Сите еликсири, адаптогени и препарати кои имаат широк спектар на дејство и кои помагаат за подобрување и одржување на општата благосостојба на организмот. Сите производи се достапни за онлајн нарачка со бесплатна достава.

Прикажани 2 производи

KHAN YAKI Ревматски фластер

28 ден

Хан Јаки е перфориран фластер којшто содржи капсаицин (супстанца изолирана од топли пиперки) која покажува долгорочна термална активност. На местото на примена, ја зголемува температурата на кожата и предизвикува зголемен проток на крв со зголемено црвенило кое доведува до пријатно чувство на топлина. Се користи како локален агенс за олеснување на болката, напнатоста и вкочанетоста во мускулите, зглобовите и коските. Најчесто се користи за олеснување на болката во долниот дел на грбот (лумбален синдром) и за помош при вкочанетост на зглобовите на колената, рацете, рамената (остеоартроза). За поинтензивно чувство на топлина, местото третирано со фластер треба дополнително да се загрее.

 

KONJSKI BALSAM 200ml

245 ден

Quick Konjski balsam е производ формулиран на база на природни состојки. Во себе содржи етерични масла од нане и еукалиптус, кои на местото на примената доведуваат до подобрување на циркулацијата, опуштање на мускулите и ублажување на воспаленијата. Високиот процент на ментолот придонесува за засилено пријатно чувство на ладење на местото на примена и за олеснување на ревматските тегоби. Формулацијата е потполнета со додаток на пантенол, кој ја негува, хидрира и епителизира кожата.
Благодарение на синергетскиот ефект на активните состојки, Quick Konjski balsam помага при болки во мускулите, слаба подвижност на зглобовите, шинување, истегнување и при сите спортски повреди. Поради своето стимулативно дејствување на локалната циркулација, Quick Konjski balsam ги олеснува тегобите од проширени вени, го отстранува чувството на уморни и тешки нозе и ја смалува можноста за појава на грчеви. Се препорачува негова примена за масажи во текот или по спортските активности.
Quick Konjski balsam по нанесувањето на кожата, дава долготрајно и пријатно чувство на ладење. Не ја масти кожата и не остава леплива трага на местото на примена.