Производи кои содржат Витамини од групата Б (витамин Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, Б7, Б9 и Б12 како посебни или како комбинирани препарати. Витамините од оваа група се важни за многубројни процеси во организмот како на пр: клеточен метаболизам, синтеза на црвени крвни клетки (спречување анемија) и тн. Индикациите и начинот на земање на одреден витамин од оваа група можете да ги прочитате во описот на секој производ посебно. Сите производи се достапни за онлајн нарачка со бесплатна достава.

Прикажани 3 производи

NOW Vitamin B-2 100mg/100 капсули

770 ден

Производство на енергија
Рибофлавин
Витамин Б-2, исто така познат како рибофлавин, е член на семејството на Б-витамини. Природно е присутен во зелениот зеленчук, црниот дроб, бубрезите, пченичните ‘ркулци, млекото, јајцата, сирењето и рибата. Рибофлавинот е важен ензимски кофактор неопходен за производство на енергија од јагленохидрати, масти и протеини. Исто така е потребен и за регенерација на глутатион, кој ги поддржува природните механизми на организмот за одбрана и системите за детоксикација.

Galenika Витамин Б6 20mg

136 ден

Активна состојка на таблетите Бедоксин е пиридоксин хидрохлорид, кој е витамин Б6. Има значителна улога во метаболизмот, првенствено на аминокиселините, но и јаглехидратите и мастите, како и при создавањето на хемоглобинот.

Се користи кога постои недостаток на витаминот Б6 во организмот и за лекување на идиопатски сидеробластни анемии, состојба во која црвените крвни зрнца неправилно се формираат.

Пиридоксинот исто така може да се користи во лекувањето на оштетените нерви (периферен невритис) предизвикан од употребата на лекот изониазид кој се користи при лекување на туберколоза.

Пакување: 20 таблети

NOW B-1 100mg x100 таблети

760 ден

-Здравје на нервниот систем
-Поддржува производство на енергија
-Здрави нервни ткива