Сите еликсири, адаптогени и препарати кои имаат широк спектар на дејство и кои помагаат за подобрување и одржување на општата благосостојба на организмот. Сите производи се достапни за онлајн нарачка со бесплатна достава.
CINKDERMIN паста 5g
CinkDermin паста остварува протективно дејство на кожата, со формирање на бариера која штити од иритирачки агенси и влага, благодарение на присуството на цинк оксид и талк.
Цинк оксид на местото на примена делува смирувачки на кожата овозможува заштита од негативните надворешни влијанија. Исто така, поседува и благо адстрингентно делување. Талкот манифестира адсорбентно дејство.
MARISOL SENSITIVE СПРЕЈ 50ml
Marisol sensitive спреј раствор за нос е изотоничен раствор од морска сол збогатен со екстракт од лист на Aloe vera. Наменет е за лица кај кои е отежната физиолошката функција на носната слузокожа како и за секојдневно одржување на хигиената на носната шуплина. Marisol sensitive растворот ја враќа природната влажност на носната слузокожа, способноста за самопрочистување и нормална продукција на слуз која ја штити од сушење и механички надразнувања (чад, прашина, и сл.). Гелот кој потекнува од листот на Aloe vera има противвоспалително дејство, доведува до намалување на отокот и го подобрува процесот на епителизација кај иритирана и оштетена слузокожа на носот за време и после инфекции. Покрај тоа, содржи и витамини Ц и Е, како и цинк кој ја намалува можноста за развој на бактериски и вирусни инфекции на ниво на горните дишни патишта. Поради способноста целосно да ја обложи и смири дури и најчувствителната носна слузница, Marisol sensitive е особено погоден за примена кај лица склони кон алергии.
MARISOL PANTHENOL 50ML
Marisol panthenol спреј раствор за нос е раствор од морска сол збогатен со калциум-Д-пантотенат. Наменет е за лица кај кои е отежната физиолошка функција на носната слузокожа, како и за одржување на секојдневната хигиена на носната шуплина. Marisol panthenol растворот ја враќа природната влажност на носната слузокожа, способноста за самопречистување и нормална продукција на слуз која ја штити од сушење и механички надразнувања (чад, прав итн.). Растворот е збогатен со калциум-Д-пантотенат кој го подобрува процесот на епителизација кај иритираната и оштетена носна слузокожа. Со редовно испирање на носната шуплина, неколку пати дневно, се намалува можноста за инфекција на горните дишни патишта.