Прикажани 5 производи

ALOE VERA БИОАКТИВЕН ГЕЛ 100ml

299 ден

Aloe vera биоактивниот гел е наменет за регенерација на иритирана, оштетена и дехидрирана кожа, како и за дополнителна нега на здравата кожа. Овој гел ги задоволува сите основни кожни потреби, ја чува природната pH вредност на кожата, ја храни, обезбедува балансирана влажност и ѝ овозможува на кожата нормално да “дише”.

Поради своето регенерирачко и смирувачко дејство, Aloe vera гелот е ефикасен кај различни кожни промени: Иритација, инфекција, воспаленија, изгореници, акни, осипи, црвенило и првутење.

Со нанесување на гелот на кожата по сончање се спречува предвременото стареење на кожата, настанок на брчки и флеки. На кожата ѝ се враќа сјајот, влагата и еластичноста, а исончаниот тен останува сочуван значително подолго време.

EUCERIN Ph5 Крем за раце, 75 мл

430 ден

Кремот за раце е специјално формулиран за да ја направи сувата и чувствителна кожа на рацете поотпорна и да ја заштити од исушување. Уникатниот pH баланс-систем на Eucerin содржи pH5 цитратен пуфер за да ја обнови и одржи рН на кожата.

Формулата содржи и декспантенол, активна состојка позната по своето регенеративно дејство и способноста да го забрзува заздравувањето на раните. Пантенолот ја обновува природната заштита на кожата и ја намалува нејзината чувствителност.

Кремот за раце помага да се намали загубата на влага и да се заштити кожата од иритација.

Користете го толку често, колку што е неопходно за мека и нежна кожа.

Пакување: 75 мл

DR PLANT 10% УРЕА

354 ден

Dr Plant 10% уреа кремата се користи за нега на сува, задебелена и испукана кожа.

Благодарение на својот состав, кремата брзо продира во длабинските слоеви на кожата и ја прави истата значително помека. Уреата ја хидрира кожата и го спречува нејзиното сушење и пукање.

URIAGE XEMOSE GENTLE CLEANSING SYNDET 500 ml

660 ден

Нежно ја чисти кожата.

URIAGE XEMOSE GENTLE CLEANSING SYNDET 200 ml

530 ден

Нежно ја чисти кожата.