Витамини и минерали со најдобар квалитет на нашиот пазар за одржување и подобрување на Вашето здравје и имунитет. Производите можете да ги нарачате онлајн. Секоја нарачка е со бесплатна достава.

Прикажани 6 производи

Cali Vita Iron Plus, 100 таблети

813 ден

Железото е минерал кој припаѓа на групата на т.н. олиго-елементи. Поимот «олиго-елементи» или «микроелементи» се однесува на фактот што тие елементи му се потребни на организмот во многу мали количини, иако се многу важни за нашето здравје.

Cali Vita Stress Management B-Complex, 100 таблети

1,153 ден

Стресот е дел од нашите животи.

Додека позитивниот стрес е потребен да нé мотивира и да ни ја зголеми продуктивноста, негативниот стрес може да го влоши нашиот живот, па дури и да доведе до настанување на повеќе болести. Во борбата со негативниот стрес може да Ви помогне суплементација на витамините од Б комплексот надополнети со витамин Ц и магнезиум.

Не само што ја подобрува функцијата на нервниот систем, туку и позитивно влијае на енергетскиот метаболизам и функцијата на имунолошкиот систем

На кого го препорачуваме?

• На сите што се изложени на поинтензивен стрес

• На сите што се чувствуваат психички истрошени

• На сите што сакаат да го зајакнат имунолошкиот ситем

Пакување: 100 таблети

Cali Vita C-Plus Flavonoid, 100 таблети

633 ден
Овие таблети содржат витамин Ц заедно со шипка во прав и биофлавоноиди, кои го зајакнуваат неговиот ефект.

Cali Vita LION KIDS + витамин D,...

773 ден

Lion Kids + D е вкусен мултивитамински и минерален комплекс за жвакање, збогатен со витамин Д, кој не е штетен за забите. Таблетките се во форма на животни, создадени специјално за деца. Не содржат шеќер и ксилитол, а природниот засладувач кој го содржат го намалува ризикот за развој на кариес.

За кого се препорачува?
– за секојдневна употреба кај деца со цел да се обезбеди соодветен внес на витамини, минерали и елементи во траги потребни за поддршка на соодветниот развој и отпорноста на заболувања,

– на секој родител на кој му е важно да го зачува здравјето на своето дете, притоа намалувајки го ризикот од кариес,

– на секој кој преферира таблети за жвакање,

– на секој кој е во потрага по комплексен производ кој содржи витамин Д.

Cali Vita Beta Carotene 9000 ИЕ, 100...

1,100 ден

Бета каротенот е претходник на витамин А, човечкото тело може да го претвори во витамин А според неговите потреби. Витаминот А е градежен блок на ретината, суштински дел од нашето око, кој игра незаменлива улога во процесот на перцепција на светлината. Честата употреба исто така придонесува за нормалната состојба на кожата и може да биде корисна за избегнување на штета предизвикана од УВ зраците.

На кого препорачуваме?
Пред да одите на одмор со цел да ја подготвите кожата за сончање и луѓе кои сакаат да го зачуваат потемниот тен подолго.
Делумно слепи и оние кои имаат одредени проблеми со видот.
Луѓето кои бараат ефикасна антиоксидантна заштита.
Луѓето кои ја следат нискомасната исхрана или страдаат од нарушување на апсорпцијата.

Cali Vita PRO SELENIUM 50 mcg, 60...

546 ден

Општо е познато дека селенот е олигоелемент со силен антиоксидантен ефект, кој му помага на нашиот организам во одбраната од штетното дејство на слободните радикали. Помалку се знае дека селенот игра важна улога во правилното функционирање на имунолошкиот систем и во нормалното производство на хормоните на штитната жлезда кои содржат јод.

За кого се препорачува?
Селенот го внесуваме во организмот ако се храниме со месо, морски плодови и житарици. Количеството на селен во житариците зависи и варира од неговото ниво на присутност во земјата, односно од регион до регион. Лицата кои се хранат со неразноврсна храна (на пр. вегетаријанците), обично не внесуваат доволно селен по природен пат во организмот, па затоа на нив им се препорачува тој недостаток на селен да го дополнат со земање на додатоци на исхраната. Важно е да се напомене дека селенот може да допринесе во засилување на дејството на другите антиоксиданти како витаминот А,Ц и Е, и во комбинација еден со друг даваат посилен, подобар ефект.