Производи кои содржат Витамини од групата Б (витамин Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, Б7, Б9 и Б12 како посебни или како комбинирани препарати. Витамините од оваа група се важни за многубројни процеси во организмот како на пр: клеточен метаболизам, синтеза на црвени крвни клетки (спречување анемија) и тн. Индикациите и начинот на земање на одреден витамин од оваа група можете да ги прочитате во описот на секој производ посебно. Сите производи се достапни за онлајн нарачка со бесплатна достава.

Прикажување еден резултат

Good Nature Релакс Б3 /Б6 – Чајна...

92 ден

ЗА ОПУШТЕН, БАЛАНСИРАН И ХАРМОНИЧЕН ДЕН

Чајот Релакс Б3 /Б6 претставува мешавина од специјално одбрани билки, која е збогатена со

витамините Б3 и Б6 , што ја прави одличен додаток во вашиот ритуал за релаксација во секој дел од

денот.

Цветот од лаванда и цветот од липа придонесуваат за релаксација на целото тело, додека, пак,

листот од матoчина придонесува за нормално когнитивно и ментално здравје, има релаксирачки

ефект и придонесува за квалитетен и за мирен сон.

Витамините Б3 и Б6 придонесуваат за нормална фунција на нервниот систем.

Оваа билна мешавина содржи цвет од камилица, лист од маточина (27 %), цвет од липа (13 %),

цвет од лаванда (13 %) и природна арома која содржи витамин Б3 и витамин Б6.

Co 1 просечна порција = 200 ml приготвен чај ќе внесете 15 % од препорачаното дневно внесување

на витамините Б3 и Б6 .

Чајот Релакс Б3 /Б6 е секогаш добредојден за вас и за вашето тело, а може да се консумира топол

или студен во кој било момент кога ви се потребни спокој и релаксација.