Витамини и минерали со најдобар квалитет на нашиот пазар за одржување и подобрување на Вашето здравје и имунитет. Производите можете да ги нарачате онлајн. Секоја нарачка е со бесплатна достава.
Kiberg Vitamix Multivitamins A-Z 30 tablets
Витамикс Мултивитамин А – З е додаток во исхраната со 25 активни состојки во една капсула за одржување на оптимален нутритивен баланс. Тој е дополнителен извор на есенцијални витамини, минерали, како и антиоксиданси (лутеин, ликопен) важни за одржување на виталноста и доброто здравје. За ваша благосостојба – VITAMIX MULTIVITAMIN A – Z.
Galenika Vitamin C 500mg за Недостаток на...
Витаминот Ц е најважниот антиоксиданс растворлив во вода. Учествува во спречување на оксидација на штетниот или LDL-холестеролот. Ги штити пушачите од штетните ефекти на оксидативниот стрес. Витаминот Ц придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем. Неопходен е за создавање на колаген и други делови од сврзното ткиво, како и за калцификација на коските и забите. Ја подобрува апсорпцијата на железо.
VITAMIN C RADIANT / АМПУЛИ ЗА ЛИЦЕ...
СОСТОЈКИ: OSMOTIC WATER (AQUA), PROPANEDIOL, GLYCERIN, ASCORBYL GLUCOSIDE, SODIUM HYALURONATE, MANGIFERA INDICA FRUIT EXTRACT*, GLYCYRRHIZA GLABRA ROOT EXTRACT, ORYZA SATIVA EXTRACT, LACTIC ACID, PHYTIC ACID, BENZYL ALCOHOL, POTASSIUM SORBATE, SODIUM BENZOATE.
*состојки од органско земјоделство
Good Nature Енерго Ц – Чајна мешавина...
ДОДАДЕТЕ ДОЗА ЕНЕРГИЈА ВО СВОЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ
Подгответе се за новата билна мешавина од Good Nature – чајот Енерго Ц. Грижливо одбрани
билки збогатени со витамин Ц, антиоксиданс неопходен за активно секојдневие.
Оваа билна мешавина содржи цвет од хибискус, плод од шипка, кора од портокал, корен од
ѓумбир (10 %) и природна арома која содржи витамин Ц.
Коренот од ѓумбир има стимулирачки својства кои помагаат во одржувањето на нивото на
енергија и кои го намалуваат заморот.
Витаминот Ц е една од суштинските состојки за секој организам, придонесува за намалување на
заморот, намалување на исцрпеноста и за нормален енергетски метаболизам.
Co 1 просечна порција = 200 ml приготвен чај ќе внесете 15 % од препорачаното дневно внесување
на витамин Ц.
Кога се чувствувате исцрпено и без енергија, дозволете си шолја чај Енерго Ц и уживајте во
богатата мешавина од вкусови и од мириси, која ќе ги разбуди сите ваши сетила!
Овој чај може да го консумирате како топол напиток или со додавање коцки мраз да го
приготвите како ваше дневно ладно освежување. Начинот на приготвување може да го најдете на
самото пакување.
Betavitevit B таблети пивски квасец со додаток...
Бетавитевит Б таблетите се формулирани врз основа на пивски квасец збогатен со витамини од Б комплексот (Б1, Б2, Б6) и витамин Ц.
Пивскиот квасец е извор на природни витамини од Б-комплексот, есенцијални амино киселини, протеини, минерали, олигоелементи, глутатион и нуклеински киселини. Поволно делува на нервниот систем, на здравјето на црниот дроб, очите и срцето. Благодарение на присуството на фолна киселина, придонесува за подобра апсорпција на железото, со што се спречува анемија. Ја помага работата на органите за варење, го регулира балансот на цревната флора, го елиминира запекот и го зголемува апетитот. Го помага метаболизмот на шеќерот преку подобрување на дејството на инсулинот и чувствителноста на клеточните рецептори на инсулин, што доведува до стабилизирање на нивото на шеќер во крвта и негово подобро искористување како извор на енергија. Поволно делува на физичкиот и психичкиот развој, па затоа се препорачува за деца.
Витамините од Б комплексот се неопходни за правилно функционирање на нервниот систем, снабдување на телото со енергија, одржување на здравјето на кожата, косата и ноктите. Тие имаат значајна улога во метаболизмот на мастите, јаглехидратите и протеините.
Витаминот Ц игра важна улога во создавањето на колаген и регенерацијата на клетките на кожата, во процесите на оксидација-намалување (елиминација на слободните радикали) и придонесува за зајакнување на имунитетот.
eMVe Multivita плус – 30 таблети
Додаток во исхраната
Состав: полнител – сорбитол, L-аскорбиснка киселина, бета каротен 10%, DL-алфа-токоферилацетат, цинк цитрат, талк, натриум селенит, магнезиум стеарат, полиетилен гликол (PEG 6000), коензим Q10.
Начин на употреба: Возрасни и деца над 12 години по 1 таблета дневно по јадење со доволна количина течност. Не се наменети за употреба на деца под 12 години. Да не се надминува дневанта препорачана доза..
Galenika Oligogal Цинк + Витамин Ц, 30...
Цинкот и витаминот Ц се моќни антиоксиданси кои можат да ги заштитат клетките и ткивата од оштетување предизвикано од нападите на слободните радикали. Антиоксидантните својства на цинк и витамин Ц можат да придонесат за зајакнување на имунитетот, отпорност и подобра општа состојба на телото.