивната големина од 8 х 14 см ги прави погодни за лепење на големи површини на телото како што се половината и грбот, а доколку се потребни за лекување на помала површина, лепенката има можност да се преполови.
Карактеристики:
- Локална апликација
- Продолжено 24-часовно дејство
- Природни состојки
- Комбинација на 5 добро проучени комплементарни активни супстанции
- Природни состојки
- Брз и траен ефект на затоплување
- Дискретни, не се гледаат под облеката
- Флексибилни и немасни, лесни за нанесување
- Со лесна и пријатна арома
- Удобни, биокомпатибилни со кожата
- Нивната големина е 8 х 14 см, со можност за преполовување доколку е потребно за да се покрие помала површина
- Произведени во Холандија
Начин на употреба:
- Измијте ги рацете темелно со вода и сапун пред да нанесете лепенка Urimil Forte Neuro. Исчистете ја кожата за да отстраните нечистотија, лосиони или масла и исушете ја кожата со крпа.
- Отстранете го заштитниот слој на лепенката и нанесете ја со лепливата страна врз кожата. Користете ги прстите за да бидете сигурни дека лепенката е цврсто нанесена на кожата. Не треба да има нерамни места или набори.
- По апликацијата, проверете дали кесичката е затворена за да ги зачувате преостанатите лепенки.
Нанесете една лепенка Уримил Форте Неуро дневно.
Лепенките не се масни и се лесни за нанесување. Тие се флексибилни и не се видливи под облеката. Пријатната и слаба арома на лепенката нема да предизвика продорна миризба.
Пакување: 7 лепенки со големина 14 x 8 см
Предупредување: Не ги употребувајте во случај на алергија на која било од состојките / Само за надворешна употреба; Производот е наменет за еднократна употреба / Избегнувајте контакт со очите / Не ставајте ги на отворени рани или оштетена кожа / Прекинете ја употребата во случај на преосетливост или иритација / Да се чува подалеку од дофат на деца.
Овој производ нема коментари.