Производи на попуст. Овде можете да најдете производи по намалени цени како и производи намалени заради нивниот пократок рок. Напомена: производите со краток рок се соодветно означени, останатите се намалени заради редовните акции кои ги правиме. Сите производи се достапни за онлајн нарачка со бесплатна достава.
Zabolex капки против забоболка
ЗАБОЛЕКС® капки против забоболка се дентален препарат составен од природни активни компоненти кои делуваат локално антисептично и локално анестетично во кавитетот на забите што се должи на фенолните и кетонските врски.
Етеричното масло од каранфилче делува силно бактериостатски и има изразено локално аналгетично дејство.
Природниот камфор делува антисептично и благо смирувачки подобрувајки ја циркулацијата во коренотна забот и смирувајќи ја болката во забите, давајки чуство на ладење.
Чај од Жалфија
Чај од жалфија за лекување габни и стомачни заболувања.
Жалфијата содржи етерско масло, танини, горчливи материи, пикросалвин, флавоноиди, смола, органски киселини, витамин Ц, цинеол, пинен, салвен и др.
Таа има антисептичко, експекторантно, стомахично, андидијафоретично и други дејства.
Како се употребува
Се употребува како лек против габни и стомачни заболувања, средство за искашлување и разводнување на шлајм од бели дробови и организмот, ги омекнува и отстранува секретите од воспалени слузници.
Се користи против Бронхит, Трахеит, Ларингит, Фарингит Грип и Настинки, како и против воспаленија на дишни органи, устата и грлото.
Една супена лажица се прелева со 0,5 л, жешка вода се остава да отстои 30 до 60 минути.
Се процедува и се пие два до три пати по 150 мл. Истото се користи и за гаргара. Може да се засладува со мед и лимон.
Жалфијата може да се користи во комбинација со други чаеви и чајни комбинации како што се Урино Микс, Хепато Микс, Феми микс и слично.