Витамини и минерали со најдобар квалитет на нашиот пазар за одржување и подобрување на Вашето здравје и имунитет. Производите можете да ги нарачате онлајн. Секоја нарачка е со бесплатна достава.

Прикажани 10 производи

DOC Магнезиум 300mg 60 таблети

265 ден

Магнезиумот е клучен минерал што му е потребен на човечкотот тело за одржување на целокупното здравје. Магнезиумот допринесува за нормално функционирање на нервниот систем и за здрави коски.

Магнезиумот е еден од оние есенцијални минерали кои помагаат во апсорпцијата на калциум од страна на човечкото тело и игра голема улога во создавањето и зајакнувањето на коските и забите.

NOW Potassium plus Iodine 180 таблети

1,120 ден

Тириодна поддршка
Поддржува рамнотежа на електролити
Исхрана за здрава функција на тироидната жлезда

Health Aid Kelp (Iodine) 240 таблети

1,142 ден

HealthAid Кelp обезбедува аминокиселини, витамини, минерали и траги од елементи. Кеlp е особено богат со јод. Јодот придонесува за нормално производство на тироидни хормони, функциoнирање на тироидната жлезда, нормално функционирање на нервниот систем и одржување на нормална кожа. Додатокот на лисја од луцерка обезбедува природен извор на витамин А, Ц, Е & К и минерали како калциум, калиум, фосфор и железо.

3 таблети содржат:

Активна супстанција: Келп (јод) 900мг кој обезбедува јод 450µг, прав од лисја од луцерка 150мг,

Помошни супстанции: Средство за зголемување на волуменот (дибазичен-калциум фосфат), средство против згрутчување (стеарична киселина, магнезиум стеарат), акација гума, oбложување [поливинилпиролидон (ПВП)].

Dietpharm MG 400 active ќесички

235 ден

Додаток во исхраната со витамин Б и магнезиум.Ќесички со вкус на лимон и портокал

Maxi Vita Селен и Цинк – 30...

400 ден

За заштита на организмот од слободните радикали!
Vitar ги препорачува за потпомагање при: заштита од слободните радикали и оксидативен стрес, чести инфекции, проблеми со тироидната жлезда, проблеми со кардио-васкуларниот систем, дерматолошки проблеми, проблеми со црниот дроб, психички оптоварувања.

XIBIZ STRONG PROTECTION IKARDIN SPRAY ПРОТИВ УБОДИ...

423 ден

Xibiz Strong Protection IKARDIN spray против убоди од комарци и крлежи пружа долготрајна и сигурна заштита од комарци и крлежи и до 5 часа, или подолго со повторно нанесување. Формулиран е на база на икардин кој е исклучително ефикасен, но и потполно безбеден за целото семејство , со што Xibiz Strong Protection IKARDIN Spray е наменет дури и за најмладите, постари од 6 месеци.

После распрскување на спрејот на местата кои сакате да ги заштитите од убоди и каснувања од инсекти, останува пријатно чувство на кожата, благодарение на формулацијата збогатена со пантенол, витамин Е и етерично масло од питомо нане.

Xibiz Strong Protection IKARDIN Spray е целосно безбеден за примена на сонце.

Исто така, една од предностите на икардинот е токму таа што е безбеден за ткаенини ( доколку дојде до случаен контакт), не влијае на структурата на лакот за нокти и е инертен во контакт со различни типови на пластики ( не им го менува изгледот и структурата).

Sanct Bernhard Селен – 180 капсули

1,515 ден

Еден од најважните микроелементи за здрав имунитет и борба против вирусите!

Микроелементот селен е моќен антиоксидант. Има моќен ефект и ја помага работата на имунолошкиот и кардиоваскуларниот систем, работата на тироидната жлезда и влије врз способноста за репродукција. Основната функција на селенот како микроелемент на ензимот глутатион пероксидаза е да ја потиснува оксидацијата на липидите (мастите). Во организмот селенот го внесуваме преку житариците. Истражувањата покажуваат дека селенот е во недоволни количини во почвата, а освен тоа се губи и при подготвување на храната, така што неопходно е да се внесува преку додатоци во исхрана за да се обезбедат дневните препорачани дози за правилно функционирање на организмот.
Sanct Bernhard го препорачува при: заштита на клетките од оксидативен стрес, за подршка на имунитетот во борба со патогени инфекции, при проблеми со кардио-васкуларниот систем, за превенција против малигни заболувања, при проблеми со црниот дроб и дигестивниот систем, при проблеми со тироидната жлезда (хипер функција), при проблеми со кожата, при сексуална дисфункција, при физичко и психичко оптоварување.

Cali Vita PRO SELENIUM 50 mcg, 60...

546 ден

Општо е познато дека селенот е олигоелемент со силен антиоксидантен ефект, кој му помага на нашиот организам во одбраната од штетното дејство на слободните радикали. Помалку се знае дека селенот игра важна улога во правилното функционирање на имунолошкиот систем и во нормалното производство на хормоните на штитната жлезда кои содржат јод.

За кого се препорачува?
Селенот го внесуваме во организмот ако се храниме со месо, морски плодови и житарици. Количеството на селен во житариците зависи и варира од неговото ниво на присутност во земјата, односно од регион до регион. Лицата кои се хранат со неразноврсна храна (на пр. вегетаријанците), обично не внесуваат доволно селен по природен пат во организмот, па затоа на нив им се препорачува тој недостаток на селен да го дополнат со земање на додатоци на исхраната. Важно е да се напомене дека селенот може да допринесе во засилување на дејството на другите антиоксиданти како витаминот А,Ц и Е, и во комбинација еден со друг даваат посилен, подобар ефект.

 

Pharmacy Comar 30 таблети

175 ден

COMAR претставува додаток во исхрана кој го ограничува интересот на инсектите за човечката кожа. Особено е погоден за луѓе со пречувствителност на кожата.

COMAR таблетите содржат екстракт од витамин Б1 и Perilla frutescens. Се препорачува да се земе во периодот на појава на комарци и муви.

Витамините од групата Б, кои вклучуваат тиамин, не се складираат во телото и треба редовно да се снабдуваат со храна. Телото лесно се ослободува од вишокот на тиамин преку пот и урина. Отстранувањето на вишокот витамин Б1 од телото предизвикува специфичен мирис на кожата едвај препознатлив од луѓето, но доведува до намалување на активноста на инсектите.

XIBIZ NATURAL PROTECTION ГЕЛ 45ml

260 ден

Xibiz natural protection гел 45ml, наменет за деца и возрасни. Без присуство на парабен, парфем и алкохол, на ефикасен и природен начин ја штити кожата од убоди од комарци и инсекти. Неговата формула на база на етерски масла од босилек, рузмарин, лаванда, пантенол, бисаболол, витамин Е и лимонска трева, го прави сигурен, ефикасен и погоден дури и за многу чувствителна кожа кај деца. Едноставен е за примена. После нанесувањето не остава траги од флеки и масни наслаги. Со рамномерното нанесување на гелот на откриени делови на кожата, се обезбедува заштита од убоди од комарци и до три часа после примената на производот.

Безбеден е за примена кај деца постари од 2 години.

Xibiz е доста практично решение за заштита на кожата од комарци на патување.

Xibiz natural protection гел е регистриран како биоциден производ.