Во оваа категорија можете да најдете производи кои се користат како додатоци во исхраната со различен состав за подобрување и одржување на Вашето здравје. Сите производи се достапни за онлајн нарачка со бесплатна достава.

Прикажан 31 производ

Dietpharm Силимарин и Артичока капсули

537 ден

Додаток во исхраната со екстракти од плодови од бел трн и лист од артичока, витамин Е,цинк и селен.

 

Sanct Bernhard Масло од ноќниче – 200...

2,270 ден

Хормонална рамнотежа по природен пат!
Маслото од ноќниче изобилува со полинезаситени масни киселини Омега 3 и Омега 6 (пред се гама – линоленската киселина 9%) кои се од големо значење за метаболичките процеси во телото и помагаат во размената на материите и воспоставување на природен хормонален баланс. Исто така придонесуваат за постигнување на здрава и витална кожа, помагаат за доброто расположение во деновите пред и за време на месечниот циклус, за добра состојба и хормонален баланс за време на менопауза.
Sanct Bernhard ги препорачува да се користат при: хормонален дисбаланс на организмот, проблеми со менструалниот циклус и предменструален синдром, проблеми со репродуктивни органи и крвни садови.

Dietpharm Глукозамин сулфат 500 – 30 капсули

359 ден

Додаток во исхраната со Глукозамин

Dietpharm Ginko Omega

499 ден

Гинко и Омега 3 – природни суплементи за одлична концентрација и меморија

Dietpharm Магнезиум Ноќ капсули

420 ден

Додаток во исхраната со магнезиум, витамин Б6, мелатонин, валеријана и лактиум.


Sanct Bernhard Чисто масло од црн ким...

3,030 ден

100% чисто масло од египетски црн ким (Nigella sativa Seed Oil)

Sanct Bernhard Зеленоусна школка – 170 капсули

2,650 ден

Сопрете го абењето на зглобовите!
Екстратот од Зеленоусна школка помага во нормално функционирање на зглобовите и коските. Во нормалното секојдневние зглобовите, рскавицата и сврзното ткиво се изложени на разновидни оптоварувања. Поради тоа важно е тие да бидат снабдени со сврзивните елементи кои им се потребни. Капсулите со екстракт од зеленоусна школка помагаат во процесот на регенерирање и складирање на рскавицата и сврзното ткиво. Исто така помагаат и за нормално функционирање на слузницата во желудникот.
Sanct Bernhard ги препорачува да се користат при: ревматичен артритис и остеоартритис, спондилоза и ишијас, болки во зглобовите, дегенеративни процеси во зглобовите, оштетување на рскавицата, повреди при тешки физички напори, прекумерна тежина, неправилно движење и постојано седење на работното место.

Sanct Bernhard black cuimn -40%

Sanct Bernhard Масло од црн ким плус...

1,362 ден

„Во црното семе има лек за се, освен за смртта“ Древна мисла од Истокот
Маслото од црн ким и неговата исцелувачка моќ се познати илјадници години наназад, а неговото лековито дејство е потврдено и преку безброј клинички испитувања. Уникатниот состав на маслото од црн ким ја подобрува функцијата на тимусната жлезда, го стимулира ‘рбетниот мозок, ја подобрува циркулацијата на крв, ја стимулира сексуалната активност и претставува богат извор на незаменливи аминокиселини. Маслото од црн ким делува како моќен имуномодулатор и поседува антиканцерогено и антибактериско дејство. Исто така делува на регулирање на хормоналниот и липидниот баланс и на крвниот притисок.
Sanct Bernhard ги препорачува да се користат при: алергии, астма, главоболки, мигрени, пад на имунолошкиот систем, паразитни заболувања и нивно спречување (како основно или споредно средство), хипертензија и покачен холестерол, чир, гастритис, гасови, хроничен замор и сл.

