Прикажани 10 производи

Arboreal COLLAGEN – BOVINE MATRIX OF NATURAL...

2,500 ден

ИДЕАЛНА МАТРИЦА СОСТАВЕНА ОД ТИП 2 И ТИП 1 КОЛАГЕН
Peptan® матрикс колаген e 100 % колагенски (хидролизиран) пептид без никакви додатоци, произведен по француска технологија.

Колагенот е клучна компонента на нашите зглобови, тетиви и на коските. Зглобната ‘рскавица првенствено се состои од колагенски влакна, тип 2, кои придонесуваат за структурата и силата на нашите зглобови. Нашите тетиви, каде што колагенот е клучна компонента, се силни фиброзни сврзни ткива кои ги поврзуваат мускулите со коските. Колагенот е подеднакво важен за коските, тој сочинува 90 % од органската коскена маса и опфаќа голем дел од нашата кожа, заби, тетиви, лигаменти, васкуларната лигатура и органи. Како што старееме, нашите тела почнуваат природно да произведуваат помалку колаген.

Peptan® Iim, ги стимулира хондроцитите, или клетките на ‘рскавицата, да произведуваат дополнителен агрекан (аggrecan) и колаген тип 2, двете главни компоненти на здравите зглобови. Агреканот е голема молекула на протеогликан која собира течност и ѝ дава на ‘рскавицата уникатни својства, еластичност, флексибилност и отпорност на притисок. Со возраста, способноста на телото да синтетизира нов агрекан се намалува, а кога се разградува од одредени ензими, се јавува остеоартритис.

Биоактивните колагенски пептиди на Peptan® Iim колаген тип 2 и Peptan® колаген тип 1 го поддржуваат природното производство на колаген во Вашиот организам со тоа што го поттикнуваат Вашето тело да ја зголеми сопствената синтеза на колаген.

Со своите наномолекули, брзо и лесно продира до целните ткива: кожата, коските, забите, тетивите, лигаментите, ‘рскавицата, итн., каде што му дава знак на телото да го произведува соодветниот тип на колаген.

DOC Коензим Q10 со биотин и витамин...

520 ден

Висококвалитетен додаток во исхрана кој содржи Коензим Q10 (CoQ10), збогатен со Витамин Б6 и Биотин.

Arboreal Collagen Bovine Peptan®говедски колаген тип 1

1,900 ден

Peptan® говедски колаген е тип 1, 100 % колагенски (хидролизиран) пептид без никакви додатоци, произведен по француска технологија.

Тип 1 е најчестиот тип на колаген, кој сочинува и до 90 % од органската коскена маса и опфаќа голем дел од нашата кожа, заби, тетиви, лигаменти, васкуларна лигатура и органи.

Биоактивните колагенски пептиди на Peptan® говедски колаген тип 1 го поддржуваат природното производство на колаген во Вашиот организам со тоа што го поттикнуваат Вашето тело да ја зголеми сопствената синтеза на колаген.

Со своите наномолекули брзо и лесно продира до целните ткива: кожата, коските, забите, тетивите, лигаментите, итн.

GELITA HEALTH QYRA

2,350 ден

QYRA – INTENSIVE CARE COLLAGEN

За редукција на брчки и спречување на создавање нови.
Зголемување на хидратацијата и еластичноста на кожата.

Една кутија се состои од 21 ампула.

Arboreal COLLAGEN – WILD MARINE

2,300 ден

ШТО ТРЕБА ДА ЗНААТ ПОТРОШУВАЧИТЕ ЗА МОРСКИТЕ КОЛАГЕНСКИ ПЕПТИДИ
Здравствените придобивки од колагенските пептиди се познати со векови. Во последниве години, пронајдени се сѐ повеќе докази за нивната поддршка за убавината на кожата и косата, здравјето на зглобовите и коските и закрепнувањето во спортот.

КАКО СЕ СОЗДАВА МОРСКИОТ КОЛАГЕН?
Морскиот колаген се добива од кожата на рибите што живеат во океаните (див улов).

Откако ќе се отстрани месото од рибата, нејзините органи се чистат и се врши екстракција на колагенот.

ШТО СЕ МОРСКИ КОЛАГЕНСКИ ПЕПТИДИ?
Морските колагенски пептиди се добиваат со хидролизација на морскиот колаген.

