Прикажани 3 производи

Levrana CALENDULA / КРЕМА ЗА ЛИЦЕ И...

800 ден

Оваа крема со SPF фактор обезбедува висок степен на природна заштита. Ги комбинира хидратантните и заштитните својства на хидролатот од невен со регенерирачките својства на маслата од сусам и ленено семе. Цинк оксидот е безбеден, широкоспектарен, минерален филтер. Останувајќи на површината на кожата, создава заштита од сонцето, борејќи се со кратките УВБ зраци, спречувајќи изгореници. Исто така, заштитува и од долгите, длабокопенетрирачки УВА зраци кои предизвикуваат фотостареење и меланома.

Природните масла, поседувајќи природен фактор за заштита од сонце, од една страна делуваат како хемиски филтер и промовираат еднаков тен, а од друга страна ја хранат и регенерираат кожата оштетена од ултравиолетовото светло, совршено лечејќи и хранејќи со антиоксиданти.

Кремите со физички филтри имаат доста густа конзистенција, па има неколку особености за нивната употреба. Треба да се нанесат во тенок слој, распределувајќи добро врз кожата. Растителни масла како кокос, шеа путер, макадамиа, авокадо, пченични никулци, може да се додадат на кремата за подобра дистрибуција и удобно нанесување на кремата. Ова на никој начин нема да влијае на нивото на заштита од сонце.

Шипинка – има регенерирачки и витаминизирачки ефект. Со нејзните биохемиски својства, екстрактот од шипинка е блиску до својствата на кожата, па е способен да пенетрира длабиснки во структуралните слоеви. Активно пренесува и ослободува заздравувачки супстанци, храни и ја омекнува кожата, додека респирацијата на кожните клетки не е нарушена и порите и жлездите не се запушени.

Лаванда – се користи како компонента која има антисептично, бактерицидно, заздравувачко, анти-воспалително и седативно дејство. Промовира регенерација на епидермалните клетки.

Невен – цветовите од невен имаат анти-воспалително, заздравувачко и бактерицидно дејство. Ја подобруваат работата на регенеративните процеси на кожата, ги зајакнуваат капиларите на кожата и спречуваат стареење на клетките.

PIERRE CARDIN LEGENDARY COSMETICS СЕТ ЗА ЖЕНИ

9,350 ден

Типови на кожа: Погоден за сите типови на кожа

Компактна пудра Porcelain Edition 12гр.-Natural honey 360: Благодарение на својата свилена и мазна структура, оваа пудра ќе биде совршено компактна со вашата шминка во текот на денот. Дава фино кашмирско чувство и сјај, помага да се елиминираат несовршеностите на кожата, а во исто време обезбедува голема удобност. Ултра фината и свиленкаста компактна пудра и помага на кожата да ја одржи сопствената виталност и свежина, промовирајќи мат и природен сјај на површината на кожата.

Руменило Porcelain Edition 13гр. –Peach 165 : Руменило во прав развиено од Pierre Cardin го прави нанесувањето многу поудобно благодарение на неговата мека текстура.Со својата свиленкаста супер-микронизирана технологија за пигмент, дава неодоливо чувство на мекост додека ги истакнува вашите образи.

Alberto Taccini Cool Bloom Парфем за жени 50 мл.: Невозможно е да не се вљубите во прекрасниот мирис кој со својата комбинација на есенции од цвеќиња и дрва ви дава чувство на мир. Горна нота: Јасмин, цвет на османтус, Средна нота : Мимоза, Дрвена основна нота: Цветна, лактонска (кремаста и овошна), мошус.

Течна пудра Truly Matte Foundation 30мл.- Fresh Beige 611 : Trully Matte течна пудра, благодарение на специјалните состојки и уникатна формула ги крие сите несовршености на кожата и го изедначува тенот . Имајте порцеланска мат кожа во текот на денот, спречете го сјајот на кожата на Т-зоната на лицето. Благодарение на чувствителна формула која и овозможува на кожата да дише погодна e за мрсна и за нормална кожа.

Крема за раце 50мл : Кремот за раце Deep Romance со кератин за раце е збогатен со глицерин и витамин Е, кои длабински ја негуваат и хидрираат кожата на рацете. Кератинот помага да се врати мекоста на кожата. Ги прави рацете кадифено меки и мазни.

Ролон 50мл.: Ролонот Deep Romance обезбедува долготрајна заштита на непријатниот мирис за пределот на пазувите. Со својата формула засилена со активни состојки против потење дава чувство на свежина и помага да се спречи влажноста .

Молив за усни водоотпорен –Natural beauty 210 : Екстремно долготраен, мат ефект на усните. Благодарение на неговата мека текстура, моливот едноставно ги oцртува усните .Со нанесување на целата површина на усните, можете да ги направите визуелно пополни и поголеми .

Тоник за лице 200мл.: Oсвежителен тоник за подмладена и здрава кожа. Откако целосно ќе ја отстраните шминката, нанесете освежителен тоник и започнете го денот со свежа кожа. Вашата кожа ќе ви се заблагодари за смирувачките ефекти на екстрактот од алое вера и краставица кои ги содржи тоникот Pierre Cardin. Пантенолот и витаминот Е ќе ви помогнат да ја одржите вашата кожа влажна.