Sanct Bernhard Лук – 180 капсули

1,235 ден

Не го пропуштајте чудотворното дејство на лукот! Кажете им стоп на артеросклерозата и грипот!
Лековитите својства на лукот се познати уште пред илјадници години, благодарение на алицинот кој што го содржи. Лукот е моќен антиоксидант кој има докажано антихипертензивно, антибактериско и антивирусно дејство. Ја регулира циркулацијата на крв во крвните садови и помага во регулирање на функциите на дигестивниот, кардиоваскуларниот и имунолошкиот систем. При термичка обработка тој ги губи своите лековити својства, па затоа капсулите со лук на Sanct Bernhard се подготвени со користење на технологија на сушење на лукот со што лековитите состојки на лукот се сочувани.
Sanct Bernhard ги препорачува да се користи при: проблеми со крвниот притисок, регулирање на нивото на шеќер и холестерол во крвта, при нарушувања во варењето на храната, при вирусни и габични инфекции, артеросклероза, пореметување на циркулацијата на крвта, респираторни проблеми и др.

Dietpharm Дигестин ензими таблети

349 ден

Додаток во исхраната со бромелаин, папаин, целулаза, калциум и рибофлавин.

 

Dietpharm Centravit Energy Direkt ќесички

449 ден

Витаминско минерален додаток на исхраната со коензим Q10 во форма на гранули за директна употреба.

Sanct Bernhard Глог плус – 240 капсули

3,030 ден

Најдобриот пријател на срцето! Докажан низ годините!
Екстрактот од глог го зајакнува срцевиот мускул, ги проширува коронорните садови, спречува нарушувања на срцевата работа, го забавува стареењето на срцето и ја стимулира циркулацијата на крвта. Глогот претставува богат извор на хемиски соединенија кои ги прошируваат крвните садови на срцето и мозокот и на тој начин ја подобруваат циркулацијата и срцевиот мускул и мозокот добиваат повеќе кислород. Биофлавоноидите содржани во глогот поседуваат и силни антиоксидантни својства.
Sanct Bernhard ги препорачува при: проблеми со кардиоваскуларниот систем, срцева аритмија, нарушена циркулација, артеросклероза, хипертензија.

Sanct Bernhard АФА – 120 таблетки

3,790 ден

Еликсир за мозокот и телото!
АФА алгите од Кламатското езеро се моќен биостимулатор и природен производ за прочистување и регенерирање на организмот. Капсулите ја подобруваат општата физичка и психичка состојба, го подобруваат сонот, расположението, помнењето и концентрацијата, како и издржливоста при ментални оптоварувања. Ја стимулираат работата на епифизата, хипоталамусот и хипофизата.
Sanct Bernhard ги препорачува при: тешки физички и психички оптоварувања, пад на имунитетот, при стрес, хроничен замор, депресија, невропсихички растројства, опоравување по инфаркт, опоравување по тешки и долготрајни болести, алцхајмерова и паркинсонова болест, епилепсија, анемија.

Dietpharm Јаболков оцет капсули

450 ден

Додаток во исхраната со јаболков оцет, Б-витамини и витамин Е

Dietpharm Makulin капсули за подобар вид

490 ден

Додаток во исхранат со FloraGLO® лутеин,зеаксантин и цинк. 

Sanct Bernhard Селен – 180 капсули

1,515 ден

Еден од најважните микроелементи за здрав имунитет и борба против вирусите!

Микроелементот селен е моќен антиоксидант. Има моќен ефект и ја помага работата на имунолошкиот и кардиоваскуларниот систем, работата на тироидната жлезда и влије врз способноста за репродукција. Основната функција на селенот како микроелемент на ензимот глутатион пероксидаза е да ја потиснува оксидацијата на липидите (мастите). Во организмот селенот го внесуваме преку житариците. Истражувањата покажуваат дека селенот е во недоволни количини во почвата, а освен тоа се губи и при подготвување на храната, така што неопходно е да се внесува преку додатоци во исхрана за да се обезбедат дневните препорачани дози за правилно функционирање на организмот.
Sanct Bernhard го препорачува при: заштита на клетките од оксидативен стрес, за подршка на имунитетот во борба со патогени инфекции, при проблеми со кардио-васкуларниот систем, за превенција против малигни заболувања, при проблеми со црниот дроб и дигестивниот систем, при проблеми со тироидната жлезда (хипер функција), при проблеми со кожата, при сексуална дисфункција, при физичко и психичко оптоварување.

