Прикажани 5 производи

ALOE VERA БИОАКТИВЕН ГЕЛ 100ml

299 ден

Aloe vera биоактивниот гел е наменет за регенерација на иритирана, оштетена и дехидрирана кожа, како и за дополнителна нега на здравата кожа. Овој гел ги задоволува сите основни кожни потреби, ја чува природната pH вредност на кожата, ја храни, обезбедува балансирана влажност и ѝ овозможува на кожата нормално да “дише”.

Поради своето регенерирачко и смирувачко дејство, Aloe vera гелот е ефикасен кај различни кожни промени: Иритација, инфекција, воспаленија, изгореници, акни, осипи, црвенило и првутење.

Со нанесување на гелот на кожата по сончање се спречува предвременото стареење на кожата, настанок на брчки и флеки. На кожата ѝ се враќа сјајот, влагата и еластичноста, а исончаниот тен останува сочуван значително подолго време.

Kiberg Mebo маст 40g

1,300 ден

MEBO Третман за Изгореници и Рани

MEBO е 100% природна маст. Состојките на маста се широко користени во традиционалната кинеска медицина.

MEBO мастата смирува, навлажнува и обезбедува долготрајна здрава средина за негување и промовирање на здрава кожа. Долготрајната употреба може да помогне да се подобри текстурата и изгледот на кожата.

Нанесена на кожата, MEBO мастата формира тенок слој кој ги изолира надворешните надразнувачи и ја намалува веројатноста за контаминација.

Пакување: 40 гр.

Bioderma Sensibio Defensive, 40 ml

927 ден

Sensibio Defensive е наменет за третман на чувствителна кожа. Чувствителноста на
кожата може да биде од природно или индуцирано потекло, Sensibio Defensive делува и на двата вида чувствителност.
– Првите активни смирувачки креми кои ја зајакнуваат природната самоодбрана на кожата
против агресии
– Спречуваат чувствителност поттикната од животната средина и начинот на живот
– Помагаат на кожата да ги регулира механизмите на хипер-реактивност
– Го почитуваат екосистемот на кожата

Во состав го имаат заштитниот патент DEFENSIVE ТЕХНОЛОГИЈА, иновација на BIODERMA
лабораторијата кој ја зајакнува самоодбраната на чувствителната кожа.

DEFENSIVE ТЕХНОЛОГИЈА ја сочинуваат:
КАРНОЗИН и ВИТАМИН Е – штитат од оксидација
ТЕТРАПЕПТИД-10 – ја зајакнува бариерата на кожата
ПОЛИФЕНОЛИ ОД ЦРВЕНА ЖАЛФИЈА – ја смируваат кожата

 

JGL Pantexol маст, 25 г

167 ден

Pantexol маст се употребува за третман на сува и чувствителна кожа, по нанесување на кожата создава заштитен слој, има долготрајно дејство. Има заштитно и регенеративно дејство кај механички оштетувања на кожата (гребнатини), опекотини, суви дерматози и после хируршки интервенции.

Маста се користи за заштита на нежната детска кожа во пределот на пелените
Може да им помогне и на мајките за третман на иритираната кожа околу брадавиците

Ganassini Neo Viderm Eмулзија за Kожа

872 ден

NEO VIDERM емулзија за кожа

Емулзија за кожа со заздравувачко и регенерирачко дејство, погодна за третман на:

  • Изгореници од прв и втор степен (сончеви, термални, хемиски, радијација)
  • Улцери и интертриго
  • Иритации на кожата после естетски интервенции (ласер, пилинг)
  • Mали повреди и постоперативни лузни
  • После хемиски пилинг
  • После тетоважи