Прикажани 3 производи

ALOE VERA БИОАКТИВЕН ГЕЛ 100ml

299 ден

Aloe vera биоактивниот гел е наменет за регенерација на иритирана, оштетена и дехидрирана кожа, како и за дополнителна нега на здравата кожа. Овој гел ги задоволува сите основни кожни потреби, ја чува природната pH вредност на кожата, ја храни, обезбедува балансирана влажност и ѝ овозможува на кожата нормално да “дише”.

Поради своето регенерирачко и смирувачко дејство, Aloe vera гелот е ефикасен кај различни кожни промени: Иритација, инфекција, воспаленија, изгореници, акни, осипи, црвенило и првутење.

Со нанесување на гелот на кожата по сончање се спречува предвременото стареење на кожата, настанок на брчки и флеки. На кожата ѝ се враќа сјајот, влагата и еластичноста, а исончаниот тен останува сочуван значително подолго време.

URIAGE BARIÉDERM REPAIRING CICA CREAM со Cu-Zn...

610 ден

За дневна нега на оштетена и иритирана кожа. Наменета за гребнатинки, осипи, убоди од инсекти, мали лезии, после депилација, после тетовирање, површински изгореници на кожа. Ја смирува и обновува кожата на лицето и телото. Ја штити кожата од надворешни влијанија. Поттикнува обновување на кожата. Смирува и прочистува. Без парабени, без парфеми, без сапуни , хипоалергени.

AFTERBITE крем за после убоди 45ml

253 ден

Состав:
Кремот за прва помош е природна формулација со екстракт од алое, екстракт од чајно дрво, масло од гераниум, екстракт од Хамамелис, витамин Е, масло од невен и маслиново масло.

Употреба:
Препорачано:
– по каснувања од инсекти и убоди од медуза,
– за воспаление на кожата предизвикано од прекумерно сончање,

Пакување: 45ml