Sanct Bernhard Омега – 3 рибино масло...

985 ден

За здрава циркулација, кожа, нокти и коса!
Омега – 3 масните киселини во комбинација со витаминот Е помагаат во нормално функционирање на кардиоваскуларниот, имунолошкиот и остео- артикуларниот систем. Капсулите помагаат во изградба и стабилизирање на клеточните мембрани, клеточното дишење, го неутрализираат дејството на слободните радикали, го одржуваат хормоналниот баланс и помагаат во одржување на нормалните функции на кожата, зглобовите, крвните садови, срцето и мозокот.
Sanct Bernhard ги препорачува да се користат при: заболувања на срцето и мозокот, акни, лупус, псоријаза и други кожни заболувања, кај проблематична кожа и заби, кршливи нокти, проблеми со капилари, коагулација, проширени вени, стерилитет, предменструален синдром (ПМС), артритис и проблеми со зглобовите, проблеми со крвниот притисок, зголемено ниво на холестерол и триглицериди во крвта, депресии, при воспалителни процеси.

Sanct Bernhard Спирулина – 360 капсули

3,560 ден

Природна енергија за секој ден!
Спирулината е сино- зелена алга која е моќен антиоксидант и природен извор на безброј витамини, минерали, протеини, аминокиселини, есенцијални масни киселини, ензими, пигменти и картеноиди. Благодарение на изобилството на хранливи материи се нарекува и „супер храна на иднината“. Нејзиниот избалансиран состав се препорачува како додаток во исхраната на луѓе со вегетаријански, макробиотички и конвенционален начин на исхрана, како и на луѓе кои се во посебен режим на исхрана (спортисти, дијабетичари и со покачена тежина). Спирулината го поддржува нормалното функционирање на имунолошкиот, кардиоваскуларниот и нервниот систем, а учествува и во обновување на ткивата и во регенерирање на организмот.
Sanct Bernhard ги препорачува при: закрепнување по долготрајно тешко боледување, при здраво слабеење, ублажување на болки предизвикани од артритис, предменструални болки, егземи, за потпомагање во регулацијата на нивото на холестерол и шеќер во крвта, крвниот притисок, при тешки физички оптоварувања.

Sanct Bernhard Цимет со хром и цинк...

2,270 ден

Додаток за регулирање на шеќер во крвта!
Основното дејство на циметот е поврзано со регулирањето на вредностите на шеќерот во крвта во организмот. Тој го помага метаболизмот на јаглените хидрати и циркулацијата на крвта. Микроелементот хром помага во преносот на гликозата (крвниот шеќер) до мембраните на клетките и внатре во клетките, каде што може да биде потрошена и претворена во енергија. Хромот исто така помага во зголемување на липопротеините со висока густина – добриот холестерол, којшто помага за исфрлање на липопротеините со ниска густина – лошиот холестерол од организмот. Помага за регулирање на шеќерот во крвта.
Sanct Bernhard ги препорачува да се користат: како додаток во третманот на диабетис, забавен метаболизам, зголемена концентрација на масти во крвта, зголемен холестерол.

Sanct Bernhard Хлорела – 180 капсули

2,460 ден

Запрете ги воспалителните процеси во организмот!
Хлорелата е силен имуностимулатор. Го намалува крвниот притисок и лошиот холестерол. Хлорелата го подобрува варењето, апсорпцијата и лачењето. Влакната во структурата на алгата ја стимулираат перисталтиката на цревата, со што помагаат за зголемување на корисните аеробни организми во дигестивниот тракт. Ја прочистува крвта, црниот дроб, бубрезите и цревата. Има антиканцерогено дејство и се користи при зрачење и хемотерапии, како и при хемиски отрови и тешки метали во организмот.
Sanct Bernhard ги препорачува при: дисбактериоза, хронични и акутни воспалителни процеси од вирусно и бактериско потекло, акутни респираторни заболувања, артеросклероза, простатит, чир, гастритис, хемороиди, за чистење и зајакнување на организмот по хемотерапија и зрачење.

Dietpharm Уропростал капсули

700 ден

Додаток во исхраната со екстракти од плодовите од сабал палма и корен од коприва, ликопен, цинк, селен и витамин Е.

