Витамини и минерали со најдобар квалитет на нашиот пазар за одржување и подобрување на Вашето здравје и имунитет. Производите можете да ги нарачате онлајн. Секоја нарачка е со бесплатна достава.

Прикажани 2 производи

Galenika Flonivin Plus Детски Додатоци во Исхраната

373 ден

Производот е наменет за нормално функционирање на дигестивниот систем и нормална функција на имуниот систем.

Една Флонивин капсула содржи најмалку 5 милијарди корисни пробиотски клетки Saccharomyces boulardii и Bifidobacterium bifidum и 5 мг цинк.

Пробиотиците може да се дефинираат како моно или мешовити култури на живи микроорганизми кои внесени во препорачаната количина во организмот на домаќинот (луѓе или животни) го подобруваат неговото здравје, првенствено со нормализација на цревната микрофлора. Цревата се населени од околу 100 трилиони на пријателски бактерии, при што 95% припаѓаат на бактериите од млечни киселини, кои се неопходни за одвивање на основните физиолошки и биохемиски процеси во човековиот организам.

BOSNA Парацетамол сируп, 100 мл

159 ден

Парацетамол сирупот ги ублажува болките при проникнување на забите, забоболка и болка во грлото. Исто така, ја намалува покачената телесна температура која често е поврзана со настинка и грип, со детските заразни заболувања, како што се сипаници, голема кашлица, мали сипаници и заушки, и за лекување на покачена температура по вакцинирање.

Пакување: 100 мл