Витамини и минерали со најдобар квалитет на нашиот пазар за одржување и подобрување на Вашето здравје и имунитет. Производите можете да ги нарачате онлајн. Секоја нарачка е со бесплатна достава.

Прикажани 2 производи

Бионика Имуникс – Imunix

400 ден

ИМУНИКС го јакне имунитетот и ја подобрува способноста на телото да се бори против инфекциите. Уникатната комбинација од спирулина, пивски квасец и селен го прави идеален, природен додаток во исхраната.

Меки капсули наменети за подобрување на имунитетот и општата здравствена состојба на организамот.

 

Betavitevit B таблети пивски квасец со додаток...

170 ден

Бетавитевит Б таблетите се формулирани врз основа на пивски квасец збогатен со витамини од Б комплексот (Б1, Б2, Б6) и витамин Ц.

Пивскиот квасец е извор на природни витамини од Б-комплексот, есенцијални амино киселини, протеини, минерали, олигоелементи, глутатион и нуклеински киселини. Поволно делува на нервниот систем, на здравјето на црниот дроб, очите и срцето. Благодарение на присуството на фолна киселина, придонесува за подобра апсорпција на железото, со што се спречува анемија. Ја помага работата на органите за варење, го регулира балансот на цревната флора, го елиминира запекот и го зголемува апетитот. Го помага метаболизмот на шеќерот преку подобрување на дејството на инсулинот и чувствителноста на клеточните рецептори на инсулин, што доведува до стабилизирање на нивото на шеќер во крвта и негово подобро искористување како извор на енергија. Поволно делува на физичкиот и психичкиот развој, па затоа се препорачува за деца.

Витамините од Б комплексот се неопходни за правилно функционирање на нервниот систем, снабдување на телото со енергија, одржување на здравјето на кожата, косата и ноктите. Тие имаат значајна улога во метаболизмот на мастите, јаглехидратите и протеините.

Витаминот Ц игра важна улога во создавањето на колаген и регенерацијата на клетките на кожата, во процесите на оксидација-намалување (елиминација на слободните радикали) и придонесува за зајакнување на имунитетот.