 

 магнезиум карбонат, желатин, коензим Q10 (12%), ниацин, витамин Е сукцинат, агенс –  малтодекстрин, калциум D пантонтенат, агенс против стврднување – магнезиум стеарат, силициум диоксид, витамин В2, витамин В6 хидрохлорид, витамин В1 мононитрат, фолна киселина, натриум селенит, биотин, витамин В12. -40%

Sanct Bernhard Coenzim Q10 plus – 150...

2,934 ден

Додаток во исхрана

Состав: магнезиум карбонат, желатин, коензим Q10 (12%), ниацин, витамин Е сукцинат, агенс –  малтодекстрин, калциум D пантонтенат, агенс против стврднување – магнезиум стеарат, силициум диоксид, витамин В2, витамин В6 хидрохлорид, витамин В1 мононитрат, фолна киселина, натриум селенит, биотин, витамин В12.

Начин на употреба: 1 капсула дневно како додаток во исхраната наутро со доволно течност.

Sanct Bernhard Артичок – 150 таблетки

2,270 ден

Зачувајте го здравјето на Вашиот црн дроб, жолчка и желудник!
Екстрактот од листови на артичок го активира лачењето на жолчка и со тоа го помага варењето на храната, го спречува застојот на жолчка во жолчните канали и го стимулира излачувањето на панкреасен сок. Капсулите потпомагаат при диспептични проблеми, гасови во цревата и подуеност на стомакот, чувство на гадење и повраќање по јадење, проблеми со апетитот и сл. Екстрактот од листови на артичок го подобрува метаболизмот на мастите, натрупани во црниот дроб, го штити и прочистува црниот дроб, го спречува формирањето на камења во жолчното кесе, влијае врз намалување на холестеролот, спречува таложење на мочната киселина при гихт.
Sanct Bernhard ги препорачува за: лица кои имаат проблем со варењето на храната, проблеми со желудникот, подуеност и гасови во стомакот, нарушен метаболизам на масти, проблеми со црн дроб и жолчка, артеросклероза.

Sanct Bernhard Аргинин – 120 капсули

2,865 ден

За здраво срце и сила!
Аргининот e есенцијална аминокиселина која што самиот организам не може да ја синтетизира во доволни количини, па затоа треба да се зема преку храна или како додаток во исхрана. Аргининот има незаменлива улога во синтезата на хормоните, го зголемува излачувањето на хормонот за раст, помага при детоксикација на организмот, го зајакнува имунолошкиот систем, го регулира тонусот на крвните садови, ефикасно се спротивставува на слободните радикали, ја подобрува сексуалната функција и помага во намалувањето на вишокот маснотии во организмот. Sanct Bernhard го препорачува при: проблеми со кардиоваскуларниот систем, проблеми со дебелина, еректилна дисфункција.

Sanct Bernhard Колострум – 90 капсули

3,245 ден

Силата на првото мајчино млеко! Природен имунитет и регенерација!
Колострумот е една од четирите клеточни храни, кој содржи над 37 имуно и над 8 растечки фактори, кои што ги поддржуваат и обновуваат речиси сите органи и системи во организмот. Го зајакнува имунитетот и има антивирусно, антибактериско, антиинфламаторно, антиоксидантно и антиканцерогено дејство. Колострумот ги уништува патогените бактерии, помага во формирањето на добрите бактерии и ја подобрува апсорпцијата на храна и лекови. Колострумот помага во зајакнување на густината на коските, помага против алергии, ја зголемува издржливоста при тешки физички и психички оптоварувања, ја потпомага еластичноста на кожата и регенерацијата на сите ткива во организмот.
Sanct Bernhard ги препорачува при: нарушување на имунолошкиот систем, при тешко заздравување на рани, воспаленија на дишните патишта (бронхити,пневмонии, астми, синузити и др.), проблеми со уринарниот систем (цистит, простатит, аденоми на простата), проблеми со дигестивниот систем (гастрит, чир, колитис, нарушена миклофлора), проблеми со коските и зглобовите (артритис, артроза, рахитис, остеопороза, гихт), дијабетес, регулирање на нивото на холестерол, како и за нормален раст на децата.

