Прикажани 10 производи

ALOE VERA БИОАКТИВЕН ГЕЛ 100ml

299 ден

Aloe vera биоактивниот гел е наменет за регенерација на иритирана, оштетена и дехидрирана кожа, како и за дополнителна нега на здравата кожа. Овој гел ги задоволува сите основни кожни потреби, ја чува природната pH вредност на кожата, ја храни, обезбедува балансирана влажност и ѝ овозможува на кожата нормално да “дише”.

Поради своето регенерирачко и смирувачко дејство, Aloe vera гелот е ефикасен кај различни кожни промени: Иритација, инфекција, воспаленија, изгореници, акни, осипи, црвенило и првутење.

Со нанесување на гелот на кожата по сончање се спречува предвременото стареење на кожата, настанок на брчки и флеки. На кожата ѝ се враќа сјајот, влагата и еластичноста, а исончаниот тен останува сочуван значително подолго време.

Becutan детска витаминска маст

95 ден230 ден

Маст за секојдневна нега на бебешката кожа, особено во пределот што е покриен со пелена и во пределот каде што се формираат превои.

Becutan пудра за деца 100g

120 ден

Бекутан пудра за деца против воспаленија на бебешката кожа

Becutan масло за деца

150 ден

За нега на бебешката кожа и кожата на идните мајки

 

Becutan хидратантно млеко за деца

135 ден209 ден

Млеко за тело Becutan збогатено со состојки што брзо ја рехидратираат детската кожа по капењето и ја урамнотежуваат нејзината влажност.

Bioderma Atoderm Stick levres

391 ден

Стик за нега на усни. Хидрира и смирува.
Ги прави усните меки и нежни. Со мирис на малина.

Bioderma Sensibio Defensive, 40 ml

927 ден

Sensibio Defensive е наменет за третман на чувствителна кожа. Чувствителноста на
кожата може да биде од природно или индуцирано потекло, Sensibio Defensive делува и на двата вида чувствителност.
– Првите активни смирувачки креми кои ја зајакнуваат природната самоодбрана на кожата
против агресии
– Спречуваат чувствителност поттикната од животната средина и начинот на живот
– Помагаат на кожата да ги регулира механизмите на хипер-реактивност
– Го почитуваат екосистемот на кожата

Во состав го имаат заштитниот патент DEFENSIVE ТЕХНОЛОГИЈА, иновација на BIODERMA
лабораторијата кој ја зајакнува самоодбраната на чувствителната кожа.

DEFENSIVE ТЕХНОЛОГИЈА ја сочинуваат:
КАРНОЗИН и ВИТАМИН Е – штитат од оксидација
ТЕТРАПЕПТИД-10 – ја зајакнува бариерата на кожата
ПОЛИФЕНОЛИ ОД ЦРВЕНА ЖАЛФИЈА – ја смируваат кожата

 

JGL Pantexol маст, 25 г

167 ден

Pantexol маст се употребува за третман на сува и чувствителна кожа, по нанесување на кожата создава заштитен слој, има долготрајно дејство. Има заштитно и регенеративно дејство кај механички оштетувања на кожата (гребнатини), опекотини, суви дерматози и после хируршки интервенции.

Маста се користи за заштита на нежната детска кожа во пределот на пелените
Може да им помогне и на мајките за третман на иритираната кожа околу брадавиците

Innova Med OLIOVITA балзам за усни и...

389 ден

Заштита, хидратација и регенерација на усните и носот благодарение на ексклузивните состојки.

Негува, регенерира и ги штити сувите и испукани усни, како и иритираниот нос, благодарение на регенеративната функција и видливо придонесува за здрава кожа.

Екстракт од масло од Волчји трн (Sea buckthorn oil): навлажнува и промовира регенерација и заштита на усните и носот. Антибактериско дејство заради присуството на линоленска и олеинска киселина.

Екстракт од Алое вера: антиинфламаторно и антиоксидативно дејство благодарение на неговите фенолни соединенија. Исто така, има антибактериско и антифунгално дејство.

Хијалуронска киселина: придонесува за регенерација на кожата и го забрзува процесот на заздравување на микро-раните. Има тројно дејство: подмачкува, навлажнува и хидрира.

Екстракт од Centella Asiatica: антиинфламаторно, антиоксидантно и хидрирачко дејство.

Дерматолошки тестирано.

URIAGE Xémose Крем против иритација

860 ден1,525 ден

Емолиентна крема наменета за нега на сува и многу сува кожа. Обезбедува хидратација и заштита на сувата кожа. Ја обновува хидролипидната бариера и има смирувачко дејство. Ја стимулира природната одбрана на организмот. Намалува нелагодност и чешање. Смирува и ја враќа природната заштита на кожата. Наменета е за бебиња, деца и возрасни. Без парабени, без сапуни, хипоалергена и со физиолошки Ph.