Витамини и минерали со најдобар квалитет на нашиот пазар за одржување и подобрување на Вашето здравје и имунитет. Производите можете да ги нарачате онлајн. Секоја нарачка е со бесплатна достава.

Прикажани 9 производи

Kiberg Vitamix Multivitamins A-Z 30 tablets

290 ден

Витамикс Мултивитамин А – З е додаток во исхраната со 25 активни состојки во една капсула за одржување на оптимален нутритивен баланс. Тој е дополнителен извор на есенцијални витамини, минерали, како и антиоксиданси (лутеин, ликопен) важни за одржување на виталноста и доброто здравје. За ваша благосостојба – VITAMIX MULTIVITAMIN A – Z.

Galenika Витамин Б6 20mg

136 ден

Активна состојка на таблетите Бедоксин е пиридоксин хидрохлорид, кој е витамин Б6. Има значителна улога во метаболизмот, првенствено на аминокиселините, но и јаглехидратите и мастите, како и при создавањето на хемоглобинот.

Се користи кога постои недостаток на витаминот Б6 во организмот и за лекување на идиопатски сидеробластни анемии, состојба во која црвените крвни зрнца неправилно се формираат.

Пиридоксинот исто така може да се користи во лекувањето на оштетените нерви (периферен невритис) предизвикан од употребата на лекот изониазид кој се користи при лекување на туберколоза.

Пакување: 20 таблети

KRKA B-complex, 60 таблети

195 ден

Б-комплекс содржи витамини од Б групата кои го помагаат метаболизмот на јаглехидратите, мастите и протеините. Недостатокот на еден од овие витамини или зголемената потреба за истиот, исто така предизвикува потреба и за другите витамини од оваа група. Според тоа, доколку се појават знаци на недостаток на некој витамин од Б групата, треба да се зема целиот Б витамински комплекс.

Betavitevit B таблети пивски квасец со додаток...

170 ден

Бетавитевит Б таблетите се формулирани врз основа на пивски квасец збогатен со витамини од Б комплексот (Б1, Б2, Б6) и витамин Ц.

Пивскиот квасец е извор на природни витамини од Б-комплексот, есенцијални амино киселини, протеини, минерали, олигоелементи, глутатион и нуклеински киселини. Поволно делува на нервниот систем, на здравјето на црниот дроб, очите и срцето. Благодарение на присуството на фолна киселина, придонесува за подобра апсорпција на железото, со што се спречува анемија. Ја помага работата на органите за варење, го регулира балансот на цревната флора, го елиминира запекот и го зголемува апетитот. Го помага метаболизмот на шеќерот преку подобрување на дејството на инсулинот и чувствителноста на клеточните рецептори на инсулин, што доведува до стабилизирање на нивото на шеќер во крвта и негово подобро искористување како извор на енергија. Поволно делува на физичкиот и психичкиот развој, па затоа се препорачува за деца.

Витамините од Б комплексот се неопходни за правилно функционирање на нервниот систем, снабдување на телото со енергија, одржување на здравјето на кожата, косата и ноктите. Тие имаат значајна улога во метаболизмот на мастите, јаглехидратите и протеините.

Витаминот Ц игра важна улога во создавањето на колаген и регенерацијата на клетките на кожата, во процесите на оксидација-намалување (елиминација на слободните радикали) и придонесува за зајакнување на имунитетот.

Sanct Bernhard Coenzim Q10 plus – 150...

4,890 ден

Додаток во исхрана

Состав: магнезиум карбонат, желатин, коензим Q10 (12%), ниацин, витамин Е сукцинат, агенс –  малтодекстрин, калциум D пантонтенат, агенс против стврднување – магнезиум стеарат, силициум диоксид, витамин В2, витамин В6 хидрохлорид, витамин В1 мононитрат, фолна киселина, натриум селенит, биотин, витамин В12.

Начин на употреба: 1 капсула дневно како додаток во исхраната наутро со доволно течност.

Epsilon Health Arichol Jump 60 tablets

868 ден
  • Додаток во исхраната за здрави нивоа на холестерол и хомоцистеин
  • Кардиоваскуларно здравје
  • Монаколин К од квасец од црвен ориз
  • Коензим Q10, витамини од групата Б
  • Суви екстракти од грозје и маслинка

Epsilon Health Arichol Jump е додаток во исхраната кој помага во одржување на нормално ниво на холестерол и хомоцистеин, обезбедувајќи заштита на кардиоваскуларниот систем.

Galenika Immunomax Капсули со Цинк за Имунитет

776 ден

Имуномакс е додаток во исхраната кој содржи бета-глукан добиен од микронизиран пекарски квасец (Saccharomyces cerevisiae), витамин Б6 и цинк, наменет за имунитет.

Galenika Oligovit 30 Таблети Додаток за Исхрана

329 ден

Олиговит филм обложените таблети се комбинација на 10 витамини и 10 најпотребни минерали. Oлиговит филм обложените таблети можат да ги задоволат зголемените потреби на организмот за витамини и минерали како и да се надокнади нивниот недостаток во исхраната (еднолична исхрана, диета, алкохолизам). Витамините и минералите кои влегуваат во состава на Олиговит филм обложените таблети можат да допринесат за зголемување на отпорноста на организмот кон болестите, за растење, развој и нормално функционирање, на организмот, бидејќи непосредно учествуваат во биохемиските процеси.

NBL Прегна формула

1,208 ден
1. ШТО ПРЕТСТАВУВА НБЛ ПРЕГНА ФОРМУЛА И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА

НБЛ ПРЕГНА ФОРМУЛА претставува додаток на исхраната кој содржи мултивитамини и минерали. НБЛ ПРЕГНА ФОРМУЛА ќе Ви помогне да ги внесете сите витамини и минерали кои Ви се потребни за време на бременоста. Овој производ содржи витамини и минерали кои се особено важни за бремените жени