Прикажани 4 производи

JGL Pantexol лосион, 200 мл

404 ден

Pantexol лосионот се користи за нега на нормална кожа, заштита и регенерација на сува и оштетена кожа.

Особено е погоден во летниот период после сончање и по депилација. Практичен е за примена на поголема површина на кожата, бидејки има апликатор и се нанесува во облик на спреј.

 

JGL Pantexol крема, 25g

167 ден

Главна компонента во Pantexol е D-panthenol (витамин Б5), кој е одговорен за заздравување на оштетената кожа и ја одржува оптималната влажност на кожата.

Pantexol кремата се употребува за зараснување на лузни, третман на механички оштетувања на кожата (гребнатини), опекотини, влажни дерматози, за заштита на детската чувствителна кожа како и за нега на чувствителна кожа кај возрасните.

 

MERZ Специјал 60 дражеи

773 ден

Merz Spezial дражеите се додаток на исхрана кој нуди оптимално ниво на витамини и антиоксиданси кои ги штитат клетките од оштетувања предизвикани од слободните радикали.

  • Витамин Б2, витамин Б6, витамин Б12, витамин А, витамин Ц и цинкот придонесуваат во одржување на здрава кожа
  • Витамин А и биотинот во Мерц дражеите придонесуваат за одржување на здрава коса
  • Цинкот кој се содржи во Мерц дражеите придонесува во одржување на здрави нокти

 

Состав:

2 дражеи (препорачана дневна доза) содржат:

Витамин Ц120 мг
Ниацин30 мг
Витамин Е13.4 мг
Витамин Б63.2 мг
Витамин Б22.6 мг
Витамин А800 мкг
Витамин Б122 мкг
Витамин Б12.4 мг
Фолна киселина400 мкг
Пантотенска киселина8 мг
Железо5 мг
Цинк5 мг

Останати состојки: лактоза моно-хидрат, микрокристална целулоза (E460), магнезиум оксид (E530), магнезиум стеарат (E470b), силициум-диоксид, сахароза, талк (E553b), титаниум (IV) диоксид, арапска гума (E414), шелак (E904),глукозен сируп, полисорбат 80 (E433), восок карнауба (E903), белпчелен восок (E901), боја сиковитцрвено (E172) и индиготин ZL T2 (E132).

Употреба: за деца над 12 години и возрасни, се препорачува да не ја надминуваат дозата од 1 таблета 2 пати на ден.

URIAGE BARIÉDERM OINTMENT FISSURES CRACKS 40g

1,020 ден

За оштетена и иритирана кожа.