Витамини и минерали со најдобар квалитет на нашиот пазар за одржување и подобрување на Вашето здравје и имунитет. Производите можете да ги нарачате онлајн. Секоја нарачка е со бесплатна достава.

Прикажани 3 производи

Pharmacy Comar 30 таблети

175 ден

COMAR претставува додаток во исхрана кој го ограничува интересот на инсектите за човечката кожа. Особено е погоден за луѓе со пречувствителност на кожата.

COMAR таблетите содржат екстракт од витамин Б1 и Perilla frutescens. Се препорачува да се земе во периодот на појава на комарци и муви.

Витамините од групата Б, кои вклучуваат тиамин, не се складираат во телото и треба редовно да се снабдуваат со храна. Телото лесно се ослободува од вишокот на тиамин преку пот и урина. Отстранувањето на вишокот витамин Б1 од телото предизвикува специфичен мирис на кожата едвај препознатлив од луѓето, но доведува до намалување на активноста на инсектите.

XIBIZ NATURAL PROTECTION ГЕЛ 45ml

260 ден

Xibiz natural protection гел 45ml, наменет за деца и возрасни. Без присуство на парабен, парфем и алкохол, на ефикасен и природен начин ја штити кожата од убоди од комарци и инсекти. Неговата формула на база на етерски масла од босилек, рузмарин, лаванда, пантенол, бисаболол, витамин Е и лимонска трева, го прави сигурен, ефикасен и погоден дури и за многу чувствителна кожа кај деца. Едноставен е за примена. После нанесувањето не остава траги од флеки и масни наслаги. Со рамномерното нанесување на гелот на откриени делови на кожата, се обезбедува заштита од убоди од комарци и до три часа после примената на производот.

Безбеден е за примена кај деца постари од 2 години.

Xibiz е доста практично решение за заштита на кожата од комарци на патување.

Xibiz natural protection гел е регистриран како биоциден производ.

XIBIZ STRONG PROTECTION IKARDIN SPRAY ПРОТИВ УБОДИ...

423 ден

Xibiz Strong Protection IKARDIN spray против убоди од комарци и крлежи пружа долготрајна и сигурна заштита од комарци и крлежи и до 5 часа, или подолго со повторно нанесување. Формулиран е на база на икардин кој е исклучително ефикасен, но и потполно безбеден за целото семејство , со што Xibiz Strong Protection IKARDIN Spray е наменет дури и за најмладите, постари од 6 месеци.

После распрскување на спрејот на местата кои сакате да ги заштитите од убоди и каснувања од инсекти, останува пријатно чувство на кожата, благодарение на формулацијата збогатена со пантенол, витамин Е и етерично масло од питомо нане.

Xibiz Strong Protection IKARDIN Spray е целосно безбеден за примена на сонце.

Исто така, една од предностите на икардинот е токму таа што е безбеден за ткаенини ( доколку дојде до случаен контакт), не влијае на структурата на лакот за нокти и е инертен во контакт со различни типови на пластики ( не им го менува изгледот и структурата).