ALOE VERA БИОАКТИВЕН ГЕЛ 100ml
Aloe vera биоактивниот гел е наменет за регенерација на иритирана, оштетена и дехидрирана кожа, како и за дополнителна нега на здравата кожа. Овој гел ги задоволува сите основни кожни потреби, ја чува природната pH вредност на кожата, ја храни, обезбедува балансирана влажност и ѝ овозможува на кожата нормално да “дише”.
Поради своето регенерирачко и смирувачко дејство, Aloe vera гелот е ефикасен кај различни кожни промени: Иритација, инфекција, воспаленија, изгореници, акни, осипи, црвенило и првутење.
Со нанесување на гелот на кожата по сончање се спречува предвременото стареење на кожата, настанок на брчки и флеки. На кожата ѝ се враќа сјајот, влагата и еластичноста, а исончаниот тен останува сочуван значително подолго време.
Kiberg Acne Out Лосион за Лице
За мрсна кожа на лицето и телото, склона кон појава на гнојни мозолчиња
За спречување на враснати влакна
Активен лосион дизајниран за посебна нега на мрсна и склона кон акни кожа со гнојни мозолчиња на лицето, грбот и деколтето. Неговата уникатна формула ефикасно влијае на маснотијата, спречува појава на црни точки и мозолчиња на кожата. Погоден е за секојдневна употреба и не влијае на фотосензитивноста на кожата. Олеснува иритацијата по бричењето и спречува повторно растење на косата по отстранувањето на влакната.
Првите резултати со правилна употреба се видливи во рок од 7 дена.
Stolz Гел – балсам со алое вера...
За здрава и свежа кожа!
Дејство: погоден за секаков тип на кожа. Алоето е добро познато по моќта да ја хидратира кожата длабински, да ги активира и стимулира процесите на регенерација и обновување на клетките. Сокот од алое го стимулира производството на колаген, ги намалува воспаленијата и црвенилата и помага за побрзо заздравување на лишаи, егземи и изгореници. Гел балсамот ја потхранува и измазнува кожата.
Embryolisse Lotion Micellare – Мицеларен лосион, 250мл
Мицеларен лосион за чистење на кожа и отстранување на шминка.
Bioderma Sensibio Defensive, 40 ml
Sensibio Defensive е наменет за третман на чувствителна кожа. Чувствителноста на
кожата може да биде од природно или индуцирано потекло, Sensibio Defensive делува и на двата вида чувствителност.
– Првите активни смирувачки креми кои ја зајакнуваат природната самоодбрана на кожата
против агресии
– Спречуваат чувствителност поттикната од животната средина и начинот на живот
– Помагаат на кожата да ги регулира механизмите на хипер-реактивност
– Го почитуваат екосистемот на кожата
Во состав го имаат заштитниот патент DEFENSIVE ТЕХНОЛОГИЈА, иновација на BIODERMA
лабораторијата кој ја зајакнува самоодбраната на чувствителната кожа.
DEFENSIVE ТЕХНОЛОГИЈА ја сочинуваат:
КАРНОЗИН и ВИТАМИН Е – штитат од оксидација
ТЕТРАПЕПТИД-10 – ја зајакнува бариерата на кожата
ПОЛИФЕНОЛИ ОД ЦРВЕНА ЖАЛФИЈА – ја смируваат кожата
JGL Pantexol маст, 25 г
Pantexol маст се употребува за третман на сува и чувствителна кожа, по нанесување на кожата создава заштитен слој, има долготрајно дејство. Има заштитно и регенеративно дејство кај механички оштетувања на кожата (гребнатини), опекотини, суви дерматози и после хируршки интервенции.
Маста се користи за заштита на нежната детска кожа во пределот на пелените
Може да им помогне и на мајките за третман на иритираната кожа околу брадавиците
Kiberg Acne out regenerativ SPF 30/30ml Kрема...
За кожа со црвени дамки и несовршености после акни
со заштитен фактор 30
Крем за корекција на црвени дамки и видливи несовршености по акните. При секојдневна употреба, кремот помага да се изедначи целокупниот тен и ја намалува склоноста на кожата кон иритација.
Обезбедува висока заштита од УВА / УВБ зраци со заштитен фактор 30, кој ги штити црвените дамки од трајно затемнување.
Има моќен ефект како антиоксиданс и ревитализирачки ефект врз кожата.
Laboratorios Babé HYDRO 24h REACTIVE SKIN Хидратантен...
Се употребува за чувствителна и/или кожа склона кон црвенило.