Витамини и минерали со најдобар квалитет на нашиот пазар за одржување и подобрување на Вашето здравје и имунитет. Производите можете да ги нарачате онлајн. Секоја нарачка е со бесплатна достава.

Прикажани 9 производи

Galenika Oligogal Mагнезиум (Mg) 14 Кесички

265 ден

Oligogal Mg Direct 14 кесички за намалување на замор и исцрпеност, го помага функционирањето на мускулите, коските, срцето, имунолошкиот и нервниот систем. Магнезиумот и витаминот Д придонесуваат за нормална функција на мускулите и коските.

Galenika Vitamin C 500mg за Недостаток на...

95 ден

Витаминот Ц е најважниот антиоксиданс растворлив во вода. Учествува во спречување на оксидација на штетниот или LDL-холестеролот. Ги штити пушачите од штетните ефекти на оксидативниот стрес. Витаминот Ц придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем. Неопходен е за создавање на колаген и други делови од сврзното ткиво, како и за калцификација на коските и забите. Ја подобрува апсорпцијата на железо.

Galenika Витамин Б6 20mg

136 ден

Активна состојка на таблетите Бедоксин е пиридоксин хидрохлорид, кој е витамин Б6. Има значителна улога во метаболизмот, првенствено на аминокиселините, но и јаглехидратите и мастите, како и при создавањето на хемоглобинот.

Се користи кога постои недостаток на витаминот Б6 во организмот и за лекување на идиопатски сидеробластни анемии, состојба во која црвените крвни зрнца неправилно се формираат.

Пиридоксинот исто така може да се користи во лекувањето на оштетените нерви (периферен невритис) предизвикан од употребата на лекот изониазид кој се користи при лекување на туберколоза.

Пакување: 20 таблети

Galenika Flonivin Forte Капсули за Здравје на...

329 ден

Flonivin Forte капсулите се диететски додаток во исхраната со 10 милијарди корисни бактерии (Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus rhamnosus, Bifidobacterium longum) и инулин.

Наменет е за нормално функционирање на дигестивниот систем кај возрасни и деца над 3 годишна возраст.

Пакување: 10 капсули

Galenika Immunomax Капсули со Цинк за Имунитет

776 ден

Имуномакс е додаток во исхраната кој содржи бета-глукан добиен од микронизиран пекарски квасец (Saccharomyces cerevisiae), витамин Б6 и цинк, наменет за имунитет.

Galenika Oligogal Цинк + Витамин Ц, 30...

313 ден

Цинкот и витаминот Ц се моќни антиоксиданси кои можат да ги заштитат клетките и ткивата од оштетување предизвикано од нападите на слободните радикали. Антиоксидантните својства на цинк и витамин Ц можат да придонесат за зајакнување на имунитетот, отпорност и подобра општа состојба на телото.

Galenika Oligovit 30 Таблети Додаток за Исхрана

329 ден

Олиговит филм обложените таблети се комбинација на 10 витамини и 10 најпотребни минерали. Oлиговит филм обложените таблети можат да ги задоволат зголемените потреби на организмот за витамини и минерали како и да се надокнади нивниот недостаток во исхраната (еднолична исхрана, диета, алкохолизам). Витамините и минералите кои влегуваат во состава на Олиговит филм обложените таблети можат да допринесат за зголемување на отпорноста на организмот кон болестите, за растење, развој и нормално функционирање, на организмот, бидејќи непосредно учествуваат во биохемиските процеси.

Galenika Chymoral Таблети за Општо Здравје

398 ден

Протеолитичките ензими, трипсин и химотрипсин во Химорал гастрорезистентните таблети имаат специфична каталитичка активност на ендопептидазата и естеразата. По навлегувањето во крвотокот ензимската активност на трипсинот и химотрипсинот е инхибирана.

Galenika Flonivin Plus Детски Додатоци во Исхраната

373 ден

Производот е наменет за нормално функционирање на дигестивниот систем и нормална функција на имуниот систем.

Една Флонивин капсула содржи најмалку 5 милијарди корисни пробиотски клетки Saccharomyces boulardii и Bifidobacterium bifidum и 5 мг цинк.

Пробиотиците може да се дефинираат како моно или мешовити култури на живи микроорганизми кои внесени во препорачаната количина во организмот на домаќинот (луѓе или животни) го подобруваат неговото здравје, првенствено со нормализација на цревната микрофлора. Цревата се населени од околу 100 трилиони на пријателски бактерии, при што 95% припаѓаат на бактериите од млечни киселини, кои се неопходни за одвивање на основните физиолошки и биохемиски процеси во човековиот организам.