Прикажани 4 производи

ALOE VERA БИОАКТИВЕН ГЕЛ 100ml

299 ден

Aloe vera биоактивниот гел е наменет за регенерација на иритирана, оштетена и дехидрирана кожа, како и за дополнителна нега на здравата кожа. Овој гел ги задоволува сите основни кожни потреби, ја чува природната pH вредност на кожата, ја храни, обезбедува балансирана влажност и ѝ овозможува на кожата нормално да “дише”.

Поради своето регенерирачко и смирувачко дејство, Aloe vera гелот е ефикасен кај различни кожни промени: Иритација, инфекција, воспаленија, изгореници, акни, осипи, црвенило и првутење.

Со нанесување на гелот на кожата по сончање се спречува предвременото стареење на кожата, настанок на брчки и флеки. На кожата ѝ се враќа сјајот, влагата и еластичноста, а исончаниот тен останува сочуван значително подолго време.

Becutan масло со лаванда – 200ml

150 ден

Збогатено со природно масло од лаванда по потекло од хрватскиот остров Хвар – традиционално познат како извор на едно од најквалитетните масла од лаванда – новото масло Becutan не содржи парфеми, а неговиот благопријатен смирувачки мирис е резултат единствено на внимателно одбраната комбинација од ароматични компоненти.

Употребата на маслото Becutan со лаванда при блага масажа по вечерното капење ќе придонесе за уште помирен сон на најмалите, чија кожа ќе ги задржи мекоста и нежниот мирис со смирувачко дејство и во текот на спиењето.

Новото масло Becutan е одличен избор и при масажи за опуштање кај возрасните, како еден од сè попопуларните начини за ослободување од секојдневниот замор и стрес.

Rilastil Difesa Sterile Cream 50ml

996 ден

Стерилната крема Rilastil Difesa Sterile Cream е особено индицирана за луѓе кои страдаат од чувствителна и реактивна кожа.
Поради заштитното, омекнувачко, смирувачко и навлажнувачко дејство, го фаворизира обновувањето на хидролипидната бариера на кожата, намалувајќи го чешањето, чувството на печење и други слични ситуации.
Кога кожата е многу реактивна и покажува предиспозиција за алергиски реакции или нетолеранција на козметика, важно е да се избере вистинскиот кожно-козметички третман.

HELENVITA – Дневна крема против брчки, СПФ25...

2,100 ден

Дневна крема против брчки со СПФ 25, за секој тип на кожа

Дневна крема против брчки со СПФ 25 за сите видови на кожа. Дејствува против предвремено стареење и
фотостареење. Збогатената формула го помага обновувањето на клетките, ја зголемува еластичноста и ја
затега кожата, видно ги измазнува фините линии и брчки.
Иновативната состојка добиена од матичните клетки од Јаболко ја зголемува отпорноста на здравите клетки во кожата, а Силанолот ја подобрува конзистентноста и структурата на кожата. Екстрактот од копар добиен преку протеинот ЛОХЛ го поттикнува создавањето на еластин и 3д структурата на кожата, што резултира сопоголема еластичност и целосно подмладување. Спојот на Хијалуронска киселина, Арганово масло и Витамин Е, ја храни и хидрира кожата, и нуди антиоксидативна заштита.