Хидролизацијата значи дека долгите синџири на молекулите на колагенот се разложуваат на пократки нишки, кои полесно се апсорбираат во нашиот организам.

Морскиот колаген е класифициран како колаген од Тип 1. Колагенот тип 1 е најзастапената форма на колаген во телото и се наоѓа во тетивите, лигаментите, кожата, коските, забите, косата и ноктите.

КАДЕ СЕ ВКЛОПУВА PEPTAN МОРСКИ КОЛАГЕН ВО ПРИКАЗНАТА ЗА ОДРЖЛИВИ МОРСКИ КОЛАГЕНСКИ ПЕПТИДИ?
Денес постојат многу различни колагенски пептиди на пазарот, но не сите колагенски пептиди се направени на ист начин или со иста грижа за нашата планета. Во Арбореал како партнер на Руселот, сакаме да бидеме сигурни дека нашите производи се со врвен квалитет и дека позитивно влијаат на планетата и на општеството. Ја споделуваме и поддржуваме визијата на Советот за морско управување за океаните (МSC): „Овозможување на живот за оваа и идните генерации и за заштита не само на рибниот фонд туку и на океанските живеалишта, крајбрежните рибарски заедници и економиите. Рибите што се искористени за добивање на Peptan® морски колаген се диви риби што живеат во океаните и се ловат исклучиво преку одржливи риболовни практики, сертифицирани од страна на MSC.

ЗОШТО ДА КОРИСТИТЕ МОРСКИ КОЛАГЕН?
Телото има извонредна способност да произведува сопствен колаген – протеин кој ѝ дава на кожата еластичност и густина. Сепак, синтезата на колаген (процесот на комбинирање на различни аминокиселини и компоненти за создавање нов колаген) опаѓа како што старееме.

Се смета дека морскиот колаген го поддржува Вашето природно производство на колаген, со тоа што го поттикнува Вашето тело да ја зголеми сопствената синтеза на колаген.

DOC Aloe Vera 250ml

635 ден

Додаток на храна базиран на Органски Алое Вера гел (barbadensis miller) со 99,7% чистота на алое вера гел и висока концентрација (200:1) 100% алое вера гел во секоја доза, збогатен со витамин Е, Цинк и Биотин. За сјајна коса и нокти и силен имунолошки систем.

Без додаден шеќер со Стевија
Без алоин
Со вкус на лимон
Погоден за вегани
Пакување 250ml

Dr. Nature Колаген бјути, 75 гр

1,020 ден

Додаток во исхрана растворлива формула за убава кожа, коса и нокти!
30 дневни дози

PIERRE CARDIN OLIVE CARE ЛОСИОН ЗА ТЕЛО,...

429 ден

Pierre Cardin Olive Care е збогатен со масло од Арган како и со активни навлажнувачки состојки. Лосионот за тело ја храни вашата кожата и помага да и ја обезбеди потребната влажност. Интензивна нега и заштитаза вашата кожа.

Anti-age крем за лице со алое вера...

1,515 ден

Anti-age кремот co 50%  Алое Вера за лице ја потхранува и смирува зрелата кожа, ги измазнува брчките и ја спречува појавата на нови.

Anti-age кремот за лице ја потхранува и смирува зрелата кожа, ги измазнува брчките и ја спречува појавата на нови. Кремот има мека и свиленкаста текстура, совршено се апсорбира без да остава масни траги. Формулата изобилува со внимателно селектирани растителни компоненти кои ја хидратираат и ја заштитуваат кожата, ја спречуваат појавата на брчки и флеки, го изедначуваат тенот и ја враќаат еластичноста на кожата.

Equilibra Anti- age серум за лице со...

1,700 ден

Серум со 50% чист Алое Вера кој ја изедначува кожата на лицето и и го враќа природниот сјај и здрав изглед.

Кадифен, немасен и лесно апсорбирачки серум кој ја изедначува кожата на лицето и и го враќа природниот сјај и здрав изглед. Природните состојки содржани во формулата, споени во синергиска мешавина со хијалуронска киселина со диверзифицирана молекуларна тежина, обезбедуваат комплексен третман против брчките и другите траги на времето.