Сите еликсири, адаптогени и препарати кои имаат широк спектар на дејство и кои помагаат за подобрување и одржување на општата благосостојба на организмот. Сите производи се достапни за онлајн нарачка со бесплатна достава.

Прикажани 7 производи

Health Aid Turmeric 750mg таблети

1,322 ден

Едно од најкорисните растенија Curcuma longа има долга историја во медицината по Ајурведа. Куркумин е активната компонента на турмерик, кој се одликува со многубројни бенефити по здравјето.

Kiberg Sebomax Control Shampoo 200 ml За...

880 ден

За чувствителен скалп, чешање, печење, првут, себороичен дерматитис.

За секој тип на коса

Шампон против првут, погоден за чувствителен скалп. Отстранува нечистотија и наслаги на косата и скалпот и ја враќа заштитната функција на скалпот. Редовната употреба на шампонот води до долгорочна контрола на првут, чешање и лупење на скалпот.

Kiberg Sebomax Anti-Dandruff Lotion За Против Првут

816 ден

За скалп склон кон првут, лихен планус, чешање и лупење

За секој тип на коса

Лосион против првут кој го смирува чешањето и иритацијата во скалпот. Содржи селен сулфид и салицилна киселина, кои помагаат брзо да се исчисти скалпот. Исклучително ефикасен за долготрајна употреба, не доведува до навикнување на кожата.

Kiberg Sebomax Control Shampoo За Сензитивен Скалп

750 ден

За чувствителен скалп, проследено со чешање и лупење на кожата.

За секој тип на коса. За секојдневна употреба од целото семејство.

Смирувачки шампон за чувствителен скалп кој чеша и се лупи. Нејзината специјална дерматолошка формула не содржи иритирачки и алергенски состојки, што ја прави погодна за луѓе со преосетлив скалп. Содржи ментол и декспантенол со смирувачки ефект и витамин Е со силно антиоксидантно дејство. Ефикасно го мие насобраниот себум и нечистотиите и го ублажува непријатното чешање на скалпот.

MARISOL SENSITIVE СПРЕЈ 50ml

283 ден

Marisol sensitive спреј раствор за нос е изотоничен раствор од морска сол збогатен со екстракт од лист на Aloe vera. Наменет е за лица кај кои е отежната физиолошката функција на носната слузокожа како и за секојдневно одржување на хигиената на носната шуплина. Marisol sensitive растворот ја враќа природната влажност на носната слузокожа, способноста за самопрочистување и нормална продукција на слуз која ја штити од сушење и механички надразнувања (чад, прашина, и сл.). Гелот кој потекнува од листот на Aloe vera има противвоспалително дејство, доведува до намалување на отокот и го подобрува процесот на епителизација кај иритирана и оштетена слузокожа на носот за време и после инфекции. Покрај тоа, содржи и витамини Ц и Е, како и цинк кој ја намалува можноста за развој на бактериски и вирусни инфекции на ниво на горните дишни патишта. Поради способноста целосно да ја обложи и смири дури и најчувствителната носна слузница, Marisol sensitive е особено погоден за примена кај лица склони кон алергии.

MARISOL IMUNO 50ML

283 ден

Marisol imuno спреј раствор за нос е изотоничен раствор од морска сол, збогатен со цинк. Наменет е лица кај кои е отежната правилната физиолошка функција на носната слузокожа, како и за секојдневно одржување на хигиената на носната шуплина. Marisol imuno растворот ја враќа природната влажност на носната слузокожа, способноста за самопрочистување и нормална продукција на слуз која ја штити од сушење и механички надразнувања (чад, прав итн.). Цинкот содржан во растворот е олигоелемент кој ги смирува воспалителните просцеси на ниво на слузокожата на носот и дејствува антиоксидативно. Цинкот е важен фактор за одржување на сетилата за вкус и мирис. Со редовно испирање на носната шуплина, неколку пати дневно, се намалува можноста за инфекција на горните дишни патишта.

MARISOL ECTOIN 50ML

439 ден

Marisol Ectoin спреј раствор за нос е изотоничен раствор на морска сол со ектоин. Наменет е за лица кај кои е отежната физиолошката функција на носната слузокожа, како и за одржување на секојдневна хигиена на носната шуплина, особено во сезона на алергии. Благодарение на ектоинот на сигурен и ефикасен начин ги ублажува симптомите на алергиски ринитис и ја штити носната слузокожа од алергени од надворешната средина. Ектоин е природна супстанца која се добива од микроорганизми (екстремофили) кои живеат во многу неповолни услови (висока температура, УВ зрачење, притисок, салинитет). На така неповолни услови од средината, екстремофилите реагираат со лачење на ектоин, кој ги стабилизира клетките, го штити имуниот систем на кожата и остварува долготраен ефект на хидратација. Ја штити слузокожата на носот од иританси, алергени, делува цитопротективно, ги намалува воспаленијата и ја штити слузокожата од сушење.