Sanct Bernhard Sanct Bernhard Брусница – 90...

3,030 ден

Здравје за уринарниот тракт, бубрезите и мочните патишта! Стоп за цистите и воспаленијата!
Брусницата е добро позната од минатото по своето антиинфламаторно дејство на бубрезите и уринарниот тракт. Брусницата е богата со биофлавоноиди и фенолни соединенија. Таа служи и како диуретик и како средство за зајакнување на капиларите. Претставува ефикасно средство за лечење на цистит, бубрежна литиаза, гихт и др. Екстрактот од брусница е одличен лек за инфекции на мочните патишта. Тој поседува кардиотонично и хипоинтензивно дејство. Брусницата содржи флавоноид кверцетин којшто е докажан по своите противвоспалителни и антиоксидантни својства.
Sanct Bernhard ги препорачува да се користат при: проблеми со мочните канали и работата на бубрезите. Помага во излачувањето на мочна киселина и во растопувањето на камењата во бубрезите. Има моќно антиинфламаторно дејство против голем број на патогени микроорганизми. Помага при цистит, печење и болки при мокрење.

Sanct Bernhard Flax Oil – Омега 3-6-9...

1,990 ден

Здрави, убави и во форма! Масло од лен одгледан во контролирани еколошки региони!
Човековиот организам секојдневно има потреба од важни есенцијални аминокиселини, што не можат да се синтезираат во организмот. Такви се алфа – линоленовата (омега 3), линоловата (омега 6) и олеиновата (омега 9) незаситени масни киселини. Поли-незаситените масни киселини во лененото масло се од исклучителна важност за клеточните мембрани, ја подобруваат состојбата на кардиоваскуларниот систем, штитат од развој на артериосклероза и од коронарни заболувања.
Sanct Bernhard ги препорачува да се користат при: покачен холестерол, хипертензија, артритис, астма, проблеми со кардио-васкуларниот систем и зголемена телесна тежина, како и за здрави коски, зглобови, кожа, нокти и коса.

Sanct Bernhard Колаген Голд екстра – 525...

4,170 ден

За млада кожа без брчки! За здрави зглобови и коски!
Супер формула која многу лесно се апсорбира во организмот и е погодна за луѓе кои веќе внесуваат калциум и магнезиум во организмот. Хидролизираниот колаген е со висока концентрација на протеини. Тој е природен составен дел на кожата, косата, ноктите, коските, сврзните ткива и рскавиците, скелетната мускулатура, ѕидовите на крвните садови, белката на окото и придонесува во одржување на нивната функција. Калциумот и магнезиумот влијаат значајно на структурата на коските и забите, а магнезиумот ја подобрува функцијата на мускулите и ја намалува веројатноста за појавување на грчеви во мускулите. Природниот витамин C од ацерола дејствува како силен антиоксиданс и придонесува за „anti age“ ефект.
Sanct Bernhard го препорачува да се користи при: проблеми и болки во коските, зглобовите и тетивите, остеопороза, кожни алергии. За здрави нокти и коса, за блескава кожа и забавување на процесот на стареење. За еластичност на крвните садови. За здрави очи. При парадентози и дерматози.

Sanct Bernhard Селен плус A, C и...

1,890 ден

Уловете ги слободните радикали! Зачувајте ги клетките здрави!
Капсулите со внимателно избалансиран состав на Селен плус витамини А, С и Е се моќни антиоксиданти кои нудат единствена можност за стимулирање на функционалната употреба на клетките до длабока старост. Имаат силно синергиски дејство и ја помагаат работата на имунолошкиот и кардиоваскуларниот систем, работата на тироидната жлезда и влијаат на способноста за репродукција. Магнезиумот е витален катализатор на активноста на ензимите кои учествуваат во создавањето на енергија.
Sanct Bernhard ги препорачува да се користат при: проблеми со тироидната жлезда, чести инфекции, проблеми со видот, стерилитет, срцеви аритмии, дерматолошки проблеми, болести на црниот дроб, при тешки физички и психички оптоварувања.

Dietpharm Кондроин форте капсули

725 ден

Додаток во исхраната со глукозамин и кондроитин