Во оваа категорија можете да најдете производи кои се користат како додатоци во исхраната со различен состав за подобрување и одржување на Вашето здравје. Сите производи се достапни за онлајн нарачка со бесплатна достава.

Прикажани 15 производи

Hemera Семе од Бел трн Силимарин

620 ден

АКЦИЈА БЕСПЛАТНА ДОСТАВА

При креирање на нарачката внесете го купон кодот: hemera

*Акцијата се однесува доколку сакате да нарачате еден производ, за два или повеќе производи доставата е секако бесплатна.

Можете да нарачате и телефонски 075 44 88 11

Органски произведено и сертифицирано семе (плод) од бел или млечен трн по принципот „од нива до трпеза“ од еколошки чисти подрачја во Македонија

Бел Трн Silybum Marianum со моќно хепатопротективно дејство (заштита на црниот дроб).

Сомеленото семе е спакувано во кеси од 180 г кое е доволно за конзумација на семето во период од 30 последователни денови. Препорачано е да се користи 1 кафена лажица на ден. При посериозни состојби и заболувања на црниот дроб може да се користат и 2 кафени лажици на ден (1 наутро + 1 навечер)

Семето од бел трн и активните супстанции не реагираат со храната и поради тоа може да се употребува со и без внес на храна. Може да се употреби како чај: 1 полна кафена лажица се попарува со 150 мл свежо зовриена вода и се остава да отстои 15-20 минути. Чајот може да се пие со или без талогот од семето.

Може да се додаде во храна: јогурт, кисело млеко, млеко, мусли, салати, смути, овошни сокови и слично.

мечкино грозје -10%

Чај Мечкино грозје 50 гр

70 ден

– Латинско име: Arctostaphylos uva-ursi

– Подготовка на чај: 1 лажица се прелива со 400мл вода и се остава врие додека течноста не се намали до половина. Се остава 15 минути поклопен садот и се прецедува.

– Хемиски состав: фенолни гликозиди (арбутин и метиларбутин), ериколин, танини, гална киселина.

– Употреба: се употребува како ефикасно средство за подобрување на функцијата на органите за мокрење.

 

мајчина душица -10%

Чај Мајчина душица 50 гр

97 ден
– Латинско име – Thymus serpyllum
– Подготовка на чај: 1 до 2 лажички(2гр) се прелива со 200мл зовриена вода, се остава покриен садот 10 минути и се прецедува.

– Хемиски состав: Содржи до 0.6% есенцијално масло, околу 7% танини, флавоноиди, горчливи материи, фенил-карбоксилни киселини.

 

– Употреба: се користи за искашлување, воспаление на дишните патишта и како антисептик.
камилица чај -10%

Чај Камилица 50 гр

88 ден

– Латинско име – Matricaria chamomilla L.

– Подготовка на чај: 1 лажица прелијте ја со (200мл) врела вода. Покријте го садот, оставете 5-10 минути и прецедете.

– Хемиски состав: Флавоноиди, етерично масло, кумарини, аминокиселини, горчливи материи, танини.

– Употреба: се користи при дијареа, грчеви и болки во стомакот, гасови, хемороиди, испирање на устата и за смирување.

маточина чај -10%

Чај Маточина 50 гр

106 ден
– Латинско име – Melissa officinalis
– Подготовка на чај: 1 лажичка прелијте ја со 200мл зовриена вода, оставете го садот покриен 10-15 минути и прецедете.
– Хемиски состав: кумарински деривати, флавоноиди, полифеноли, танини, есенцијало масло, органски киселини.
– Употреба: се користи како средство за смирување, лупање на срцето, нервоза, вознемиреност, се препорачува и за менструални тегоби, мигрени и забоболка.
бозел чај -10%

Чај Бозел 50 гр

106 ден
– Латинско име – Sambucus nigra
– Подготовка на чај: 1 кафена лажичка прелијте ја со 200мл превриена вода, оставете го садот поклопен 15 минути и прецедете.
– Хемиски состав: гликозид самбунигрин, 1-3% флавоноиди, есенцијално масло, тритерпени, танини, шеќери и витамини А,Б и Ц.
– Употреба: се користи при настинка, грип, стимулација на потење и воспаленија на синуси и носната празнина.
чај нане -10%

Чај Нане 50 гр

88 ден

– Латинско име – Mentha x piperita
– Подготовка на чај: 1 лажица прелијте ја со (200мл) врела вода. Покријте го садот, оставете 5-10 минути и прецедете.
– Хемиски состав: Флавоноиди, етерично масло, кумарини, аминокиселини, горчливи материи, танини.
– Употреба: се користи при дијареа, грчеви и болки во стомакот, подуеност, полесно варење на храната, гасови, хемороиди, испирање на устата, благо средство за смирување и камен во жолчка.

Good Nature Детокс Микс 20 ќесички х...