Маскара за очи водоотпорна Water (Tears) Proof 5.5 мл.: Меката, кремаста формула збогатена со восок ја одржува еластичноста и дава изглед на бујност на трепките.
Со специјално дизајнирана четка која дава дополнителен волумен, ги подигнува вашите трепки од коренот до врвот, истакнувајќи ги и веднаш згуснувајќи ги.
Маскарата со високо специјализирана четка со три ефекти, изработена од специјални влакна е дизајнирана да го зголеми волуменот, одвојувањето и акцентирањето на трепките.

Молив за очи долготраен Midnight Black 503 : Долготраен молив за очи што може да се остри.Специјалната формула овозможува да не се размачкува и дозволува лесно нанесување.

Четка за нанесување на пудра : Рамна четка која ви помага лесно да ги нанесете сите видови подлога и пудри на избалансиран и мазен начин . Со оваа четка ќе и дадете на вашата кожа беспрекорен резултат и во исто време ќе добиете природен изглед.

Спреј за тело 200мл: Спрејот за тело Rose Beauty со својата формула збогатена со природни екстракти со својот пријатен мирис на Роза , прави да се чувствувате свежо во текот на цел ден.

Сенка за очи палета од 18 нијанси : Нова палета на нијанси совршена за сечиј вкус. Бисерен ефект на очите, долготрајна шминка.

Лак за нокти Mon Joli Vernis 10 мл. -135 : Нова генерација на супер долготраен сјаен лак за нокти со висок интензитет на боја. Благодарение на неговата беспрекорна течна текстура која совршено се лизга на ноктите и неговата специјална четка ќе имате совршена контрола на нанесувањето.

Лак за нокти Mon Joli Vernis 10 мл. -136 : Нова генерација на супер долготраен сјаен лак за нокти со висок интензитет на боја. Благодарение на неговата беспрекорна течна текстура која совршено се лизга на ноктите и неговата специјална четка ќе имате совршена контрола на нанесувањето.

Ноктарица за сечење на нокти : Безбедно и прецизно сечење на вашите нокти со ноктарицата на Pierre Cardin.

Пинцета : Оформете ги вашите веѓи со специјалните остри рабови на пинцетата Pierre Cardin.

Кармин за усни Matte Rouge 4гр.– Aurora 208 : Мат кармин формулиран со избрана мешавина на масла, за целосна мазност и совршена удобност на вашите усни. Кремаста и многу еластична текстура за лесно нанесување.

Течен кармин Staylong Kissproof 5мл.- Coco Tan 336 : Течниот кармин Staylong Kissproof содржи долготрајни својства на брзо сушење и никогаш не ги растегнува усните.Благодарение на неговата лесна текстура прави да се чувствувате како да нема ништо на вашите усни. Има интензивно покривање и не создава сувост на усните за разлика од постојаните мат течни кармини.

PIERRE CARDIN GORGEOUS COSMETIC СЕТ ЗА МАЖИ

6,050 ден

Типови на кожа: Погоден за сите типови на кожа

 Балсам за после бричење Aqua Men 150мл.: Pierre Cardin Aqua Men After Shave Balm е збогатен со витамин Е и алантоин, благодарение на освежувачките својства ќе и даде чувство на свежина на вашата кожа после бричење.

Ролон 50мл.: Ролонот Aqua Men обезбедува долготрајна заштита на непријатниот мирис за пределот на пазувите. Со својата формула засилена со активни состојки против потење дава чувство на свежина  и помага да се спречи влажноста .

Шампон за коса за мажи против перут Aqua Men 400мл.: Шампонот Pierre Cardin Aqua Men збогатен со состојката климбазол помага во спречување на перут. Ја прави вашата коса помека и полесно контролирана. Можете да ја почувствувате живоста на вашата коса и скалпот после секое миење.

Колонска вода за после бричење Aqua Men 150мл.: Колонската вода за после бричење ја освежува и релаксира вашата кожа по бричење со својот атрактивен мирис како оној на парфемите.

Гел за туширање  Aqua Men 300мл.: Pierre Cardin Aqua Men гелот за туширање помага да се спречи сушење на кожата со неговите збогатени природни екстракти. Ја прави вашата кожа помека и помазна после секое туширање. Ви помага да се справите со стресот. Погоден за сите типови на кожа со нејзината идеална pH вредност.

Alberto Taccini Melionism Машки парфем 50мл: Мелионизмот, луксузен и сензуален мирис, е истовремено модерен и безвременски со своите богати, темни, заводливи хармонии на цветни мириси и атрактивен еликсир на зачини. Горна нота: цитрус. Зачинета средна нота: јасмин, вуди,гарденија. Основна нота: гурмански миризлив мошус.

Шампон за волумен и против стареење на косата Protein Therapy 250мл.: Шампонот Protein Therapy Volumizing and Bouncing with Pisum Sativum Peptide and Rice Protein е наменет за коса со видлив недостаток во густината. Pisum Sativum пептидот и хидролизираниот протеин од ориз го подобруваат волуменот на косата и даваат  живост и моментален сјај.Pisum Sativum пептидот обезбедува волуменски и антиоксидантни придобивки против стареењето на косата и овозможува трајно регенерирање на  косата.

Ноктарица за сечење на нокти : Безбедно и прецизно сечење на вашите нокти со ноктарицата на  Pierre Cardin.

Пинцета : Оформете ги вашите веѓи со специјалните остри рабови на пинцетата Pierre Cardin.