Прикажани 5 производи

ALOE VERA БИОАКТИВЕН ГЕЛ 100ml

299 ден

Aloe vera биоактивниот гел е наменет за регенерација на иритирана, оштетена и дехидрирана кожа, како и за дополнителна нега на здравата кожа. Овој гел ги задоволува сите основни кожни потреби, ја чува природната pH вредност на кожата, ја храни, обезбедува балансирана влажност и ѝ овозможува на кожата нормално да “дише”.

Поради своето регенерирачко и смирувачко дејство, Aloe vera гелот е ефикасен кај различни кожни промени: Иритација, инфекција, воспаленија, изгореници, акни, осипи, црвенило и првутење.

Со нанесување на гелот на кожата по сончање се спречува предвременото стареење на кожата, настанок на брчки и флеки. На кожата ѝ се враќа сјајот, влагата и еластичноста, а исончаниот тен останува сочуван значително подолго време.

Bioderma Sensibio Defensive, 40 ml

927 ден

Sensibio Defensive е наменет за третман на чувствителна кожа. Чувствителноста на
кожата може да биде од природно или индуцирано потекло, Sensibio Defensive делува и на двата вида чувствителност.
– Првите активни смирувачки креми кои ја зајакнуваат природната самоодбрана на кожата
против агресии
– Спречуваат чувствителност поттикната од животната средина и начинот на живот
– Помагаат на кожата да ги регулира механизмите на хипер-реактивност
– Го почитуваат екосистемот на кожата

Во состав го имаат заштитниот патент DEFENSIVE ТЕХНОЛОГИЈА, иновација на BIODERMA
лабораторијата кој ја зајакнува самоодбраната на чувствителната кожа.

DEFENSIVE ТЕХНОЛОГИЈА ја сочинуваат:
КАРНОЗИН и ВИТАМИН Е – штитат од оксидација
ТЕТРАПЕПТИД-10 – ја зајакнува бариерата на кожата
ПОЛИФЕНОЛИ ОД ЦРВЕНА ЖАЛФИЈА – ја смируваат кожата

 

JGL Pantexol маст, 25 г

167 ден

Pantexol маст се употребува за третман на сува и чувствителна кожа, по нанесување на кожата создава заштитен слој, има долготрајно дејство. Има заштитно и регенеративно дејство кај механички оштетувања на кожата (гребнатини), опекотини, суви дерматози и после хируршки интервенции.

Маста се користи за заштита на нежната детска кожа во пределот на пелените
Може да им помогне и на мајките за третман на иритираната кожа околу брадавиците

Elpha Pharm Element Anti-age тоник за лице...

890 ден

Anti age тоникот за лице со змиски отров одлично ја тонизира и хидратизира кожата, го враќа чувството на свежина и ја подготвува Вашата кожа за следните чекори за нејзина нега. Тонизирањето на кожата е важен чекор од Вашата дневна рутина за нега на кожа кој често знаеме да го занемариме. По отстранувањето на шминката за да се врати природната pH вредност на кожата која е природна заштита на кожата од микроорганизмите задолжително е да се нанесе тоник, пред да се нанесат останатите производи за нега. Со тоникот ние ја подготвуваме кожата за следните чекори од нашата дневна рутина.

 

Laboratorios Babe Super Fluid Color Sunscreen SPF...

1,390 ден

Висока заштита од сонце на лицето со боја и суперфлуидна текстура. Погоден за сите типови кожа, дури и за најчувствителните.