99 ден

Чајна мешавина која поволно дејствува за детоксикација на организмот

Чајната мешавина се состои од лист од нане, плод од бел трн, корен од глуварче, плод од сладок анасон, од лист од магдонос, цвет од бозел, лист од орев, лист од мечкино грозје и од сладок корен. Билките поволно дејствуваат за детоксикација на организмот исе препорачува чајот да се пие трипати на ден, незасладен.

Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата,а за дополнителни информации консултирајте се со својот лекар или фармацевт.

Jamieson Ginger, 340 mg

336 ден

Jamieson Ѓумбир – производ кој помага во ублажување на дигестивните нарушувања, вклучувајќи недостаток на апетит, гадење, дигестивни грчеви, смирување на желудникот и проблеми со варањето на храната.

каантарион -10%

Чај Кантарион 50 гр

80 ден
– Латинско име – Hypеricum perforatum

– Подготовка на чај: 2 лажички (4гр.) се преливаат со 200мл зовриена вода, се остава покриен садот 10 минути и се прецедува.

– Хемиски состав: деривати на антрахинон хеперицин и псеудохиперицин, деривати на флороглуцин (хиперфорин), флавоноиди, биофлавоноиди, 8-9% танини, етерично масло, аминокислени.
– Употреба: се користи како антисептик, за третман на благи форми на депресија, возбуда, нервоза, тегоби во менопузата, чир на желудник, гастритис, дијареа, покажува добри резултати и при третман на вирусни и ретровирусни инфекции.

 

NOW Serrapeptase 60.000SU, 60 капсули

1,830 ден

Serrapeptase (serratiopeptidase) е ензим за варење протеини изолиран од пријателската бактерија Serratia marcescens. Истражувањата покажуваат дека Serrapeptase се апсорбира недопрена од дигестивниот тракт и дека делува системски за да ги поддржи здравите функции на имунолошкиот систем и да ги промовира нормалните процеси на заздравување на телото.

  • Додаток во исхрана

 

NOW Betaine HCl 648 mg, 100 капсули

1,590 ден

Хлороводородна киселина (HCl) нормално се создава во желудникот каде што помага во варење на протеините со активирање на пепсин, одржува здрава рамнотежа на цревната флора и стимулира ослободување на цревните ензими.

Пепсинот е протеаза произведена во желудникот која делумно ги разградува протеините во храната. Производството на HCl се намалува со возраста, така што надополнување со HCl и пепсин може да помогне да се одржи нормална дигестивна функција.

Betaine HCl е кисела форма на бетаин, супстанција слична на витамин која се наоѓа во житариците. Се препорачува како дополнителен извор на HCl за луѓе кои имаат недостаток на производство на стомачна киселина.

  • Придонесува за нормален метаболизам на хомоцистеин
  • Вегетеријанска формула
  • Вегетеријански/Веган производ
  • Без ГМО
  • Додаток во исхрана

Good Nature Релакс Б3 /Б6 – Чајна...

92 ден

ЗА ОПУШТЕН, БАЛАНСИРАН И ХАРМОНИЧЕН ДЕН

Чајот Релакс Б3 /Б6 претставува мешавина од специјално одбрани билки, која е збогатена со

витамините Б3 и Б6 , што ја прави одличен додаток во вашиот ритуал за релаксација во секој дел од

денот.

Цветот од лаванда и цветот од липа придонесуваат за релаксација на целото тело, додека, пак,

листот од матoчина придонесува за нормално когнитивно и ментално здравје, има релаксирачки

ефект и придонесува за квалитетен и за мирен сон.

Витамините Б3 и Б6 придонесуваат за нормална фунција на нервниот систем.

Оваа билна мешавина содржи цвет од камилица, лист од маточина (27 %), цвет од липа (13 %),

цвет од лаванда (13 %) и природна арома која содржи витамин Б3 и витамин Б6.

Co 1 просечна порција = 200 ml приготвен чај ќе внесете 15 % од препорачаното дневно внесување

на витамините Б3 и Б6 .

Чајот Релакс Б3 /Б6 е секогаш добредојден за вас и за вашето тело, а може да се консумира топол

или студен во кој било момент кога ви се потребни спокој и релаксација.

Good Nature Алкалакс чај филтер 20 ќесички...

75 ден

Чајот содржи лист од сена или популарно кај народот познат како мајчин лист. Листот од сена е најчесто користен растителен лаксатив, кој придонесува за нормално празнење на цревната содржина. Листот од нане ја намалува надуеноста и го олеснува испуштањето на гасовите. Исто така, дејствува спазмолитично, односно ги намалува грчевите во цревата и придонесува за нормално варење на храна.

ajducka treva -10%

Чај Ајдучка трева 50 гр

90 ден
– Латинско име – Achillea millefolium
– Подготовка на чај:  2 лажички прелијте ги со 200мл зовриена вода, оставете го садот покриен 10-15 минути и прецедете.
– Хемиски состав: флавоноиди, есенцијално масло, алкалоиди, органски киселини, шеќери, тритерпени.
– Употреба: зa подобрување на апетитот, за олеснување на тегоби на органите за варење, за болки и грчеви во стомакот, за елиминирање на гасови, регулација на лачење на жолчката.