Конезимот Q10 е една од неопходните компоненти на нашиот организам кој најмногу го има во срцевиот мускул, црниот дроб, панкреасот и бубрезите. Со своето антиоксидативно дејство најмногу се користи за превенција на срцеви заболувања, хиперлипидемија, а е во состав и на многу креми за подобрување на состојбата на кожата која старее. Сите производи се достапни за онлајн нарачка со бесплатна достава.

Прикажани 3 производи

SYNERGY BIOZYM Q10® 100mg 30 капсули

820 ден

ЕНЕРГИЈА ЗА СЕКОЈА КЛЕТКА

Sanct Bernhard Coenzim Q10 plus – 150...

4,890 ден

Додаток во исхрана

Состав: магнезиум карбонат, желатин, коензим Q10 (12%), ниацин, витамин Е сукцинат, агенс –  малтодекстрин, калциум D пантонтенат, агенс против стврднување – магнезиум стеарат, силициум диоксид, витамин В2, витамин В6 хидрохлорид, витамин В1 мононитрат, фолна киселина, натриум селенит, биотин, витамин В12.

Начин на употреба: 1 капсула дневно како додаток во исхраната наутро со доволно течност.

Dr.Nature Коензим Q 10 – 30 капсули

1,270 ден

Енергија и младост по најдостапна цена!
Коензимот Q10 го помага процесот на согорување на хранливите материи што секојдневно ги внесуваме преку храната и игра најзначајна улога во процесот на нивното трансформирање во енергија корисна за клетките и одвивање на сите витални процеси во нашиот организам. Создавањето и трансформацијата на енергија во нашите клетки не може да се замисли без коензимот Q10. Уште од нашето раѓање, нашиот организам започнува да го создава и без него би настанала енергетска криза, особено заради неговото значење за правилно фунционирање на нашето срце. До 20-ата година човековиот организам е во состојба да произведува Q10 со кој ги снабдува клетките на својот организам. Потоа настапува период на постепено опаѓање на количината на коензимот Q10 што организмот може сам да го произведе. По изминување на 60-ата година неговата содржина во срцевиот мускул опаѓа двојно, што води до нарушување на фунцијата на срцето и појава на срцеви заболувања.
Dr. Nature го препорачува при: хроничен замор, стрес, физички и психички оптоварувања; слаб имунолошки систем и сл. Дополнителното внесување на Q10 се препорачува за луѓе во понапредната возраст, бидејќи нивното тело не е во состојба само да произведе доволно количество на Q10. Го потпомага кардио-васкуларниот систем, има благопријатно дејство при настинки и грип и силно изразен anti-age ефект.