Витамини и минерали со најдобар квалитет на нашиот пазар за одржување и подобрување на Вашето здравје и имунитет. Производите можете да ги нарачате онлајн. Секоја нарачка е со бесплатна достава.

Прикажани 6 производи

CEVITAL ВИТАМИН Ц, 500 mg, 30 таблети

106 ден

Cevital  витамин Ц таблетите содржат 500 mg витамин Ц во една таблета. Витамин Ц припаѓа во групата витамини растворливи во вода и е есенцијален за бројни биолошки процеси. Благодарение на антиоксидативното и имунопротективно дејство, се препорачува негова превентивна примена со цел правилна функција на имунолошкиот систем,  особено во сезони на настинки и вируси.. Неопходен е за синтеза на колаген, протеин кој влегува во состав на сврзното ткиво. Витаминот Ц помага во ресорпцијата на железото, помага за правилна функција на непцата.

 

MAGNEVITAL DIRECT, ПРАШОК ЗА ДИРЕКТНА ПРИМЕНА 20...

239 ден

Magnevital Direct, прашок за директна примена содржи оптимален однос на магнезиум, цинк, витамини Б1, Б6, Б12 и витамин Ц. Придонесува за намалување на чувството на умор и исцрпеност, правилно функционирање на мускулниот, нервниот и имунолошкиот систем и заштита на клетките од оксидативен стрес. Производот има пријатен вкус, збогатен со арома на грејп. Не содржи шеќер и глутен. Како засладувачи се користени: сорбитол, сукралоза и неохесперидин ДЦ, па можат безбедно да го користат и дијабетичарите.

Магнезиумот е есенцијален минерал, неопходен за оптимално функционирање на човековиот организам – потребен е на мускулите, на нервите и на срцето. Учествува во  повеќе од 300 различни метаболички процеси во организмот, првенствено оние во кои се создава енергија. Истражувањата покажуваат дека голем број возрасни луѓе не ги внесуваат дневните потреби на овој минерал (слаба апсорпција, земање диуретик, неправилна исхрана, конзумирање на алкохол, неконтролиран дијабетес). Симтомите од недостаток на магнезиум вклучуваат замор, несоница, дисфункција на мускулите, биење на срцето. Магнезиумот учествува во изградба на коските и забите. Придонесува за правилност на мускулните контракции, синтеза на протеините, овозможува нормална невротрансмисија која влијае на квалитетот на сонот, процесот на опуштање, одржување на менталниот фокус и острина. Може да придонесе за намалување на појавата на дијабетес тип 2 кај гојазните лица.

IMUNOBETA GLUKAN СИРУП, 200ml

799 ден

Imunoβeta β-glukan сирупот во својот состав содржи бета-Д-глукан изолиран од печурката буковка (Pleurotus ostreatus) и витамин C.

Оваа комбинација на состојки придонесува во подобрување на имунолошкиот одговор и одбрамбената реакција од вируси, бактерии, габички и сите останати микроорганизми и токсини кои претставуваат закана врз здравјето на организмот.

Се препорачува кај состојби на ослабен имунитет, кај чести инфекции на респираторниот тракт и хронични воспаленија, а позитивно делува и во намалување на нивото на LDL-холестеролот и нормализирање на гликемијата.

Едноставното дозирање и добриот вкус овозможуваат примена на Imunoβeta β-glukan сирупот и кај деца од 3 години. За деца од 1-3 години потребна е консултација со лекар.

ESENBAK IMUNO DIGEST, 10 капсули

374 ден

EsenBak IMUNO DIGEST пробиотикот содржи 10 внимателно изберени пробиотски култури на лактобацили и бифидобактерии, цинк, витамини Б1, Б2, Б6 како и есенцијалната аминокиселина Л-лизин.

Благодарение на својот единствен состав, EsenBak IMUNO DIGEST брзо воспоставува баланс на цревниот микробиот кај деца и возрасни, го штити дигестивниот систем и ја зајакнува одбрамбената способност на организмот.

Пробиотските култури во  EsenBak IMUNO DIGEST пробиотикот манифестираат силни антимикробни, имуномодулаторни и антиоксидативни ефекти кои доведуваат до олеснување на дигестивните тегоби од различно потекло, намалување на појавата на инфекција, алергиски реакции и други пореметувања.

Бидејќи  EsenBak IMUNO DIGEST е збогатен со цинк, витамини од Б групата и Л-лизин, со негова редовна примена се остварува позитивно дејство на имуниот систем по пат на неколку различни механизми.

Може да го користат деца постари од 6 години и возрасни.

Протективниот ALU-ALU блистер пружа супериорна заштита на живите пробиотски култури од светлост, влага и кислород.

CEVITAL KIDS VITAMIN C 50mg 10 кесички

97 ден

Cevital Kids Витамин Ц содржи витамин Ц во прав. Витаминот Ц припаѓа на групата на растворливи во вода витамини и е од суштинско значење за бројни биолошки процеси. Благодарение на неговата антиоксидантна и имунопротективна акција, неговата превентивна примена се препорачува со цел да се зајакне имунитетот, во сезоната на настинки и вируси, но и како помош ако инфекцијата веќе постои. Неопходен е за синтеза на колаген, протеин кој влегува во составот на сврзното ткиво.

 

CEVITAL VITAMIN C 1000mg, 10 кесички Х...

158 ден

CEVITAL 1000 mg прашок за перорална примена содржи витамин Ц кој придонесува за: -нормална функција на имунолошкиот систем. – намалување на заморот и исцрпеноста. -нормална психолошка функција. -нормално функционирање на нервниот систем. -зголемување на апсорпцијата на железо. – заштита на клетките од оксидативен стрес.