Прикажани 3 производи

EUCERIN Ph5 Крем за раце, 75 мл

430 ден

Кремот за раце е специјално формулиран за да ја направи сувата и чувствителна кожа на рацете поотпорна и да ја заштити од исушување. Уникатниот pH баланс-систем на Eucerin содржи pH5 цитратен пуфер за да ја обнови и одржи рН на кожата.

Формулата содржи и декспантенол, активна состојка позната по своето регенеративно дејство и способноста да го забрзува заздравувањето на раните. Пантенолот ја обновува природната заштита на кожата и ја намалува нејзината чувствителност.

Кремот за раце помага да се намали загубата на влага и да се заштити кожата од иритација.

Користете го толку често, колку што е неопходно за мека и нежна кожа.

Пакување: 75 мл

EUCERIN UreaRepair Plus 10% Urea Лосион за...

1,210 ден

Лосионот за тело со 10% уреа содржи уникатна и високоефикасна комбинација од состојки кои природно се наоѓаат на кожата и влијае на неколку клучни фактори што доведуваат до сувост на кожата:

Уреата и другите природни хидратантни фактори (NMF) ја задржуваат водата и така ги хидрираат горните слоеви на кожата.

Серамид-3 ја зајакнува природната бариера на кожата, ја намалува загубата на влага поради испарување и ги блокира иритансите коишто можат да предизвикаат воспаление и јадеж.

Глуко-глицеролот ја активира мрежата од природни канали во клеточните мембрани во подлабоките слоеви на кожата и со тоа овозможува поголема количина на вода да стигне до надворешните слоеви и да обезбеди долготрајна хидратација.

Пакување: 400 мл

EUCERIN Hyaluron-Filler + Volume Lift Крем за...

1,688 ден

Eucerin Hyaluron Filler + Volume Lift Кремот за нега на кожата околу очите е наменет за секој тип на кожа. Со помош на трите активни состојки коишто делуваат на различните слоеви на кожата, тој делува против отпуштањето на кожата предизвикано од загуба на обемот, особено во деликатната зона околу очите.

Клинички тестираната формула помага за обновување и затегнување на кожата во пределот околу очите.

Добиениот по природен пат магнолол, ги зголемува големината и бројот на клетките коишто го даваат обемот* на кожата, а олигопептидите ги зајакнуваат дeрмалните врски и ја стимулираат синтезата на колаген*, со што помагаат да се спречи појавувањето на нови фини линии.

Хијалуронската киселина делува на површината на кожата. Таа ја зголемува задршката на вода и помага за измазнување на линиите предизвикани од дехидрирање, коишто вообичаено се појавуваат на надворешниот агол на очите.

СПФ15 и УВА филтерот ја заштитуваат кожата од фотостареење.

Офталмолошки тестиран, некомедоген, не содржи парабени, мирис, алкохол или вештачки бои.

*Ин витро проучувања.

Пакување: 15 мл