Прикажување еден резултат

Black Up Антипигментен крем SPF 50

799 ден

Кремот Black up со заштитен фактор 50 и со антипигментен ефект, кој е наменет за дневна нега, овозможува висока заштита на кожата од штетното УВ-зрачење при секојдневното изложување на сонце, особено во летниот период. Комплексната формулација на кремот се заснова на употреба на висококвалитетни фотостабилни хемиски УВ-филтри со широк спектар на дејство, кои ги апсорбираат сончевите УВА- и УВБ-зраци. Моќниот комплекс од активни состојки, меѓу кои нијацинамидот и екстрактот од алое вера, помага во намалувањето на големината на пигментните дамки и во спречувањето појава на нови.